Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Apple

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено одApple Inc.)
Оваа статијаможеби бара дополнително внимание за да ги исполнистандардите за квалитет на Википедија.
Ве молимеподобрете ја оваа статија ако можете.
Apple Inc.
Податотека:Apple logo black.svg, Apple logo white.svg
Видјавна
ISINUS0378331005 Уреди на Википодатоците
ДејностЕлектроника
Информатичка технологија
consumer electronics industry
програмерска индустрија
разработка на програми Уреди на Википодатоците
Основаноаприл 1 1976 (1976-04-01) (incorporated January 3, 1977 as Apple Computer, Inc.)
Основач
Седиште,
САД
Испостави
364 retail stores(од октомври 2011[update])
Опслужувани подрачја
во светски рамки
Производи
Услуги
Доход US$ 108.249 билиони (2011)[2]
Оперативен доход
US$033.790 билиони (2011)[2]
Нето-доход
US$025.922 билиони (2011)[2]
Вкупно актива US$ 116.371 билиони (2011)[2]
Вк. капитал US$076.615 билиони (2011)[2]
Вработени
60,400 (2011)[3]
ПодружнициБраебурн Капитал,Фајлмејкер,Анобит
Мреж. местоApple.com


Епл (англиски:Apple Inc.), порано позната какоApple Computer, Inc. — американска мултинационална корпорација со седиште во Купертино,Калифорнија која дизајнира, развива и продава електроника, компјутерски софтвер и лични сметачи.
Нивните најпознати хардверски производи се линијата на компјутери Мак,iPod музички изведувач,iPhone смарт телефон иiPad таблет компјутери. Нивниот софтвер ги вклучува оперативните системи OS X и iOS,iTunes медиа пребарувачот,Safari пребарувачот иiLife иiWork места за креативност и производство. Компанијата беше основана на 1 април 1976 година и инкорпорирана какоApple Computer, Inc. на 3јануари 1977. Зборот “компујтер”беше отстранет од нивното име на 9 јануари 2007 година, како рефлексија на променетиот фокус кон потрошувачката електроника после воведувањето наiPhone. Apple е втора по големина компанија за информациска технологија од страна на приходи послеSamsung Electronics, и трета по големина по производство на мобилни телефони послеSamsung иNokia. СписаниетоFortune го именувашеApple Inc. како компанија на која најмногу и се восхитуваат во САД во 2008 и во светот од 2008 до 2012. Како и да е компанијата доби критики за работните практики на изведувачите и за своите еколошки и бизнис практики.

Од ноември 2012,Apple Inc. одржува 394 продавници на мало во 14 земји како и продавници на интернет Apple Store иiTunes Store. Таа е втора по големина јавна трговска инкорпорација во светот по пазарна капитализација со проценета вредност од 414 билиони долари одјануари 2013. Од 29септември 2012 година компанијата има 72 800 постојано вработени со полно работно време и 3300 повремено вработени со полно работно време низ целиот свет. Вкупниот годишен приход низ светот во 2012 изнесувал 156 билиони долари.
Во мај 2013,Apple Inc. достигна до топ 10 на листата на магазинотFortune од 500 за првпат заземјаќи 6 позиции, 11 места погоре од претходната година.

Историја

[уреди |уреди извор]

1976-1980: Основање и надградување

[уреди |уреди извор]
Првиот производ на Apple Inc.

Apple Inc., првиот производ на Apple Inc., беше продаден како собрано коло и му недостасуваа основни делови како тастатура, монитор и куќиште. Сопственикот на овој уред додаде тастатура и дрвено куќиште.Apple Inc. беше основана на 1април 1976 одСтив Џобс ,Стив Возниак иРоналд Вејн за да ја продадат опремата за личниот сметач Apple I. Опремите беа рачни изработени одWozniak и за првпат прикажани на јавноста во компјтерскиот клубHomebrew.Apple I беше продаден како матична плоча (со CPU, RAM, и основни текстуални видео чипови) што е помалку од она што денес се смета за целосен личен сметач. Apple I започна да се продава војули 1976 со цена на пазарот од 666.66 долари (2,690 долари во 2013, прилагодено на инфлацијата)
Apple Inc. беше инкорпориран на 3јануари 1977 безВејн (Wayn) кој го продал својот дел од компанијата наЏобс иВозниак за 800 dolari. Мултимилионеротмајк Маркула обезбедил основна бизнис експертиза и финансирање од 250,000 долари за време на инкорпорацијата на Apple Inc.

