Oasis ― англискaрок-група основана воМанчестер во 1991 година. Групата станала една од најпопуларните и највлијателните британски рок-групи во 1990-тите и се сметаат за една од светски најуспешните групи во бритпоп жанрот.[1]
Во 1991 година, басистот Пол Мекгуиган, гитаристот Пол Артурс, тапанарот Тони Мекарол и пејачот Крис Хатон основале група под името the Rain. Незадоволен од Хатон, Артур го поканил неговиот познаник Лијам Галагер како потенцијална замена. Лијам предложил името на групата да се смени во Oasis.[2]
Ноел (брат на Лијам) ѝ пристапил на групата за да се ѝ се приклучи како единствен текстописец и водач на групата. Под Ноел, групата создала музички пристап кој се потпирал на едноставност, при што Oasis создал звук опишан како „посветен на финеси и сложеност кој звучеше прилично незапирливо“.
Во 1993 година, Oasis потпишале договор со Creation Records. Поради проблеми со обезбедувањето американски договор, Oasis потпишале светски договор соSony. Нивниот прв сингл „Supersonic" бил објавен во април 1994 година, а првиот студиски албумотDefinitely Maybe следел во август истата година. Албумот станал најбрзо продаван деби албум во британската историја во тоа време.[3]
Во април 1995 година, „Some Might Say“ станал нивен прв сингл кој се искачил на прво место на топ-листата за синлови во Велика Британија. Во исто време, Мекерол бил исфрлен од групата. Него го заменил Алан Вајт.
Во овој период, британскиот печат го искористил наводното ривалство помеѓу Оазис и друга бритпоп-група,Блур. Претходно, Oasis не се поврзувала со бритпоп движењето. На 14 август 1995 година, Blur и Oasis објавиле синглови започнувајќи ја „Битката за Бритпоп“ која доминирала во националните вести.[4] Ноел Галагер во септември изјавил за„Обсервер“ дека се надева дека членовите на Блур „ќе фатат СИДА и ќе умрат“, што предизвикало медиумски бур. Тој се извинил во формално писмо до различни публикации.
На 2 октомври 1995 година, групата го објавила вториот албум(What's the Story) Morning Glory? кој забележал светски комерцијален успех и станал петти најпродаван албум во историјата на британската топ-листа.[5] Албумот ги содржел хитовите „Wonderwall", „Don't Look Back in Anger" и „Champagne Supernova".
Oasis ја извеле „Champagne Supernova“ на доделувањето на видео музичките награди на MTV во 1996 година во Њујорк.[6] Лијам правел гестови кон Ноел за време на неговото соло на гитара, а потоа плукнал пиво низ целата сцена пред луто да ја напушти.[6] Неколку недели подоцна Ноел сам патувал за дома. Овој настан ги поттикнал медиумските шпекулации дека групата се распаѓа. Браќата набрзо се смириле и решиле да ја завршат турнејата.
Во првиот квартал од 1997 година групата почнала да го снима нивниот трет албум. Кавгите меѓу браќата Галагер ги отежнувале сесиите за снимање. АлбумотBe Here Now бил објавен во август 1997 година. Албумот станал најбрзо продаван албум во британската историја додекаАдел не го издала25 во 2015 година.
По завршувањето на турнејата Be Here Now на почетокот од 1998 година, среде многу медиумски критики, групата ретко настапувала. Подоцна истата година, Oasis објавиле компилациски албум од четиринаесет Б-страни,The Masterplan. Во 1999 година, оригиналниот гитарист Пол Артурс ја напуштил групата и бил заменет со Џем Арчер. Две недели по заминувањето на Артурс било најавено и заминувањето на Мекгиган. На негово место се приклучил Енди Бел.
Со пропаѓањето на Creation Records, Oasis формирале сопствена издавачка куќа, Big Brother, која ги објавила сите следни албуми на Oasis во Обединетото Кралство и во Ирска. Четвртиот албум на Oasis,Standing on the Shoulder of Giants, бил издаден во февруари 2000 година. Со заминувањето на основачките членови, групата направила неколку мали промени во нивниот имиџ и звук. Насловната страна имала ново лого „Oasis“. Песните имале повеќе експериментални и психоделични влијанија.Stonding on the Shoulder of Giants добил мешани критики[7] и продажбата опаднала во втората недела од објавувањето во САД.[8]
Oasis на настап во Монтреал во 2002 година
Албумот,Heathen Chemistry, прв албум на Oasis со новите членови Енди Бел и Гем Арчер, бил објавен во јули 2002 година. Од албумот биле објавени четири синглови: „The Hindu Times“, „Stop Crying Your Heart Out“, „Little by Little / She Is Love“ кои биле напишани од Ноел и „Songbird“, напишана од Лиам и бил прв сингл кој не го напишал Ноел. Албумот се стремел кон поосновен рок звук.[9]
Oasis започнале со снимање на нивниот шести албум кон крајот на декември 2003 година.[10][11] Албумот требало да биде издаден во септември 2004 година, за да се совпадне со 10-годишнината од објавувањето наDefinitely Maybe, Сепак, долгогодишниот тапанар Алан Вајт, кој во тоа време свиреше на речиси целиот материјал од групата, бил замолен да ја напушти групата.[12][13] Вајт бил заменет со Зак Старки, тапанарот одWho и син на тапанарот одБитлси,Ринго Стар. Иако Старки настапувал на студиските снимки и бил на турнеја со групата, тој не бил официјален член и групата за прв пат во нивната кариера била квартет.
