Portable Document Format (PDF) (прев.Преносен формат за документи) —податотечен формат создаден од страна наAdobe Systems во 1993 за размена на документи.Adobe PDF се користи за претставување на дводимензионални документи на начин независен од софтверот, хардверот и оперативниот систем.[2] СекојаAdobe PDF податотека содржи целосен опис на неменливиот 2Д документ што подразбира текст, фонтови, слики и 2Двекторска графика. Во последно време може да се додаваат и 3Д слики во PDF документи соU3D илиPRC и разни други формати.[3][4]
Соосновачот наAdobe Systems,Џон Ворнок направил систем наречен „Camelot“ (Камелот),[5] кој се развил во форматотPortable Document Format (PDF).
Порано билнеслободен формат, но на 1 јули 2008, PDF беше официјално пуштен какоотворен стандард и издаден одМеѓународната организација за стандардизација какоISO/IEC 32000-1:2008.[1][6] Последното издание како ISO 32000-2:2020 беше објавено во декември 2020 година.[7]
PDF се заснова на јазикот PostScript.[8][9] Една PDF-датотека најчесто претставува комбинација од векторска графика, текст и растерска графика (битмапи). Основните видови содржина во PDF се:[10][11]
- Сложен текст зачуван како текови на содржина (т.е. не е кодиран како обичен текст);
- Векторска графика за илустрации и дизајни кои се состојат од облици и линии;
- Растерска графика за фотографии и други видови слики;
- Останати мултимедијални објекти.
Во подоцнежните ревизии на форматот, PDF-документите поддржуваат и врски (внатре во документот или до веб-страници),формулари,JavaScript (првично достапен како додаток за Acrobat 3.0) или кои било други видови вградени содржини што можат да се обработат преку приклучоци (plug-ins).[12]
PDF комбинира три технологии: еквивалентен подмножество од програмскиот јазик за опис на страници PostScript, но во декларативна форма, за генерирање на изгледот (распоредот) и графиката. Систем за вградување/замена на фонтови, што овозможува фонтовите да се пренесуваат заедно со документите. Систем за структурирано складирање за обединување на овие елементи и секоја поврзана содржина во една датотека, со соодветно компресирање на податоците[10][11].