Apple II

Apple II беше претставен на 16април 1977 на првиот компјутерски саем на Западниот брег. Тој се разликуваше од неговите големи соперници TRS-80 иCommodore PET, поради неговите графици во боја засновани на ќелиите за табеларни пресметки и отворената архитектура. Додека раните модели користеа обични касетни ленти како уреди за зачувување, тие беа заменети со воведувањето на флопи дискови 5 1/4 инчи и интерфејс, Диск II.

Apple II беше избран да биде десктоп платформа за првата килер апликација ("killer app") во светот на бизнисот, Визикалк (VisiCalc), програма за табеларни пресметувања. Визикалк (VisiCalc) создаваше бизнис маркет за Apple II и им овозможи на домашните корисници компатибилност со канцелариите што е додатна причина за да се купи Епл II (Apple II).Apple беше на далечното трето место доCommodore иTandy сè додека не дојдеVisiCalc.
До крајот на 1970-тите, Apple Inc. имаше персонал од компјтерски дизајнери и производствена линија. Компанијата го претстави “несреќниот”Apple III вомај 1980 како обид да се натпреварува соИБМ (IBM) иМикрософт (Microsoft) во бизнисот и корпоративниот компјутерски пазар.
Џобс и неколку вработени воApple Inc., вклучувајќи го и Џеф Раскин , го посетијаXerox PARC водекември 1979 за да го видатXerox Alto.Ксерокс му овозможи тридневен пристап до просториите наPARC на инженери на Apple Inc. во замена за опцијата да купи 100 000 акции (800,000 поделено –прилагодени акции) од Apple Inc. по цена од 10 долари по акција. Џобс веднаш беше убеден дека сите идни компјутери ќе користат графички кориснички интерфејс (GUI graphical user interface) и развивањето на графички кориснички интерфејс (GUI) започна со Епл Лиса.
На 12декември 1980, Apple Inc.излезе во јавност со 22 долари за акција , генерирајќи повеќе капитал отколку било кој ИПО од КомпанијатаФорд Моторс во 1956 и веднаш создаваше повеќе милионери отколку било која компанија.

1981–1985: Лиза и Мекинтош

[уреди |уреди извор]
Првиот Мекинтош, направен во 1984

Стив Џобс започнал да работи наApple Lisa во 1978, но во 1982 тој бил отстранет од тимот поради заткулисни пресметки. Џобс го презел ниско буџетниот компјутерски проект наЏеф Раскин,Макинтош. Избила трка помеѓу тимот наLisa и тимот наMacintosh за тоа чиј производ ќе излезе прв.Лиза ја доби битката и во 1983 стана првиот личен сметач продаден на јавноста соGUI (графички кориснички интерфејс) но беше комерцијален неуспех поради високата цена и ограничените софтврески можности.
ПрвиотМекинтош излезе во 1984.
Во 1984, Apple Inc. потоа го ласнирашеМекинтош. Неговото деби беше објавено на сега познатата телевизиската реклама вредна 1,5 милиони долари "1984". Таа беше режирана одРидли Скот и беше емитувана за време на третата четвртина одSuper Bowl XVIII на 22јануари 1984. Таа сега се смета за пресвртница за успехот на Apple Inc. и како „ремек-дело“.
На почетокотМекинтош се продавал добро , но продажбите кои следеа не биле добри поради високата цена и ограничените софтверски можности. Среќата на машината се сменила со претставувањето наLaser writer, првиотPost Script ласерски печатач кој бил понуден по разумна цена, иPageMaker ран десктоп издавачки пакет. Беше предложено дека комбинација од овие три производи била одговорна за создавање на десктоп издавачки пазар. Mak (Mac) беше особено моќен во десктоп издавачкиот пазар како резултат на напредните графички способности, кои биле неопходно изградени за да го создаваат интиутивниот графички кориснички интерфејс наMacintosh GUI.
Во 1985 моќна борба се разви помеѓу Џобс и Џон Скули извршен директор, кој бил најмен пред две години. Одборот на директори од Apple Inc. му давале инструкции на Скули да го “следи” Џобс и да ја ограничи неговата способност да лансира скапи упади во нетестирани производи. Наместо да ги послуша насоките на Скули , Џобс се обидел да го отстрани него од водечката улога во Apple Inc.. Скули дознал дека Џобс се обидува да организира пуч и повикал состанок на одборот на кој Одборот на директори на Apple Inc. застанал на негова страна и го остраниле Џобс од неговите менаџерски должности. Џобс поднел оставка од Apple Inc. и ја основалНекст Инк. истата година.

