Податоци од набљудување ЕпохаJ2000,0 РамноденицаJ2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 32м &1000000000004549300000045,493с[1] |
Деклинација | +40° 39′ &1000000000000367500000036,75″[1] |
Прив. величина (V) | 13,15[2] |
Особености | |
Развојна фаза | [ѕвезда [B(e) |
Спектрален тип | Bpe B0-1.5 I + B0 III[3] |
Астрометрија | |
Радијална брзина(Rv) | −9 ± 2[3] км/с |
Сопствено движење(μ) | Рект: 30,2[2] млс/г Дек.: −14,4[2] млс/г |
Оддалеченост | 4.560 сг (1.400[4] пс) |
Апсолутна величина (MV) | −6,7 / −7,3[4] |
Податоци | |
Маса | 38[3]M☉ |
Сјајност(болометриска) | 400.000 / 630.000[4]L☉ |
Температура | 24.000 ± 4.000[3]K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
MWC 349 —двојна (најверојатно,троен) ѕвезден систем во соѕвездиетоЛебед. неговите својства и одлики се уште се во дебата и е можно да станува збор за масивна високосјајна ѕвезда или многу млада сјајнаХербигова Ae/Be-ѕвезда. MWC 349 е исто такапроменлива ѕѕвезда соознакаV1478 Лебед.
MWC 349 е раздвојна двојна ѕвезда, при што двете составници се на растојанија од 2,4лачни секунди. Првичната, MWC 349A, еB[e]- ѕвезда, кадеB е спектралниот тип а[e] ги означувазабранетитеоддавни линии. Неговиот спектар има недостаток од впивливи одлики и е променлива ѕвезда но е класифицирана како B0-1.5 одсуперџиновската сјајна класа. Втората, MWC 349B, еџиновска ѕвезда од спектрален тип B0III.[4]
Предложено е дека во близина има и трета ѕвезда, со помала маса во блиска орбита околу MWC 349A, најверојатно на растојание од 12–13ае од ѕвездата со орбитален период од 9 години. оваа ѕвезда не езабележана но би фо објаснила чудните особености на системот.[4]
MWC 349B е налик на вообичаена врела џиновска ѕвезда, но MWC 349A е многу невообичаена ѕвезда. Таа е суперџиновска B[e]-ѕвезда, што значи дека е сјајна ѕвезда со голема загуба на маса и диск на материјал во орбита околу ѕвездата. Овие одлики ги споделува со ѕвездитепред главната низа и развиените многу масивни ѕвезди, и не е јасно во која категорија спаѓа MWC 349A.[5][6]
MWC 349 е еден од најсјајните радиоизвори на небото и 2 cm набљудувања укажуваат на маглина во облик напесочен часовник.[3] Таа исто така има мнугу слабаинфрацрвена маглина со иста насока и геометрија, но 400 пати поголема (полупречник од 5 парсеци). Невоовичаено е прикажувањето на водородна рекомбинациони масери иласери, протолкувани дека се со потекло од дискот.[4]
една теорија е дека MWC 349A е високосјајна развиена ѕвезда слична насјајна сина променлива ѕвезда (LBV), соапсолутна величина некаде меѓу −6,7 и −7,3, иболометриска сјајност неколку илјади пати поголема од онаа на Сонцето.[4] Таа е променлива ѕвезда наведена воОпштиот каталог на променливи ѕвезди како променлива ѕвезда од типот наS Златна Рипка поради неправилната сјајност и спектрални промени.[7] Далечната поврзаност со MWC 349B и нејзината оддалеченост од ѕвездородните области кои нормално би биле местата во кои сјајните ѕвезди се вообичаена појава. Една можност е дека целокупниот систем бил исфрлен иЛебед OB2 и двете составници станале слободни поради загубата на маса на MWC 349A.[4]
Друга теорија пак тврди дека MWC 349A сè уште не е ѕвезда наглавната низа. Пак е масивна ѕвезда опколена со диск на материјал, но тој материјал не бил исфрлен од ѕвездата, и сјајноста е пониска отколку во случајот со помасивните равиени ѕвезди. Компактната природа на материјалот кој впива и ја зрачи повторно енергијата од ѕвездата укажува дека е неверојатно дека станува збор за крајно сјајна ѕвезда.[6]
MWC 349 можно е да еѕвезда „бегалка“ исфрлена од блиското, масивноѕвездено здружениеЛебед OB2. Масата на главната составница на системот, MWC 349A, се претпоставува дека кога била создадена ѕвездата била 40 пати поголема од масата на Сонцето, ноѕвездениот развој ја оставил со само 20-25сончеви маси, дестабилизирајќи го системот и предизвикувајќи MWC 349B да не е повеќе гравитациски сврзана ѕвезда.[4]