Бундеслигата е најелитната фудбалска лига во Германија. Тука играат дел од најдобрите екипи во Европа, вклучувајќи ги Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Баер Леверкузен и Ајнтрахт Франкфурт.

Покрај возбудливиот фудбал, оваа лига е позната по своите навивачи и фантастичната атмосфера која тие ја креираат на секој натпревар. Тука не спаѓа само гласното навивање, туку и уникатните кореографии кои ги спремаат официјалните навивачки групи. Еден добар пример за ова е познатиот Жолт Ѕид на Борусија Дортмунд.
Тимовите на германската најелитна лига имаат и уникатно присуство на социјалните мрежи. Тие не се плашат да објавуваат шеги на своја сметка или на сметка од нивните ривали. Овој неконвенционален пристап ја доближува лигата до самите фанови на спортот и им дава плус причина да ја пратат.
Германската Бундеслига брои 18 тима, што е помал број во споредба со другите популарни лиги во Европа. Стандардната бројка е 20, но оваа лига оди малку под просекот. Првите четири тимови обезбедуваат место во Лигата на Шампионите. Петтопласираната екипа обезбедува пласман во Европа Лигата, а шестопласираната екипа во Конференциската Лига.
Последните две екипи испаѓаат во втората германска лига, а екипата на 16-то место игра плејоф за испаѓање. Со оглед на тоа дека вкупниот број на тимови во Бундеслигата е помал, помал е и бројот на натпревари кои го играат во една сезона.
Додека поголе број лиги имаат 38 натпревари во една сезона, Бундеслигата има 34. Екипата која е најодликувана е Баерн Минхен со над 30 лига титули. Нирнберг, Борусија Дортмунд, Шалке 04 и Хамбургер СВ (ХСВ) се во топ 5.
Доколку вашиот омилен тим доаѓа од оваа лига, можете да ги користете нашите статистики и анализи за да останете во тек со најновите случувања. Scatter.mk е платформа која ви дава детален приказ до вчерашните натпревари во Бундеслигата, натпреварите кои треба да се одржат денес, како и натпреварите кои се на распоред за утре.
Не само тоа, туку и самата страница посветена на Бундеслигата ви дава ажуриран поглед до моменталната табела. Нашиот тим константно ги внесува најновите податоци. Табелата ја прикажува моменталната позиција на вашиот омилен тим и неговата форма во последните натпревари.
Тука можете да имате и увид во бројот на изиграни натпревари, број на победи, изгуби и нерешени. Покрај моменталните бодови, нашата Бундеслига табела ги прикажува и бројот на дадени и примени голови.
Информациите на официјалната страна на Scatter.mk за Бундеслигата ќе ве доближат до вашиот омилен тим. Доколку сте фан на спортско обложување, можете да ги користете нашите статистики за да добиете подобра слика околу моменталната форма на одреден тим од Бундеслигата. Тие ќе ви помогнат да донесете едуцирана одлука, но запамтете дека ниту една статистика не ви гарантира победа.
Scatter.mk не бара никакви информации од вас кога ги користете нашите услуги. Од вас не бараме да регистрирате профил. Сè што нудиме е тотално бесплатно. Вие само треба да имате стабилна интернет конекција кога ја разгледувате нашата страница.
Доколку вашиот тим од Бундеслигата игра во моментот кога ја разгледувате нашата страница, можете слободно да ја посетете секцијата за резултати во живо. Тука даваме приказ на сите натпревари кои моментално се играат.
Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter СловачкаНие користиме колачиња за да ви го обезбедиме најдоброто искуство на нашата веб-страница.