1986-1997: Опаѓање

[уреди |уреди извор]
Macintosh Portable беше првиот Apple пренослив компјутер произведен во 1989 година.

ПортаблотМекинтош бил претставен во 1989 и бил дизајниран да биде моќен колку и декстопМекинтош, но тежел гломазни 7.5 килограми (17 lb) со дванаесет часовнабатерија. После Портаблот Мекинтош, Apple Inc. го вовел иPowerBook во 1991. Истата година, Apple Inc. го вовел и Систем 7, голема надградба на оперативниот систем којшто додал боја во интерфејсот и воведил нови мрежни способности. Тој останал архитектурна база заMac OS до 2001.

Успехот наPowerBook и другите производи донеле зголемен приход. Некое време на Apple Inc. му одеше неворојатно добро, воведувајќи нови свежи производи и генерирајќи профит во процесот. МагазинотMacAddice го именувал периодот помеѓу 1989 и 1991 како "прво златно доба" наМекинтош.
Следејќи го успехот наMacintosh LC, Apple Inc. воведе Центрис (Centris) линија, нискатаQuadra понуда, и несреќнатаPerforma линија која беше продавана со неверојатен број на конфигурации и софтверски снопчиња за да се избегне натпреварување со различните потрошувачки места какоSears,Price Club), иWal-Mart (основните дилери на овие модели. Потрошувачите беа збунети и не ги разбираа разликите помеѓу моделите.

За ова време Apple Inc. експериментираше со бројни неупсешни производи кои беа цел на потрошувачите, дигитални камери, портабле ЦД аудио изведувачи, звучници, видео консоли и ТВ додатоци. Огромни средства беа исто така инвестирани во проблематичната Њутн дивизија заснована на нереалната пазарна прогноза наЏон Скули. На крајот ниеден од овие производи не помогна и пазарот на Apple Inc. и цените на акции почнаа да опаѓаат.

Apple Inc. ги гледашеApple II сериите како премногу скапи за да ги произведуваат, додека ги преземаше продажбите од евтиниотМекинтош. Во 1990, Apple Inc. го пуштиMacintosh LC со единечен слот за експанзија заApple II и картичката што ги пренесе корисниците наApple II на платформата наМекинтош. Apple Inc. престана да го продаваApple II во 1993.

PowerBook 100

Микрософт продолжи да го добива пазарот соWindows фокосирајќи се на испорака насофтвер на евтини лични сметачи додека Apple Inc. испорачуваше богат инженерски, но скап, со искуство кој се потпирал на маргините на високиот профит и никогаш не развил јасен одговор. Наместо тоа тие ги тужеаMicrosoft за користење на графички кориснички интерфејс сличен на оној на Епл Лиса во Епл Компјутери . против Микрософт Корпорација. Тужбата се влечеше со години пред да биде конечно отфрлена. Во исто време серија од големи производствени неуспеси и пропуштени рокови ја урнаа репутацијата на Apple Inc. и Скули беше заменет сомајкл Спиндлер.

