Твитер[5] (англиски:Twitter), во јули 2023 година ребрендиран воX[6] —мрежно место во сопственост и управуванa од американската компанија X Corp., како наследник на Twitter Inc, која нуди услуга задруштвено вмрежување имикроблогирање, овозможувајќи им на своите корисници да праќаат текстуални пораки, слики и видеа - наречени „твитови“ (англ.tweets).[7][8] Регистрираните корисници можат да објавуваат твитови, но и да „ретвитуваат“ твитови од други корисници како и да испраќаат директни пораки на други регистрирани корисници. Објавените твитови се јавно видливи, но сепак испраќачите можат да го ограничат праќањето на пораките на нивните претплатници. Корисниците можат да следат други корисници.
Твитер бил основан одЏек Дорси, Ноа Глас, Биз Стоун и Еван Вилијамс во март2006 година и бил лансирање во јули 2006 година. Седиштето на нејзината поранешна матична компанија, Twitter, Inc., било воСан Франциско, САД и имала преку 25 канцеларии ширум светот.[9] Twitter има стекнато популарност низ целиот свет и на почетокот од 2019 имал повеќе од 330 милиони месечни активни корисници.[10] Понекогаш Twitter се нарекува и „СМС на интернетот“.[11]
На 27 октомври 2022 година, бизнис магнатотИлон Маск го купил Твитер за 44 милијарди американски долари, со што стекнал контрола врз платформата.[12][13][14][15] По купувањето, платформата била критикувана поради сѐ поголемиот број на твитови кои содржат говор на омраза.[16][17] Во јули 2023 година, Маск објавил дека Twitter ќе биде ребрендиран во X и дека неговото лого со сина птица нема повеќе да се употребува.[18][19]