Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 21ч 41м &1000000000004392500000043,925с[1] |
Деклинација | −35° 21′ &1000000000000004900000004,9″[1] |
Прив. величина (V) | 3,0 - 15,6[2] |
Особености | |
Спектрален тип | K5[3] |
Променлив тип | Нова[2] |
Астрометрија | |
Паралакса(π) | 0.729 ± 0.024[4] млс |
Оддалеченост | 1.372+51 42[4](741[5] - 3,300[6]) пс |
Апсолутна величина (MV) | −9,1 -2,9[4] |
Податоци | |
White dwarf | |
Маса | 0,8[5]M☉ |
Површ. грав.(logg) | 8,5[5] |
Температура | 31.000[5]K |
втора | |
Маса | 0,6[3]M☉ |
Други ознаки | |
Нова Лебед 1867, HR 8296, BD+42°4182a, AAVSO 2137+42, 2MASS J21414393+4250290 | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Q Лебед (Q Cyg) илиНова во Лебед 1876 —ѕвезда во северното соѕвездиеЛебед. Ги носи и ознакитеNGC 7114 иHR 8296. Новата се наоѓа на северноисточниот дел од Лебед во близина на границата соГуштер.
Станува збор за една од најрано забележанитенови,[6] Q Лебед е откриена од страна наЈохан Фридрих Јулиус Шмид на 2 ноември 1876 година. Ѕвездата станала нова, стекнувајќипривидна ѕвездена величина 3 и го задржила овој сјај во текот на следните четири денови.[6]
Системот се смета закатаклизмична променлива,[3] составена одбело џуџе во блискаорбита со друга ѕвезда и орбитираат една околу друга на секои 10 часа. Белото џуџе е обиколено сонасобирачки диск, кој сјае посилно од ѕвездата која ја опкружува. Се смета дека системот е на растојание од 740 ± 11 парсеци.[5] Втората ѕвезда се проценува дека е со маса околу 0,6 пати помасивна од Сонцето, што ја прави портокалово џуџе со спектрален тип K5.[3] Позната и како дарителна ѕвезда, втората ѕвезда ја снабдува масата на насобирачкиот диск околу белото џуџе.[3]
Мал магленест диск е забележан околу новата и ова придонело да и се додели ознака воНовиот општ каталог како можнапланетарна маглина. Оваамаглина не е забележани при современите набљудувања и во новиотНадополнетиот нов општ католог се води како„непостоечко“ тело.[7]