| The xx | |
|---|---|
The xx настапуваат на фестивалот Илозаарирок воЈоенсу, Финска, во 2012 година. Од лево кон десно.Роми Медли Крофт, Џејми хх и Оливер Сим. | |
| Животописни податоци | |
| Потекло | Вандсворд,Лондон, Англија |
| Жанрови |
|
| Период на активност | 2005–денес |
| Издавачи | |
| Мреж. место | thexx.info |
| Членови | |
| |
| Поранешни членови | |
| Барија Куреши | |
The xx (транскрипција: екс-екс) ― англискaинди-рок група од Лондон, основана во 2005 година.[1] Групата е составена од Роми Медли Крофт (гитара и пејач), Оливер Сим (бас-гитара и пејач) и Џејми Смит, познат и како Џејми екс-екс (битови и диск-продукција). Порано членувал и Барија Куреши (клавијатури и гитара). Групата е препознатлива по специфичниот минималистички звук кој содржи елементи на инди-рок,инди-електроника, инди-поп, дрим-поп и електро-рок.
Групата ја основале Медли Крофт и Сим откако се запознале додека учеле во училиштето „Елиот“; Барија Куреши им се приклучил истата година, а Смит следната година. Тие објавиле демо-снимки на нивната страница наМајспејс и го привлекле вниманието на издавачката куќа Young Turks (денес Young) во сопственост на групата Beggars. Групата го издала првиот албум,xx, во август 2009 година. Албумот бил успешен и стигнал до трето место натоп-листата за албуми во Обединетото Кралство,[2] а списанијатаThe Guardian иNME, албумот го ставиле на прво и на второ место, соодветно, на нивниот список на најдобри албуми за таа година.[3][4] Во 2010 година албумот ја освоил наградата „Меркур“. По издавањето на првиот албум, Куреши ја напуштил групата. Нивниот втор албум,Coexist, бил издаден на 5 септември 2012 година. Албумот добил позитивни критики и стигнал до прво место во Обединетото Кралство и петто место на американската топ-листа за албумиБилборд 200.[2][5] Групата го издала третиот албум,I See You, на 13 јануари 2017 година и стигнал до прво место во Обединетото Кралство и второ место наБилборд 200.[2][6]
|