Нинтендо ентертејнмент систем (скратено NES или Нинтендо) е осмобитна играчка конзола која во продажба е пуштена од компанијатаНинтендо воСеверна Америка,Бразил,Европа иАвстралија во1985 година. Во поголемиот дел наАзија, вклучувајќи ја иЈапонија (каде и за првпат се појавува NES во1983 година), потоаФилипини,Тајван,Виетнам иСингапур, NES се продавал под иметоФамили компјутер (јапонски:ファミリーコンピュータ Famirī Konpyūta), скратеноФамиком (јапонски:ファミコン Famikon) или уште пократко-{FC}-. ВоСеверна Кореја лиценцата е доделена наХјундаи електроникс, кој го продавале NES какоКомбој (-{컴보이}-).[1]
Како најпродавана играчка конзола во своето време во Азија и Северна Америка (Нинтендо тврди дека е продадено повеќе од 60 милиони конзоли ширум светот) помогнала во опоравувањето на американската играчка индустрије после нејзината пропаст во 1983 година.[2] Со ова NES ги поставува стандардите за следните конзоли во све, од дизајнот на игрите (Пр.Super Mario Bros - го популаризирала жанрот на платформи и внела елементе који ќе бидат копирани во многу слични игри[3]) до изгледот на управувачот (допадливоста на D-pad управувачот кој го користел NES, и за кој добил Еми награда за технологија и инженерство, пододцна ќе го искористат сите следни забележителни конзоли).[4][5]