Apple Newton MessagePad

Њутн беше првиот упад на Apple Inc. на ПДА пазарите, а исто така и прв на пазарот. И покрај тоа што беше финасиски пораз во времето на неговото појавување, тој помогна да се расчисти патот заПалм Пилот иiPhone иiPad на Apple Inc. во иднина. До раните 1990-ти, Apple Inc. развиваше алтернативни платформи наМекинтош, како A/UX. Apple Inc. исто така започна со експериментирање во обезбедувањето на онлајн портал којшто тие го нарекоа еВорлд (eWorld), развиен во соработка соАмерика онлајн (America Online) и дизајнираше Мак-френдли алтернатива за другите онлајн услуги какоCompuServe.Мекинтош платформата самата по себе стануваше застарена бидејќи не беше создадена за извршување на повеќе задачи и неколку важни софтверски рутини биле програмирани директно во хардверот. Во дополнение, Apple Inc. се соочуваше со конкуренција од OS/2 и UNIX продавачи како Sun Microsystems.Мекинтош ќе треба да биде заменет со нова платформа или преработен за да може да работи на помоќен хардвер.
Во 1994, Apple Inc. се здружи со ИБМ иМоторола во АИМ ) алијанса. Целта беше да создаваат нова компјутерска платформа (the PowerPC Reference Platform), која ќе го користи хардверот на ИБМ иМоторола дуплиран со софтверот на Apple Inc.. Алијансата на АИМ се надеваше дека перформансите на PreP и софтверот на Apple Inc. ќе го остават персоналниот компјтер далеку зад себе, и на тој начин борбата против Микрософт. Истата година, Apple Inc. го воведеPower Macintosh, првиот од многуте Епл (Apple) компјутери кои го користат обработувачот на Моторола (Motorola's PowerPC processor).
Во 1996,мајкл Спиндлер беше заменет соЏил Амелио како извршен директор.Џил Амелио направи многу промени во Apple Inc., вклучувајќи големи отпуштања. После бројни неуспешни обиди да го подобри Мак ОС (Mac OS), прво со проектот Талигент (Taligent project), подоцна соCopland иGershwin, Амелио избра да го купиNeXT и неговиотNeXTSTEP оперативен систем, носејќи гоСтив Џобс назад во Apple Inc. како советник. На 9јули 1997, Џил Амелио беше истеран од Одборот на Директори после надгледување на тригодишна ниска цена на акциите на пазарот и осакатени финансиски загуби. Џобс стана привремен извршен директор и започна со реконструирање на производствената линија на компанијата.
На Макворлд Експо во 1997,Стив Џобс изјави дека Apple Inc. ќе му се придружи наМикрософт за да издадат нова верзија наМикрософт Офис заМекинтош, и декаМикрософт заработи 150 милиони долари инвестиција во акциите без право на глас на Apple Inc..
На 10ноември 1997, Apple Inc. воведеApple Online Store, врзана со нова структура на порачување на производствена стратегија.

1998-2005: Враќање кон профитабилноста

[уреди |уреди извор]
Apple продавниците им овозможија на потенцијалните купувачи да го користаатfloor model