По многу турбуленции, шестиот албум на групата конечно бил снимен во во Лос Анџелес од октомври до декември 2004 година. Во мај 2005 година, по три години и исто толку прекинати сесии за снимање, групата го издала шестиот студиски албум,Don't Believe the Truth, исполнувајќи го нивниот договор со Sony BMG. Албумот бил поздравен како најдобар напор на групата одMorning Glory од страна на обожавателите и критичарите. Oasis добиле две награди на Q Awards: едната People's Choice Award и втората заDon't Believe the Truth за најдобар албум.[14] До 2013 година, албумот бил продаден во над шест милиони примероци.[15] Концертен филм, направен за време на турнеја, насловенБоже не ме успорувај во режија на Бејли Волш, бил објавен во октомври 2007 година.[16]
Oasis објавиле компилациски двоен албум насловенStop the Clocks во 2006 година.[17] Групата добилаБританска музичка награда за исклучителен придонес во музиката во февруари 2007 година.[18] Oasis го објавиле нивното прво дигитално издание, „Lord Don't Slow Me Down“, во октомври 2007 година. Песната дебитирала на десетто место на топ-листата за синглови во Велика Британија.[19]
Во мај 2008 година, Зак Старки ја напуштил групата по снимањето наDig Out Your Soul, седмиот студиски албум на групата. Тој бил заменет Крис Шарок на нивната турнеја, но Крис не бил официјален член на групата.Dig Out Your Soul, седмиот студиски албум на групата, бил издаден на 6 октомври. Во јуни 2008 година, групата повторно потпишала со Sony BMG, а договорот предвидувал издавање три албуми.[20]
На 25 февруари 2009 година, Oasis ја добиле наградата NME за најдобра британска група за 2009 година,[21] како и најдобар блог за Ноеловите „Приказни од сред никаде“.[22]
Oasis на настап во Хонгконг во април 2009 година за време на турнејата Dig Out Your Soul
Oasis се распаднале во август 2009 година по уште еден судир меѓу браќата Галагер за време на фестивалот во Париз. Ноел Галагер официјално ја напуштил групата, што резултирало со нејзино конечно распаѓање.
Лијам и преостанатите членови од Oasis решиле да продолжат под името Beady Eye, издавајќи два студиски албуми до нивното распаѓање во 2014 година.[23] Лијам започнал соло кариера издал три студиски албуми. Ноел основал соло проект, Noel Gallagher's High Flying Birds и издал четири студиски албуми, а Шарок и Арчер подоцна се приклучиле како членови. Бел се вратил во поранешната група Ride.[24]
На 16 февруари 2010 година, на Brit Awards 2010 година, Oasis ја освоиле наградата за најдобар британски албум во последните 30 години - за(What's the Story) Morning Glory?.
Документарен филм под насловOasis: Supersonic бил објавен на 26 октомври 2016 година, кој ја раскажувал приказната за Oasis од нивните почетоци до врвот на славата во текот на летото 1996 година.[25] Друг концертен документарен филм бил објавен во септември 2021 година.[26]
2024–сега: Повторно обединување и турнеја Oasis Live '25
На почетокот од 2023 година браќата Галагер изразиле интерес за повторно обединување на групата. На 27 август 2024 година, скоро 15 години по нивното разделување во 2009 година, Оазис објавиле дека ќе се обединат за концерти во Обединетото Кралство и во Ирска во јули и август 2025 година.[27][28][29]
Oasis се сметаат за една од најважните британски рок-групи од 1990-тите. Нивната музика влијаела на генерации музичари и останува популарна и денес. Бритпоп движењето кое го дефинирале заедно со други групи останува значаен дел од британската поп-култура.
Групата продала над 75 милиони плочи во светски, со што се вбројуваат меѓу најпродаваните рок-групи на сите времиња. Нивните песни, особено "Wonderwall" и "Don't Look Back in Anger", станале евергрин хихови.
Oasis биле номинирани за внесување воКуќата на славата на рокенролот во нивната шеста година на подобност во февруари 2024 година. Првично, членови вклучени во номинацијата биле браќата Галагер, Мекгиган, Вајт, Артурс, Мекарол, Арчер и Бел.[34][35]