MedlinePlus (изговор:медлајн плас) —семрежна информативна служба наНационалната медицинска библиотека на САД (NLM) која нуди здравствени информации за потрошувачите наанглиски ишпански јазик.[1] Овамрежното место претставува збир на информациите од Националната медицинска библиотека на САД (NLM),Националните здравствени институти (NIH) и други државни установи и здравствени организации. Има и верзија за читање одмобилни уреди. Услугата е бесплатна, и ја користат 150 милиони луѓе годишно.[2]
Службата нуди енциклопедиски инофрмации поврзани со здравјето и лековите, како и именик на здравствени услуги. MedlinePlus Connect ги пворзува пациентите и здравствените работници во системи за електронска здравствен евиденција (EHR) со соодветни информации од MedlinePlus за заболувањата и лекарствата. Ова исто така има мобилна верзија.
Националната медицинска библиотека веќе подолго време нуди програми и услуги за стручнитездравствени научници и давателите на здравствени услуги, како што се базатаpubmed и разните пристапни служби за неа какоPubMed иEntrez. Во 1990-тите, општата јавност почнала сè повеќе да ги користи овие услуги насемрежјето.[3] Покрај ова, информациите се нудат и во формат разблирлив за нестручната јавност.[4][5][6] MedlinePlus е воведен во октомври 1998 г. како некомерцијална семрежна услога слична на оние какоWebMD. Во 2010 библиотеката ја вовела и службата PubMed Health, која пак нуди здравствени информации за потрошувачите, со особена задршка на клиничката делотворност на разните лекувања.[7]
Во прво време MedlinePlus опфаќал 22 здравствени теми на англиски јазик, кои подоцна станале 800 теми на англиски и на шпански, како и врски за здарствени информации на повеќе од 40 јазици. Мрежното место е добитник на неколку награди и важи за едно од најдобрите места за добивање на медицински информации.[8] Во 2010 г. MedlinePlus освоил оценка од 84 во Американскиот показател за задоволност на потрошувачите.[9]