На 15 август 1998, Apple Inc. воведе нов компујтер ‘се во еден’ кој потсетуваше на Мекинтош (Macintosh 128K):iMac. Дизајнерскиот тим наiMac беше воден одJonathan Ive, кој подоцна го дизајниралiPod иiPhone.iMac имал одлики од модерната технологија и уникатен дизајн и бил продаден во скоро 800,000 примероци во првите пет месеци.
Низ овај период , Apple Inc. закупил неколку компании да создаваат портфолио од професионални и дигитален производственсофтвер кој ќе биде ориентиран кон потрошувачите. Во 1998, Apple Inc. ја објави набавката на Макромедиа Фајнл Кат (Macromedia's Final Cut) софтвер, сигнализирајќи ја експанзијата во дигиталниот издавачки пазар. Следната година, Apple Inc. издаде два видео издавачки производи.:iMovie за потрошувачиѕте и за професионалците,Фајнл Кат Про, кој прерасна во значајна видео-издавачка програма со 800 000 регистрирани корисници на почетокот во 2007. Во 2002 Apple Inc. ја купиNothing Real за нивната напредна дигитална композирачка апликацијаShake,како иEmagic за нивната музичка продуктивна апликацијаLogic, која водеше до развој на нивната апликација за потрошувчитеGarageBand.
Пуштањето наiPhoto истата година го коплетирашеiLife suite.
Mалопродажните продавници на Apple Inc. му овозможи на потенцијалните потрошувачи да ги користат подните модели без да направат набавка. (Apple Store, North Michigan Avenue, Chicago, Illinois in 2005).
Мак ОС, заснован на НЕКСТ ОПЕНСТЕП и БСД Уникс беше пуштен во продажба на 24 март 2001, после неколку години развој. Ценејќи на потрошувачите и професионалците какоMac OS X било со цел да се комбинира стабилноста, доверливоста и безбедноста наUnix со олеснување на користењето овозможено од извлечениот кориснички интерфејс. За да им се помогне на корисниците во миграцијата одMac OS 9, новиот оперативен систем го овозможи користењето на OS 9 апликациите низMac OS X so Класик околина.
На 19 мај 2001, Apple Inc. ја отвори првата официјална продавница на мало воВирџинија иКалифорнија. На 9јули тие ја купијаСпрус Технологија, авторитетна компанија за ДВД. На 23 октомври истата година, Apple Inc. го објавиiPod портабл дигитален аудиоизведувач и започна да го продава на 10 ноември. Производот беше феноменално успешен – над 100 милиони уреди беа продадени во период од 6 години. Продавница за 003,Apple's iTunes беше отворена која нудеше симнување на музика на интернет за 0.99 долари за една песна и интеграција соiPod. Услугата брзо стана пазарен водач во услугата музички сервис на интернет со над 5 милиони симнувања до 19 јуни 2008.
Од 2001 дизајнерскиот тим на Apple Inc.прогресивно го напушти користењето на проѕирно обоени пластики кои прво се користеле воiMac G3. Ова започна со титанскиотPowerBook и беше следен од белиот поликарбонатенiBook иiMac со рамен панел.

2005-2007: Транзиција на Интел архитектура

[уреди |уреди извор]

MacBook Pro беше првиотлаптоп од Apple Inc. со интелов обработувач беше најавен во 2006. На светската конференција на девелопери при обраќањето на 6јуни 2005,Стив Џобс најави дека Apple ќе започне со производство на Mac компјутери засновани на интелова архитектура во 2006.
На 10 јануари 2006 новитеMacBook Pro иiMac станаа првите Apple Inc. компјутери коишто користеа интеловCore Duo обработувач. До 7август 2006 Apple Inc. ја префрли целата Mac производна линија на интел чипови, една година порано од најавеното.Power Mac,iBook иPowerBook брендовите, беа повлечени за време на оваа транзиција. Нивни наследници станааMac Pro,MacBook иMacBook Pro.

MacBook Pro првиот лаптоп на Apple so Интел-микро обработувач, произведен во 2006 година.

На 29 април 2009 Wall Street Journal изјави дека Apple Inc. собира сопствен тим на инженери кои ќе дизајнираат микрочипови.Apple Inc. исто така воведе камп за обука кој ќе им помогне на корисниците да инсталираатWindows XP илиWindows Vista на нивните интел засновани Mac компјутери покрајMac OS X.Успехот на Apple Inc. за време на овој период беше очигледен со подигнувањето на цената на нивните акции на пазарот. Помеѓу почетокот на 2003 и 2006, цената на акциите на Apple Inc. се зголеми повеќе од 10 пати, од почетни $6 по акција, на повеќе од $80. Војануари 2006 цената на Apple Inc. ја надмина цената наDell. Девет години претходно директорот наDellмајкл Дел рече дека ако тој би бил раководител на Apple Inc. тој би го затворил и би им ги вратил парите на акционерите. ИакоApple-овиот удел на пазарот за компјутери порасна, сепак многу заостануваше позади конкурентите кои користеаMicrosoft Windows, со удел од само 8% на десктопите и лаптопите воАмерика.

