Храмот во Солт Лејк е најзначајниот архитектонски симбол на мормонизмот (Мормонската црква). Мормонска црква во Нови Сад,Србија
Мормоните — религиозна и културна група поврзана сомормонизмот, религиозно движење кое се појавило по визијата наЏозеф Смит во државатаЊујорк во 1820 година. По смртта на Смит во 1844 г. мормоните го следелеБригам Јанг до областа сега познататериторија на Јута. Најголем дел мормони денес се членови на Црквата на Исус Христос на светиците од подоцнежните дни, а помал дел се членови на независни цркви. Многу мормони се исто така или независни или не практикуваат религија. Центарот на мормонското културно влијание е воЈута, а воСеверна Америка има повеќе мормони отколку на кој било друг континент, иако најголем дел мормони живеат надвор одСАД.[1]
Мормоните развиле силно чувство за заедница што произлегува од нивната доктрина и историја. Во текот на втората половина на 19 век многу мормони практикувале „плуралистички брак“, форма на религиознаполигамија. Мормоните посветуваат многу време и ресурси на служење на својата црква, а младите мормони често служат со полно работно време во мисииза прозелитизам. Мормоните имаат здравствен кодекс кој советува избегнување наалкохолни пијалаци,тутун,кафе,чај и други супстанции што предизвикуваат зависност. Тие исто се многу приврзани кон своите семејства и одржуваат силни врски меѓу генерациите и низ целото семејство. Мормоните имаат строг закон за девственост, со којсексуални односи надвор од бракот се забранети.
Мормоните се идентификуваат какохристијани, иако некои од нивните верувања се разликуваат од традиционалното христијанство. Мормоните веруваат воБиблијата,но исто така и во други свети текстови, како што еКнигата на Мормоните. Тие имаат уникатен поглед на космологијата и веруваат дека сите луѓе се духовни деца Божји. Мормоните веруваат дека враќањето кај Бога бара следење на примерот наИсус Христос и тие го прифаќаат неговото прочистување преку специфични обреди, како што екрштевањето. Тие веруваат дека авторитетот бил обновен од Џозеф Смит и дека нивната црква е водена од живи пророци иапостоли. Јадрото на мормонската вера е верувањето дека Бог им зборува на своите деца и одговара на нивните молитви.
Мормонската црква ја основал Џозеф Смит, кој, велел дека од младоста често го посетувал ангелот Морони, и го информирал дека покрај Евангелието, постои и одреден „додаток“ напишан на златни плочи. Според неговото тврдење, тој ги пронашол овие записи и тие, како ново откровение, биле отпечатени во 1830 г.
Кратко по објавувањето на својата „библија“, Џозеф Смит се прогласил за „современ“ пророк, еднаков со пророците од Стариот завет, и почнал да собира следбеници, сè до неговото убиство од страна на разбеснета толпа во 1844 година. Во тоа време, се смета дека имал десет илјади следбеници.
Ова во голема мера го компромитирало нивниот углед. Мнозинството потоа избрале да го следат Бригам Јанг, наследникот на Смит, како „пророк, јасновидец и визионер“. По тешко патување, мормоните се населиле на територијата наЈута, аСолт Лејк Сити станал нивен главен град и религиозен центар. Денес, околу половина од населението на Солт Лејк Сити се мормони.[2] Посетителите на градскиот плоштад пред храмот - „Ватикан на мормонизмот“ - можат да гледаат филмови и да слушаат предавања за мормонската теологија и историја, кои се засноваат наКнигата на Мормоните и поновите „пророци“.
Мормоните се сметаат себеси за единствена легитимнахристијанска црква, крштевајќи дури и мртви (на пример,Александар Велики,Наполеон и други), и настојуваат да ги поврзат своите религиозни верувања со официјалната историја. Тие исто така отстапуваат од некои традиционални догми, на пр. не го славатБога какоСвето тројство на Отецот, Синот иСветиот Дух, туку како три бога кои имаат одвоени и совршено човечки природи.
Кога ја читате Книгата на Мормоните, може да помислите дека ја читате Библијата т.н. „Верзија на кралот Џејмс“ (всушност, дел од книгата се цели пасуси од „Верзијата на кралот Џејмс“). Книгата наводно е напишана во периодот од 600 година п.н.е. до до 421 г. од нашата ера. Според мормоните, напишана е од разни „пророци-историчари“.
Според некои историчари,Книгата на Мормоните не е поткрепена со никакви археолошки докази и не се совпаѓа со она што е познато за претколумбовските цивилизации. Мормоните веруваат дека е „само прашање на време“ пред да бидат откриени такви докази.
Фундаменталната цел на сите верни мормони е јасно наведена од Бригам Јанг:
„Боговите постојат, и затоа најдобро е да се стремиме да бидеме подготвени да станеме еден од нив.“
Или пак, според зборовите на поранешниот претседател на Мормонската црква, Лоренцо Сноу:
„Она што е човекот, некогаш бил Бог; она што е Бог, човек може да стане.“
Од овие изјави може да се заклучи дека мормонизмот е политеистички и не наоѓа место во христијанската теологија. Според овие доктрини, „Елохим“ е врховниот Бог на овој свет, но постојат и богови од други светови.
Мормоните му придаваат големо значење на бракот. Тие веруваат дека „должност на добрите мормони е да раѓаат деца, со што обезбедуваат тела за постоечките духови, затоа што нашиот краток престој на земјата е неопходна фаза на пат кон божественоста“.