„Breadline“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||
Сингл одМегадет | |||||
од албумотRisk | |||||
Издаден | 16 февруари 2000 | ||||
Формат | ЦД сингл,дигитално спуштање | ||||
Снимен | 1999 | ||||
Жанр | Хард рок | ||||
Должина | 4:23 | ||||
Издавачка куќа | Капитол | ||||
Композитор | Дејв Мастејн | ||||
Продуцент | Дејв Мастејн и Ден Хаф | ||||
Хронологија на синглови наМегадет | |||||
|
Breadline е песна наМегадет од нивниот осмистудиски албумRisk. Подоцна бил направен ремикс од овој сингл, кој бил наменет зајапонскиот музички пазар.[1]
Оваа песна не е класичнабалада, но сепак е доста уникатна поради нејзината леснамелодија, за разлика од останатата дискографија наМегадет. Во текстот се говори за сиромашенчовек, без никаков имот ипарични средства. Од текстот исто така дознаваме дека бил зависник одкокаин. Бил снимен ивидео запис, кој не се нашол наДВД изданиетоArsenal of Megadeth.
Breadline е и насловот на еденмини албум одМегадет, кој првично не бил издаден воСАД. Денес може да се најде во некои музички продавници, а достапен е и наiTunes. Дискот содржи и двете верзии од оваа композиција, плус 4 ремиксувани песни од претходнитеалбуми.
Марти Фридмен (кој заедно соМастејн ја создал песната), ја вклучил на својот солоалбумFuture Addict, издаден 2008 г. Неговата верзија е доста потешка и подинамична.
Сите песни се напишани и компонирани одДејв Мастејн, додекаМарти Фридмен се потпишува како соавтор намузиката од нумерите 1, 2 и 5.
Breadline ме потсетува на времето кога Елефсон и јас се возевме низ улицата каде се наоѓаше народната кујна. Ги гледавме сиромасите како чекаат во ред со нивните бонови во рака. Чудно, но имаа насмевки на лицата, како воопшто да немаат никакви проблеми. Веројатно нивните умови отрпнале од преголемиот глад и консумирањето дрога и алкохол.
—Дејв Мастејн,1999 г.[2]
Оригиналната верзија на песната премногу ме потсетуваше наI Love Living in the City. Текстот беше многу лош. Многу се разликуваше од тој на албумот. На крајот композицијата испадна добра бидејќи на некој начин им помогнавме на младите деца-бездомници од Америка. Навистина кул работа.
—Дејв Мастејн,2001 г.[2]
|