Tor (кратенка заThe Onion Router)[3] е систем кој има за цел да овозможианонимност на интернет. Клиентскиот софтвер Tor го насочува интернет-сообраќајот преку светска доброволна мрежа од опслужувачи за да се скрие локацијата на корисникот или употребата од некој што врши надзор над мрежата или анализа на сообраќајот. Користењето на Tor уште повеќе го отежнува следењето на активности преку интернет, вклучувајќи ги и „посетите на мрежни места, постови на интернет, инстант-пораки и други форми на комуникација“ до корисникот и има за цел да ги заштити личната слобода и приватноста на корисниците, како и способноста да водат доверлива дејност чувајќи ги од надзор нивните активности на интернет.
„Onion Routing“ (насочување во слоеви) се однесува на слоевитата природа на сервисот за шифрирање: првобитните податоци се шифрираат и ре-шифрираат неколкупати, а потоа се испраќаат преку сукцесивни Tor релеи, од кои секој дешифрира по еден „слој“ на енкрипција пред податоците да се пренесат до следниот релеј и, во крајна линија, до неговото одредиште. Ова ја намалува можноста оригиналните податоци да се дешифрираат или разберат при нивното пренесување.[4]
Клиентот Tor е слободен софтвер и користењето на мрежата на Tor е бесплатно.
Од 2021 година, мрежно место го обвинува ТОР дека не е веќе безбеден, тврдејќи дека владите можат да го скршат.[5]
Во март 2011 година, Фондацијата Слободен Софтвер на проектот Tor му ја додели Наградата за 2010 за проекти од општествен интерес врз основа на следново: „Користејќи слободен софтвер, Tor им овозможи на околу 36 милиони луѓе од целиот свет да ја искусат слободата на пристап и изразување на интернет, имајќи контрола врз својата приватност и анонимност. Неговата мрежа се покажа како клучна за дисидентските движења во Иран и неодамна во Египет“.[6]
Tor има за цел да ги сокрие идентитетите на неговите корисници и нивната активност на интернет од надзор и анализа на сообраќајот со одвојување на идентификацијата и насочувањето. Тоа подразбиранасочување во слоеви, со кое комуникациите се шифрираат и пренасочуваат по случаен избор преку мрежата на релеи со која управуваат волонтери од целиот свет. Овие „кромидски“ насочувачи користат шифрирање со повеќе слоеви (оттука и метафората со кромидот) за да се обезбеди совршена тајност при проследувањето помеѓу релеите, на тој начин обезбедувајќи им на корисниците анонимност на нивната мрежна локација. Таа анонимност го опфаќа и вдомувањето содржината отпорна на цензура преку функцијата за анонимна скриена услуга. Покрај тоа, со одржување на тајноста на некои од влезните релеи („bridge“ релеи), корисниците можат да ја избегнат цензурата на интернет која се потпира врз блокирање на јавните Tor релеи.
Бидејќи интернет-адресите на испраќачот и на примачот не се во cleartext во кој било дел од патот, некој што прислушува во која било точка по должината на комуникацискиот канал, истите не може директно да ги идентификува. Исто така, на примачот му се чини дека последниот Tor јазол (излезниот јазол) е всушност оној од кој потекнува комуникацијата, наместо од испраќачот.
На 22 октомври 2019 година излезе финалното стабилно издание на верзија 9[9] на прелистувачот Tor и инсталационите податотеки на македонски јазик оттогаш се достапни за преземање.
Македонија е прва држава од Балканот која го има преведено Tor, а 31. во светот.[10]
СпоредCNET, функцијата на Tor за анонимност e „поддржана од фондацијатаElectronic Frontier Foundation и други групи за граѓански слободи, како метод за информаторите и работниците за човекови права да комуницираат со новинарите“. Системите за анонимизирање како Tor, понекогаш се користат за работи кои се, или можат да бидат, нелегални во некои земји, на пример, Тор може да се користи за да се добие пристап до цензурирани информации, да се организираат политички активности[11], или да се заобиколат законите против критикување на шефови на држави. Tor, исто така, може да се користи за анонимно клеветење, неовластено протекување на чувствителни информации, како и за кршење на авторските права, за дистрибуција на нелегална сексуална содржина[12][13][14], за продажба на контролирани супстанции[15], перење пари[16], измами со кредитни картички и кражба на идентитет; црниот пазар кој ја експлоатира инфраструктурата на Tor работи, барем делумно, во спрега со Bitcoin[17], а самиот Tor се користеше од страна на криминални групи, групи за хактивизам (како што еAnonymous) и полициски агенции за разни цели, понекогаш и истовремено.[18][19]