![]() | Оваа статија или заглавие има потреба одвикифицирање за да ги исполнистандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете воподобрувањето на оваа статија сосоодветнивнатрешни врски. |
Кајкомпјутерските мрежи,Stream Control Transmission Protocol (SCTP) е протокол (број 132[1]) натранспортно ниво, и има слична улога со познатите протоколи:Transmission Control Protocol (TCP) andUser Datagram Protocol (UDP). SCTP обезбедува некои слични услуги како овие два протоколи: тој е ориентриан кон пораките како UDP и орбезбедува сигурност во секвенцијалната размена на пораки соконтролата на застој како TCP.
Протоколот е утврден од работната група наIETF Signaling Transport (SIGTRAN) во 2000,[2], а го одржува работната група на IETF Transport Area (TSVWG).RFC 4960 го дефинира протоколот.
При отсуство на вградена SCTP поддршка кај оперативните системи, SCTP сетунелира преку UDP,[3] како и мапирање на TCP API повиците во SCTP повици.[4]
SCTP апликациите ги доставуваат нивните податоци до SCTP траснспортното ниво за да бидат пренесени во пораки(групи од бајти). SCTP, пораките и контролните информации ги сместува во одделни парчиња(податочни парчиња и контролни парчиња, секој препознатлив по својот наслов. Овој протокол може да ја подели пораката на неколку податочни парчиња, при што секој податочен дел содржи податоци од само еден корисник на пораки. SCTP ги групира парчињата во SCTP пакети. SCTP пакетите, кои се доставуваат доинтернет протоколот, се состојат од: наслов на пакетот, SCTP контролни парчиња (кога е неопходно), проследно со SCTP податочни парчиња (кога се достапни).SCTP може да се одликува како порака-ориентиран, што значи дека пренесува секвенца од пораки(секоја од нив е група од бајти), наместо пренесување на непрекинат поток од бајти како што е случај со TCP. Како и UDP, кај SCTP испраќачот испраќа порака со една операциајa. Спротивно на SCTP, TCP е поток-ориентиран протокол, пренесувајќипотоци од бајти безбедно и по редослед. Сепак, TCP не му дава на знаење на примачот колку пати е повикана испраќачката апликација во TCP сообраќајот при протекувањето на група од бајти кои треба да бидат испратени.
Терминотмулти-стриминг се однесува на способноста на SCTP паралелно да се пренесуваат потоци, на пример, преносот наweb фотографии заедно со текстот на страната. Во суштина, тоа вклучува градење на неколку врски во една SCTP асоцијација, кои работат со пораки(или парчиња) наместо со бајти.
TCP го зачувува редоследот на бајти во потокот преку доделување на секвенцијален број на секој пакет. Од друга страна, SCTP доделува секвенцијален број на секоја испратенапорака во потокот. Ова овозможува различен редослед на пораките во различни потоци. Меѓутоа, подредувањето на пораките не е задолжително во SCTP; апликацијата за примање пораки може да избере да ги обработува пораките по редослед на примање, наместо по редослед како биле испратени.
Одлики на SCTP:
творците на SCTP, го дизајнираат SCTP со првична намена за пренос на телефонија(Signaling System 7) преку Интернет протокол, со цел да се повторат некои од доверливите атрибути на SS7 сигнализациската мрежа во IP. Овој IETF обид е познат какоSIGTRAN. Во меѓувреме, беа предложени други протоколи, на пример,Пречник протоколот[5] andReliable server pooling (RSerPool).[6]
TCP ја имаше остварено примарната цел да пренесува безбедно податоци преку Интернет, но TCP имаше поставено ограничувања на некои апликации. ОдRFC 4960:
- TCP ги обезбедуваше и двете, и сигурен пренос на податоци и строг редослед на пренос при испраќање на податоците. Некои апликации имаат птореба од сигурен пренос без добар редослед на секвенците, додека други ќе бидат задоволни со делумно подредување на податоците. И во двата случаја, head-of-line блокирањето понудено од TCP предизвикува непотребно одложување.
- Поток-ориентираната природа на TCP, често е непријатна. Апликациите мора сами да вметнуваат свое обележување за разграничување на пораките, и мора да направат експлицитна употреба наpush facility за да се осигураат дека целата порака е пренесена во дозволеното време на одговор.
- Ограничениот опсег на TCP приклучниците ја комплицира задачата за обезбедување на високо достапен капацитет за пренос на податоци користејќиповеќе-мрежни домаќини.
- TCP е релативно подложен на одбивање-на-услуга напади, како што сеSYN нападите.
|
SCTP пакетите имаат поедноставна основна структура од TCP пакетите. Секој пакет се состои од два основни дела:
Секое парче има тип-идентификатор, кој е со големина од еден бајт, најчесто, постојат 255 различни податочни типови.RFC 4960 дефинира листа од податочни типовви и до сега има дефинирано 15 типа. Остатокот од парчето е со должина од 2 бајта(максимална големина од 65,535 бајти), и податоците. Ако парчето не е поголемо од 4 бајти(т.е. должината не му е повеќе од 4), тогаш парчето е имплицитно пополнето со нули кои не се вклучени во должината на парчето.
Иако криптирањето не беше дел од оригиналниот дизајн на SCTP, сепак SCTP беше дизајниран со одлики кои ја подобруваат безбедноста, како што е 4-насочноторакување (споредено со3-насочното ракување на TCP) за заштита одSYN полава од напади, и долги "колачиња" за здружена верификација и автентичност.
Исто така, доверливоста беше клучен дел од безбедносниот дизајн на SCTP.Повеќенасочноста овозможува асоцијацијата да остане отворена дури и кога некои рути и интерфејси се паднати. Ова е од особено значење заSIGTRAN кој го пренесуваSS7 преку една IP мрежа користејќи SCTP, и бара силна отпорност за време на паѓање на врската за да може да се одржи телекомуникациската услуга, дури и кога се случуваат мрежни аномалии.
SCTP понекогаш е добарfingerprinting кандидат. Некои оперативни системи овозможуваат SCTP поддршка, но ако таа не е добро позната како TCP или UDP, се случува е занемарена од огнениот ѕид, и тогаш најчесто се дозволува испробувачки пренос.
Референтната SCTP имплементација работи на FreeBSD, Mac OS X, Windows, Linux.[7]
Следнитеоперативни системи имплементираат SCTP:
Корисничка библиотека:
SCTP: FreeBSD 7.0 is the reference implementation for the new IETF Stream Control Transmission Protocol (SCTP) protocol, intended to support VoIP, telecommunications, and other applications with strong reliability and variable quality transmission through features such as multi-path delivery, fail-over, and multi-streaming.