DragonForce еанглискипауер метал бенд формиран воЛондон во1999. Групата е позната по нивните брзи песни, двојни гитарски солажи и вметнувањето на звуци со електронски ефекти во нивната музика.
Гитаристите Херман Ли и Сем Тотман се единствените двајца членови кои се во бендот од неговото основање па сѐ до денес. Нивниот последен албумThe Power Within бил издаден на5 април2012 година.
DragonForce се формирани во 1999 од дел од членовите на распаднатиот бенд Demoniac, под името DragonHeart, но подоцна ќе го сменат името во DragonForce поради истоимениот бразилски бенд.[1] Кариерата им започнува со објавување на песни наMP3.com, со што се искачуваат на врвот на мрежното место по бројот на симнувања. Првата нивна песна „Valley of the Damned“ достигнува 500.000 симнувања за првите неколку минути откако е поставена. Двајца од членовите (Стив Вилијамс и Стив Скот) ќе го напуштат бендот и ќе го формираат пауер метал бендотPower Quest.[2]
Првата успешна песна им е „Starfire“, од нивниот деби албумValley of the Damned. Песната ќе е забележителна поради тоа што почнува со вовед напијано, што е нетипично за другите песни на бендот. Имаат издадено три албуми, пропратени со турнеи придружувајќи гиHelloween,W.A.S.P. иIron Maiden. Во октомври 2005 басистот Адријан Ламберт ќе се повлече од бендот, официјално за да посвети повеќе време на својот син, а неофицијално поради несогласувањата соХерман Ли и Сем Тотман. По еден месец од неговото заминување бендот ќе потпише соРоудранер Рекордс и го издаваат нивниот засега последен албумInhuman Rampage. Ламберт бил заменет со Фредерик Леклерк.
Песната „Through the Fire and Flames“ ќе се најде на видеоигратаGuitar Hero III: Legends of Rock, што значајно ќе придонесе за порастот на нивната популарност.[3] Четвртиот студиски албумUltra Beatdown бил издаден во август 2008 и бил пропратен со турнеја заедно со финскиотфолк метал бенд Turisas.
Во 2011 бендот го претставил својот новвокалист Марк Хадсон.[4] Новиот член имал искуство како пејач во метал бенд, но никогаш не се занимавал професионално сомузика. Неговиот прв настап со DragonForce бил токму на концертот наIron Maiden, каде настапиле како предгрупа и ја промовирале новата песна „Cry Thunder“.
На 15 април 2012 г. бил објавен петтиот по ред студиски албумThe Power Within. Една од песните на тој албум е „Fallen World“, која според мислењето на бендот е нивната најбрза песна дотогаш. За 2013 е најавена турнеја низИрска иВелика Британија, а треба на настапат и на еден фестивал воАвстралија.[5]
Нагласување на двете гитари, во склоп со брзите метал стилови.
Делови со нагласени придружни вокали.
Текстови од епска природа, со оптимистички ставови, повторување на исти фрази во различни песни.
Користење клавијатури во песните.
Влијание од видеоигри во дел од нивните песни.
Често стилот на бендот е условуван и со екстремен пауер метал. Херман Ли во едно интервју ќе каже:
„Нинтендо метал, екстремен пауер метал, Бон Џови on Speed, Journey измешан со Slayer... секогаш луѓето наоѓаат некои чудни категории во кои нѐ сместуваат.“