Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

WorldCat

Од Википедија — слободната енциклопедија
WorldCat
Вид место
каталог и заедница
СедиштеХонгконг
Адресаworldcat.org
Комерцијалнода
Зачленувањебесплатна

WorldCat е заемен каталог каде се заведени збирките на 72.000библиотеки од 170 земји и територии[1] што учествуваат во глобалната задругаOCLC. Неговата изградба и одржување ја вршат сите членки заеднички.

Историја

[уреди |уреди извор]

Каталогот е создаден во 1971 и денес содржи над 246 милиони записи кои се однесуваат на над 1,77 милијарди физички и дигитални материјали на повеќе од 470 јазици.[1] Со тоа, ова е најголематабиблиографскабаза на податоци на светот. OCLC го нуди WorldCat бесплатно на библиотеките, но каталогот е основа и за други бесплатни услуги на OCLC (како споделување на ресурси и раководење со збирки). Организацијата е основана во 1967 од американскиот библиотекар Фред Килгур во 1967.[2]

Во 2003, OCLC го започнале пилотниот програм „Open WorldCat“, со кој записите од WorldCat во скратен облик им се нудат мрежни места и книгопродажни претпријатија, сè со цел да ја зголеми достапноста на збирките на библиотеките-членки. Во 2006 е пуштено во употреба непосреднотопребарување на самото мрежно место на WorldCat. Во 2007 е воведена услугата „WorldCat Identities“, каде се нудат страници од над 20 милиони „идентитети“, претежно автори и лица од објавените наслови.

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. 1,01,1„Факти и статистики за WorldCat“.OCLC. 2011. Посетено на 6 ноември 2011.(англиски)
  2. Маргалит Фокс (2 август 2006).„Почина иновативниот библиотекар Фредерик Г. Килгур на возраст од 92 години“.New York Times. Посетено на 22 декември 2009.(англиски)

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=WorldCat&oldid=4247142
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp