Risk е осмиот студиски албум натреш метал бендотMegadeth, издаден во 1999 г. Ова впрочем е и последниот албум на групата кој бил издаден под капата наКапитол Рекордс. Ова остварување значело и крај на соработката со долгогодишниот гитаристМарти Фридмен, кој поради несогласувања соМастејн околу музичката насока по која би требало да се движи бендот ќе побара разделба.
Насловот е инспириран од една изјава наЛарс Улрих одМеталика, кој вели декаМегадет „мораат да ризикуваат со смена на нивниот стил ако сакаат да се пробијат на глобално ниво“, како во случајот соМеталика. Оваа ненадејна промена заМегадет беше меч со две острици. Иако добија слушаност наТВ ирадио станиците, загубија голем дел од верните обожаватели, кои биле длабоко разочарани од оваЦД. И музичката јавност го протолкува овој пресврт во нивната кариера како фијаско и тотален неуспех. Во едно интервју, Мастејн ќе потенцира дека овојалбум добро би поминал на музичкиот пазар доколку не го носел иметоМегадет.[1][2]
Имено, од овој албум се објавени трисинглови, сите поткрепени совидео записи. Првиот и носечки, „Crush 'Em“, се смета заспортска химна, во која се говори за борба во арената и мелење на противникот. Вториот синг, „Breadline“, ја раскажува приказната за сиромашен човек и нарко-зависник кој се бори за гола егзистенција. Оваа песна не ебалада, но е исклучителна и многу трогателна со својата светла мелодија. „Insomnia“ е трета и последна објавена песна од оваа плоча, а нејзината тематика, како што говори и самиот наслов, се проблемите соспиење. Како што ќе открие и самиотМастејн во една прилика, оваа песна на некој начин ги содржи неговите сопствени проблеми со несоница по долгите вечерни журки и забави.
Овој албум доживеал аудио ремикс во 2004 г. како дел од желбата наМастејн за комплетна ревизија на целокупниот дотогашен музички каталог наМегадет. Песните се со подобрена продукција и звучност, а како бонус се додадени три од постоечките синглови, но дигитално преработени од страна на различни диџеи.
Професионални оценки |
---|
Прегледни резултати |
---|
Извор | Оценка |
---|
Allmusic |     [3] |
Entertainment Weekly | B−[4] |
Metal Forces | 6/10[5] |
The Rolling Stone Album Guide |     [6] |
Piero Scaruffi | 5/10[7] |
Sputnikmusic | 3.5/5 |
Сите песни се напишани и компонирани одДејв Мастејн.Марти Фридмен се потпишува како соавтор на музиката во нумерите 2 до 9, додекаДејвид Елефсон е соавтор на текстот во траките 10 и 11.
Бр. | Наслов | Текст | Музика | Траење |
---|
1. | „Insomnia“(4:16 на реизданието од 2004) | | | 4:34 |
2. | „Prince of Darkness“ | | Мастејн,Марти Фридмен | 6:26 |
3. | „Enter the Arena“(0:44 на реизданието од 2004) | Мастејн, Бад Преџер | | 0:52 |
4. | „Crush 'Em“ | Мастејн, Преџер | Мастејн, Фридмен | 4:58 |
5. | „Breadline“ | Мастејн, Преџер | Мастејн, Фридмен | 4:24 |
6. | „The Doctor Is Calling“ | Мастејн, Преџер | Мастејн, Фридмен | 5:40 |
7. | „I'll Be There“(5:13 на реизданието од 2004) | Мастејн, Преџер | Мастејн, Фридмен | 4:20 |
8. | „Wanderlust“(5:48 на реизданието од 2004) | | Мастејн, Фридмен | 5:22 |
9. | „Ecstasy“ | | Мастејн, Фридмен | 4:28 |
10. | „Seven“(4:46 на реизданието од 2004) | Мастејн,Дејвид Елефсон | | 5:01 |
11. | „Time: The Beginning“ | Мастејн, Елефсон | | 3:05 |
12. | „Time: The End“(2:41 на реизданието од 2004) | | | 2:26 |
Вк. траење: | 52:36 |
Јапонското издание со бонус нумери |
---|
Бр. | Наслов | Текст | Музика | Траење |
---|
13. | „Duke Nukem химна“ | (инструменталка) | Ли Џексон | 3:54 |
Реизданието од 2004 |
---|
Бр. | Наслов | Текст | Музика | Траење |
---|
13. | „Insomnia“(микс на Џеф Болдинг) | | | 4:19 |
14. | „Breadline“(микс на Џек Џозеф) | Мастејн, Преџер | Мастејн, Фридмен | 4:28 |
15. | „Crush 'Em“(микс на Јокс) | Мастејн, Преџер | Мастејн, Фридмен | 5:10 |
|
---|
| | | Студиски албуми | |
---|
| Албуми во живо | |
---|
| Мини албуми | |
---|
| Компилации | |
---|
| Видео албуми | |
---|
| Синглови | |
---|
| Турнеи | |
---|
| Поврзани статии | |
---|
|