Групата Clean Bandit била основана од Грејс Чато (виолончелистка и пејачка), браќата Џек и Лук Патерсон (клавијатури и саксофон, соодветно) и Нил Амин-Смит (виолинист). Членовите на групата се запознале додека студирале наУниверзитетот во Кембриџ.[1] Во 2011 година, Чато и Џек Патерсон основале сопствена компанија за филмска продукција, Cleanfilm, за да прават музички спотови за нив и за други музичари.[1]
Clean Bandit, заедно со пејачките Флоренс Ролингс и Елизабет Трој, на Way Out West во Гетеборг, Шведска, август 2014 година
Во декември 2012 година, Clean Bandit го издале првиот сингл „A+E“, кој се искачил на 100-то место натоп-листата за синглови во Велика Британија. Прв поголем успех имале со синглот „Mozart's House“, издаден во март 2013 година, кој бил инспириран од класична музика и добил позитивни рецензии. Песната се искачила на 17-то место на топ-листата за синглови во Велика Британија. Нивниот трет сингл „Dust Clears“ стигнал 43-то место во ОК. Четвртиот сингл на групата „Rather Be“ во соработка соЏес Глин бил објавен во јануари 2014 година и се искачил на врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија. Песната завршила како втора најпродавана песна за годината во Обединетото Кралство (зад „Happy“ одФарел Вилијамс).[2] „Rather Be“ исто така бил на прво место во: Австрија, Финска, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска, а стигнал до десетто место на американскиотBillboard Hot 100. Првиот студиски албум на групата,New Eyes, бил издаден во јуни 2014 година.[3] Во ноември, групата повторно соработувала со Џес Глин, на нивниот сингл „ Real Love“ кој се искачил на второ место во Обединетото Кралство.[4] Истиот месец, групата настапила како дел од хуманитарната група Band Aid 30 заедно со други британски и ирски поп-изведувачи и заедно ја снимиле најновата верзија од песната „Do They Know It's Christmas?“ за да соберат пари за кризата со ебола воЗападна Африка во 2014 година.[5]
Во февруари 2015 година, „Rather Be“ освоил Греми награда за најдобар денс-запис.[6]
Во октомври 2016 година, било објавено дека виолинистот и пијанист Нил Амин-Смит одлучил да ја напушти групата.[7][8] Два дена подоцна, групата ја објавила песната „Rockabye“, во која учествуваат раперотШон Пол и пејачкатаЕн-Мари. „Rockabye“ станала нивна втора песна која се искачила на прво место во Обединетото Кралство,[9] каде се задржала девет недели. Станала најпопуларен божиќен сингл за 2016 година.[10][11] Песната се искачила на прво место во: Ирска, Австралија, Нов Зеланд, Германија, Италија, Шведска и Швајцарија. Во март 2017 година, Clean Bandit го издале синглот „Symphony“ во соработка со шведската пејачкаЗара Ларсон. Песната станала уште еден светски хит, достигнувајќи го врвот на топ-листите во повеќе земји.[12][13]
Clean Bandit на сцената во Рим на 28 јуни 2017 година
Во текот на 2020 и 2021 година, Clean Bandit продолжиле да издаваат успешни синглови, меѓу кои „Tick Tock“ со пејачката Мејбел и раперот 24kGoldn,[15] „Higher“ со Ијан Диор,[16] „Drive“ со германскиот диџеј Топик[17] и ремикс на песната „How Will I Know“ од Витни Хјустон. Овие песни го задржале електро-поп звукот по кој е позната групата, но со поекспериментален пристап кон новите музички трендови.
Помеѓу 2022 и 2024 година, Clean Bandit се раздели со нивната издавачка куќа Atlantic Records и потпиша договор со B1 Recordings.
На 23 јули 2024 година, Clean Bandit ја најавиле новата песна со англиската пејачка Ен-Мари и францускиотдиџејДејвид Гета под наслов „Cry Baby“. Била објавена на 9 август 2024 година.[18]
Clean Bandit се електронска,[19] електропоп[20] и денс-поп група.[21] Групата прави спој на електронска музика со класични дела од композитори какоМоцарт иШостакович.[22]