Kings of Leon ― американскарок-група основана воНешвил во 1999 година. Во составот на групата се: браќата Кејлеб, Нејтан и Џеред Фолоуил и нивниот братучед Метју Фолоуил. На почетокот композициите на групата биле спој на јужњачки рок и гаражен рок со примеси наблуз, но со текот на годините во музиката почнале да вклучуваат и другимузички жанрови иалтернативен рок-звук.
Првите три студиски албуми на групата биле успешни првенствено вон границите на САД, а најмногу во Обединетото Кралство. По објавувањето на албумотOnly by the Night (септември 2008 година), кој се пласирал во топ-10 на топ-листите за албуми во над 10 земји, групата успеала да се пробие на американската музичка сцена и да стекне светска популарност. Водечкиот сингл од албумот, „Sex on Fire“ се искачил на прво место на топ-листите во Австралија, Финска, Ирска и Обединетото Кралство. Во септември 2009 година синглот бил на второ место на листата на дигитално најпреземани синглови на сите времиња во Обединетото Кралство, веднаш зад Poker Face одЛејди Гага.[1] Групата има освоено 4Греми награди од 12 номинации, вклучувајќи ја и наградата „Запис на годината“ за песната „Use Somebody“ во2010 година.
Таткото на тројцата браќа, Ајван Лион Фолоуил, бил патувачки проповедник при Обединетата Пентекостална црква. Затоа, неговите деца на почетокот биле музички активни во црковниот оркестар. Откако таткото на момчињата се откажал од богослужбата и по разводот на нивните родители во 1997 година, Нејтан и Кејлеб се преселиле во оклината наНешвил и почнале да свират кантри-музика.
Во Нешвил се запознале со текстописецот Анџело Петраља, кој им помогнал да ги усовршат вештините во пишување песни и ги насочил кон музиката наТин Лизи, и особенона Ролинг Стоунс и наКлеш. Џеред, кој посетувал државно училиште, бил под влијание на музиката наPixies иВелвет Андерграунд. Откако тој и нивниот братучед Метју, исто така, се преселиле во Нешвил во 1999 година, била основана групата Kings of Leon. Тие групата ја именувале по нивниот дедо Лион, кој починал во јануари 2014 година.[2]
Први музички изданија и пофалби од критичарите: 2002–2007
Во 2002 година групата потпишала договор соRCA Records.
Првата плоча на групата,EP под насловHoly Roller Novocaine, била објавена на 18 февруари 2003 година. ЕР-то добило оценка 4 од 5 ѕвезди од списаниетоRolling Stone. Четири од петте песни на ЕР-то подоцна биле вметнати во првиот албум на групата,Youth and Young Manhood.
АлбумотYouth and Young Manhood бил издаден во јули 2003 година и бил продуциран од Анџело Петраља и од Итан Џонс.[3] СписаниетоРолинг стоун, поради ретро-изгледот на групата и спојот на буги со гаражен рок ги споредило соLynyrd Skynyrd и со Strokes. Албумот станал сензација во Обединетото Кралство и во Ирска, кадеNME го прогласил за „еден од најдобрите деби албуми во последните 10 години“, аThe Guardian групата ја опишал како „еден вид на автентични, влакнести бунтовници какви штоРолинг Стоунс копнееја да бидат“. Албумот поминал без позабележителен успех во САД, каде што критиките биле мешани, а новата рок-публика била незаинтересирана за нив.
Вториот албум на групата,Aha Shake Heartbreak, бил издаден во Обединетото Кралство во октомври 2004 година и во САД во февруари 2005 година. Групата добила пофалби од неколку нивни рок-современици, вклучувајќи го иЕлвис Костело, а исто така во текот на 2005 и 2006 година била на турнеја со:U2,Боб Дилан иПерл Џем.[4][5][6]
Во април 2007 година бил издаден третиот албум на Kings of Leon насловенBecause of the Times. Албумот дебитирал на прво место на топ-листите за албуми во Велика Британија и во Ирска. Иако бил пофален од некои критичари,[7][8] други сметале дека албумот е инфериорен во однос на нивните претходни дела.[9]
Пробив на светската музичка сцена и популарност: 2008–2010
На 19 септември 2008 година, Kings of Leon го издале четвртиот студиски албум,Only by the Night. Албумот успешно се продавал и се пласирал во топ-10 на топ-листите за албуми во над 10 земји. Албумот официјално станал трет најпродаван албум во Обединетото Кралство за 2008 година,[10] најпродаван албум во 2008 година во Австралија[11] и 18-ти најпродаван албум во 2000-тите во ОК. Водечкиот сингл од албумот, „Sex on Fire“ бил објавен на 8 септември. Песната се искачила на прво место во Обединетото Кралство, Ирска, Австралија и Нов Зеланд и станала најуспешна песна на групата. Вториот сингл од албумот, „Use Somebody“ стигнал до второ место во Обединетото Кралство и во Австралија, но бил и прв топ-10 хит на групата во САД.
