„The Scorpion“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||
Сингл одМегадет | |||||
од албумотThe System Has Failed | |||||
Издаден | 2005 г. | ||||
Формат | ЦД сингл,дигитално спуштање | ||||
Снимен | 2004 г. | ||||
Жанр | Хеви метал | ||||
Должина | 4:00[1] | ||||
Издавачка куќа | Сануктари | ||||
Композитор | Дејв Мастејн | ||||
Продуцент | Џеф Болдинг иДејв Мастејн | ||||
Хронологија на синглови наМегадет | |||||
|
The Scorpion (понекогаш именувана само какоScorpion) е третиот и последенсингл наМегадет одалбумотThe System Has Failed. Песната била издадена во 2005 г.[2] а нејзинавтор е фронтменотДејв Мастејн. За разлика од претходните два објавенисинглови, „Die Dead Enough“ и „Of Mice and Men“, оваа песна не била поткрепена совидео запис, па така не успеала да се рангира на табелите воСАД.[3] За време на турнејатаBlackmail the Universe, која почнала во октомври 2004 г. и траела две години, „The Scorpion“ била задолжителен дел од репертоарот наМегадет. Оттогаш па наваму, оваапесна ниту еднаш не била изведена во живо.[4]
Оваа песна беше избрана за третсингл од албумот, но не беше снимен музички запис по тој повод. За дополнителна афирмација, беше изведувана за време на промотивната турнеја за албумотThe System Has Failed. Со време, песната била испуштена од стандардната сет список наМегадет, впрочем како и поголем дел од песните на тој албум. И покрај зачестеното присуство на концертите на групата, „The Scorpion“ била првата песна на Мегадет што не се рангирала на листата најдобри рок нумери воСАД по повеќе од една деценија, по песната „Skin o' My Teeth“ од 1993 г. Ова беше прва од редот синглови на Мегадет што нема да се појават на таа табела, сè до песната „The Right to Go Insane“ од 2010.[5] Сепак, оваа нумера не била целосно игнорирана од бендот, бидејќи споредпесната бил крстен делот од мрежното место наМегадет, во кој тие одговараат на прашања од обожавателите. Омотот од синглот бил ставен како позадина на тоа поле.[2][6]
На едно прашање од нивни обожавател (кој мислел дека песната била напишана за краткитељубовни врски),[7] од бендот откриле декапесната била всушност заснована на еднабасна одЕзоп, во која се говори за човековата склоност кон нанесување зло на блиските. Приказната заскорпијата ижабата била музички обработена во оваа композиција. Се смета дека басната за скорпијата и жабата потекнува одзападноафриканските племиња, уште одантичко време.[8]
Дејството вобасната започнува со молба одскорпијата дожабата, во која скорпијата барала да биде пренесена до другата страна нареката. Жабата не сакала да ја исполни молбата, бидејќи се плашела да не добиеотровен убод. Скорпијата ѝ одговорила дека ако ја убоде, тогаш и двете би се удавиле. Слушајќи го ова, жабата се согласила. Но, на средина одреката, скорпијата ја боцнала жабата, запечатувајќи ја нивната трагична судбина. Кога била запрашана зошто го сторила тоа, таа одговорила: „Јас сум скорпија. Таква ми е природата.“[9][10] Според еден друграскажувач, последните зборови на скорпијата биле: „Подобро и јас да загинам отколку да дозволам непријателот да живее.“
Рефренот е најдобар пример за тоа како приказната е вплетена вопесната: „Пред да ти се искачам на грбот, ќе ветам дека нема да те боцнам“ се однесува на делот кога скорпијата се качува на жабата и кажува дека нема да ѝ наштети.[11] Во стихот „Ќе ти го кажам она што сакаш да го слушнеш, но нема да се заколнам“ се искажани лагите на скорпијата, а во следниот стих „Ќе се однесувам како кон куче додека ти го вбризгувам отровот“ дознаваме дека скорпијата имала нечесни намери.[12] Крајот нарефренот е објаснувањето на скорпијата зошто ја убила жабата со зборовите „Се преправаше дека не знаеш оти сум скорпија“.
|