Artic Monkeys (се чита:Арктик манкиз, буквално:Арктички мајмуни) се англискигараж-рок/инди-рок состав одHigh Green, преградие наШефилд. Создадени се во2002 година, а сегашни членови сеАлeкс Tурнeр(вокал,гитара),Мет Хелдрс (тапани, вокал),Ник O'Малеј (бас гитара) на позиција на која порано бешеЕнди Николсон. Arctic Monkeys постигнаа голем успех со својот прв сингл,I Bet You Look Good On The Dancefloor, кој беше на првите места на бритаснките топ листи (UK Singles Chart). Нивниот дебитански албум,Whatever People Say I Am, That's What I'm Not, објавен 2006 година, беше најбрзо продаден албум во британската музика[1]. Нивниот втор албум,Favourite Worst Nightmare (објавен во 2007), во својата прва недела продаде повеќе од 225 000 примероци низ целиот свет. Arctic Monkeys во 2008 освоијаBRIT Award за најдбар британски албум и за најдобар британски состав. Arctic Monkeys станаа познати преку своите демо снимки преку кои се здобија со обожаватели и останаа запаметени како едни од првите состави кои станале популарни по пат наИнтернет. Набрзо потпишаа договор соDomino Records.
Во 2001 година соседитеАлекс Турнер иЏејми Кук побарале како подарок заБожиќ некој инструмент и двајцата добиле гитара. Откако научиле да свират, создале состав заедно со Турнеоривте школски пријатели Енди Николсон и Мет Хелдерс. Николсон веќе знаел да свири бас гитара па така Хелдерс завршил на тапани. Еден член од магазинот Блендер открива декаАлекс Турнер не бил оригинален пејач на групата. Набрзо после овој текст излезе друг текст во кој се вели дека во раните денови на групата, кога уште никда не настапувале пејач бил Глин Џоунс, но тој се откажал и на негово место дошол Алекс Турнер. Набрзо почнаа да вежбаат воYellow Arch Studios и ја имаа својата прва свирка, 2003 воThe Grapesu во средиштето на Шефилд. После неколку настапи почнале да снимаат свои демо снимки, да ги стваат наCD и на своите настапи им ги делеа на обожавателите. Поради малиот број на цедиња нивните обожаватели меѓусебно ги разменуваа. Тоа на артисите не им сметаше...никогаш не ги направивме тие снимки за да направиме пари. Тие снимки ги дававме на луѓето за да ги слушнат. Затоа настапите беа добри затоа што обожавателите ги знаеја текствоите од песните и ги пееја со нас. Тие лично не преземале одговорност за својата музика, па така признаа дека не знаат од каде нивните песни се нашле наинтернетот. Кога од интервјуто заPrefix Magazine ги прашаа за популарноста на нивната страна наMySpace, одговорија дека не знаат што е тоа MySpace и дека нивната MySpace страница ја создале нивните обожавателли. Популарноста започна да им расте во северна Англија, при што добија внимание од BBC радио и британските таблоиди. Марк Бул, локален фотограф (аматер), ги снимал нивните настапи и направи спот за песнатаFake Tales Of San Francisco и го објави на своето мрежно место. Во 2005, Arctic Monkeys го објавија својот првEP,Five Minutes with Arctic Monkeys, на кој се наоѓаат песнитеFake Tales Of San Francisco иFrom the Ritz to the Rubble. Набрзо потоа настапуваа на Carling Stage на Reading & Leeds фестивалот кој беше резервиран само за малку познати или непознати групи. Нивниот настап привлече невообичаено многу публика.