Албумот бил номиниран за најдобар рок-албум на Греми-наградите во 2009 година, а песната „Sex on Fire“ била номинирана во две категории на истите музички награди. НаБританските музички награди во 2009 година групата ги освоила наградите: „Најдобар меѓународен бенд“ и „Најдобар меѓународен албум“.[12][13] Во 2008 година, Kings of Leon го предводеле музичкиот фестивал Гластонбери, а во 2009 година, групата била на многу музички фестивали, како: Reading& Leeds, Rock Werchter, Oxegen, T in the Park, Gurtenfestival и Open'er Festival во Полска, и Sasquatch, Lollapalooza,[14] и Austin City Limits во САД.
На 10 ноември 2009 година групата го издала првото ДВД,Live at the O2 London, England. Во 2009 година, Kings of Leon ја основаале издавачката куќа Serpents and Snakes Records.
На 31 јануари 2010 година, за песната „Use Somebody“ Kings of Leon добиле Греми-награди за: „Запис на годината“, „Најдобра рок изведба од дуо или група“ и „Најдобра рок-песна“.
Петтиот албум на групата, под насловCome Around Sundown, бил издаден на 18 октомври 2010 година.[15] По објавувањето наCome Around Sundown во Австралија, групата сите нумери од новиот албум ги објавила на нејзината веб-страница.[16]
На 31 октомври 2011 година, групата објавила дека во ноември, по завршувањето на нивната австралиска турнеја, ќе одат на пауза. Нејтан изјавил дека паузата на групата не треба да трае подолго од шест месеци.[17]
Шестиот студиски албум од групата,Mechanical Bull, бил издаден во септември 2013 година.[18] Кон крајот на 2013 година, албумот бил номиниран за Греми за „Најдобар рок-албум“.
Kings of Leon во 2017 година
АлбумотWalls (стилизиран како WALLS, акроним заWe Are Like Love Songs) бил објавен на 14 октомври 2016 година.[19] Албумот стигнал до прво место на топ-листата за албуми,Билборд 200.[20]
На 31 март 2020 година, групата објавила акустична снимка во живо од нивната нова песна, „Going Nowhere“ (подоцна преименувана во „Supermarket“) која била вклучена на нивниот осми студиски албумWhen You See Yourself.[21][22] Албумот бил објавен на 5 март 2021 година и бил продуциран од Маркус Дравс кој го продуцирал и нивниот претходен албум.[23] На албумот му претходеле сингловите „The Bandit“ и „100.000 People“, двата објавени на 7 јануари 2021 година.
Kings of Leon станале прва група која продавала новообјавен албум во форма на незаменлив токен (NFT), тип накриптовалута што содржи уникатни средства како музика или уметност. Токените биле развиени и сместени на YellowHeart, платформа за продажба на билети прекублокверижна технологија.[24] Незаменливиот токен (албумот) на групата, исто така, станал прв незаменлив токен кој бил лансиран во вселената.[25]
Деветтиот студиски албумCan We Please Have Fun, Kings of Leon бил издаден на 10 мај 2024 година од LoveTap Records иCapitol Records. Ова бил нивен прв албум кој не бил издаден преку нивната оригинална издавачка куќа,RCA Records. Водечкиот сингл од албумот, „Mustang“, бил објавен истиот ден како и албумот,[26] а по него следувале сингловите „Splitscreen“ (29 март 2024) и „Nothing To Do“ (19 април 2024).