Податоци од набљудување ЕпохаJ2000 РамноденицаJ2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 00м &1000000000000444300000044,43с |
Деклинација | +49° 33′ &1000000000000553300000055,33″ |
Особености | |
{{{компонента}}} | |
Развојна фаза | Црвено џуџе |
Спектрален тип | M3V |
Привидна ѕвездена величина (Kepler) | 15,37 |
Привидна величина (J) | 12,701 ± 0,024 |
Привидна величина (H) | 12,001 ± 0,019 |
Привидна величина (Ks) | 11,783 ± 0,023 |
Привидна величина (r) | 15,754 |
Привидна величина (i) | 14,636 |
Привидна величина (z) | 14,059 |
R−IБоен показател | 1,118 |
J−HБоен показател | 0,700 ± 0,031 |
J−KБоен показател | 0,918 ± 0,033 |
{{{компонента}}} | |
Развојна фаза | Бело џуџе |
Спектрален тип | D |
Привидна ѕвездена величина (Kepler) | 19,45 |
Астрометрија | |
Оддалеченост | 1828 сг (560 пс) |
Орбита[1] | |
Придружник | KOI-256 B |
Период(P) | 1,3786548 ± 0,00001 дена |
Голема полуоска(a) | 0,0250 ± 0,0018 ае |
Занесеност(e) | 0 |
Наклон(i) | 89,01 ± 0,65° |
Перицентарскаепоха(T) | 2.455.373,635498 ± 0,000036 |
Аргумент на перицентарот(ω) (главна) | 90° |
Полузамав(K1) (главна) | 106,5 ± 1,8 км/с |
Податоци[1] | |
KOI-256 A | |
Маса | 0,51 ± 0,15M☉ |
Полупречник | 0,54 ± 0,014R☉ |
Температура | 3.450 ± 50K |
Металичност | 0,31 ± 0,10 |
Вртежна брзина(v sini) | 19,79 ± 0,52 км/с |
KOI-256 B | |
Маса | 0,592 ± 0,084M☉ |
Полупречник | 0,01345 ± 0,00091R☉ |
Температура | 7.100 ± 800K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Архив на вонсончеви планети | — податоци |
KIC | — податоци |
KOI-256 —двојна ѕвезда со местоположба во соѕвездиетоЛебед приближно на растојание од 560 парсекs (1,828 сг) од Земјата.[2] Иако набљудувањата од вселенското леталоКеплер укажувале дека системот содржи џиновскавонсончева планета во орбита околуцрвеното џуџе, подоцнежните истражувања утврдиле дека KOI-256 е двоен сситем од црвено џуџе ибело џуџе.[3][4]
Акронимот „KOI“ значизанимливо Кеплерово тело и означува дека ѕвездата била каталогизирана од страна на вселенското леталоКеплер, за време на неговата потрага за вонсончеви планети вопремин пред матичните ѕвезди. Бројот „256“ е редниот број на ѕвездата.
Првичните набљудувања на мисијатаКеплер укажувале нацрвено џуџе со маса од 0.65 M☉, полупречник од 1.1 R☉, и температура од 3.639 K. За планетарниот кандидат се проценувало дека има маса од 14.8 M🜨, полупречник од 25.34 R🜨, орбитален период од 1,38 денови, температура од 1160 K, иголема полуоска од 0,021астрономски единици.[5][6] Понатамошните истражувања од страна на Мјурхедet al. (2012) ги преразгледале параметрите на планетарниот кандидат и добиле полупречник од5,60 ± 0,76 R🜨, температура од 726 K и голема полуоска од 0,016 ае.[7]
Мјурхедet al. (2013) извршиле дополнителни набљудувања соХејловиот телескоп приПаломарската опсерваторија. Користејќи метод нарадијална брзина за да се забележат вонсончевите планети, екипата на Мјурхед забележала дека црвеното џуџе премногу се ниша за во орбита да имапланета, и поверојатно е дека е под влијание набело џуџе. Користејќи ултравиолетови податоци од вселенското леталоGALEX, се забележало дека црвеното џуџе е особено активно, понатамошно потврдувајќи дека растројувањата се создадени од бело џуџе. екипата ги преразгледала податоците одКеплер, и забележале дека кога белото џуџе ќе поминело пред црвеното џуџе, светлината на црвеното џуџе забележително се искривувала и засјајувала, ефект познат какогравитациска леќа. Иако е малку поголемо од Земјата, белото џуџе има толку голема маса што поголемото црвено џуџе е во орбита околу помалиот придружник.[3]
Со новите набљудувања, се утврдило дека црвеното џуџе има маса од0,51 ± 0,15 M☉, полупречник од0,540 ± 0,014 R☉ и температура од 3,450 ± 50 K (3,180 ± 50 °C). Белото џуџе има маса од0,592 ± 0,084 M☉,полупречник од0,01345 ± 0,00091 R☉ и температура од 7,100 ± 800 K (6,800 ± 800 °C).[1]