2007-2011: Целосен успех

[уреди |уреди извор]
iPhone

Apple достигна целосенуспех со нивнитеiPhone,iPod Touch иiPad производи, кои воведоа иновации во мобилните телефони, преносните музички изведувачи и лични сметачи. Додатно, со воведувањето на продавница за купување на софтверски апликации претставуваше нов бизнис модел. Екраните на допир беа измислени и употребени и претходно во мобилните телефони, но Apple Inc. беше прватафирма која успеа да го придобие целиот пазар со ваквиот интерфејс, којшто вклучуваше одредени однапред програмирани гестикулации на допир.Со давањето на говорот наMacworld Expo на 9јануари 2007, Џобс најави декаApple Computer Inc. од тој момент ќе биде познат како Apple Inc., затоа што компјутерите веќе нема да бидат во главен фокус на компанијата, која го смени своето внимание кон мобилните апарати. На истиот настан беа најавениiPhone иApple TV. Следниот ден акциите на Apple Inc. се дигнаа на $97.80, што беше највисоката цена на акции од оваа фирма до тогаш. Вомај, цената на акциите на Apple Inc. надминаа $100.Во натпис објавен на страната на Apple Inc. на 6 февруари 2007,Стив Џобс пиша дека Apple Inc. ќе продава музика прекуiTunes продавницата без менаџмент на дигиталните права (DRM) (што би овозможило траките да бидат пуштани на други изведувачи), ако издавачките куќи се согласат да се откажат од оваа технологија.
На 2април 2007, Apple Inc. иEMI заедно објавија дека ќе ја отстранатDRM технологијата од каталогот наEMI производите воiTunes продавницата, започнуваќи одмај таа година. Другите издавачки куќи го следеа овој пример подоцна таа година.
Војули следната година, Apple Inc. ја отвориApp продавницата за продажба на апликации направени од страна на трети лица, заiPhone иiPod Touch. За еден месец продавницата продаде над 60 милиони апликации со придонес од 1 милион долари дневно во просек, со шпекулации одСтив Џобс декаApp продавницата може да стане бизнис кој ќе придонесува милијарди долари за Apple Inc. Три месеци подоцна, беше најавено дека Apple Inc. стана трета по ред најголемафирма за достава намобилни телефони во светот поради популарноста наiPhone.
На 16декември 2008, Apple Inc. најави дека после повеќе од 20 години присуство наMacworld, 2009 ќе биде последна година во која Apple Inc. ќе присуствува наMacworld Expo и декаФил Шилер ќе го одржи финалниот говор наместоЏобс. Скоро точно за еден месец потоа, 14јануари 2009, беше објавено интерно писмо одЏобс каде што најавува дека ќе земе шест месечно отсуство, до крајот на јуни 2009, што ќе му дозволи подобро фокусирање на неговото сопствено здравје и ќе и дозволи на компанијата подобро да се фокусира на нејзините производи отколку да се шират шпекулации за неговото здравје. И покрај отсуството на Џобс, Apple Inc. го забележа најдобриот не празничен квартал (Q1 FY 2009) за време на рецесија со приход од $8.16 милијарди и профит од $1.21 милијарди.После години на шпекулации и мноштво наводни истекувања на информации, на 27јануари 2010 Apple Inc. најавува мултимедијален уред со голем екран познат какоiPad.iPad-от работи на истиот систем заснован на допир какоiPhone и користи многу од иститеiPhone апликации кои се компатибилни соiPad. Ова му обезбеди наiPad-от голема каталошка список на апликации за време на неговото претставување дури и со краткото време за развој на истите пред неговото пуштање во продажба. Подоцна таа година на 3април 2010,iPad беше пуштен во продажба воАмерика и се продадоа повеќе од 300,000 парчиња тој ден, достигнуваќи повеќе од 500,000 продадени парчиња до крајот на неделата. Вомај истата година, акциите од Apple Inc. ги надминаа тие од противникотMicrosoft за првпат од 1989. Apple Inc. ја издаде четвртата генерација наiPhone, што воведе видео повикување, повеќезадачност, и нов дизајн со неизолиран нерѓосувачи челик, што има и втора функција како телефонска антена. Поради имплементирањето на овааантена некои корисници наiPhone 4 пријавија намалување на јачината на сигналот кога телефонот ќе се држи на одреден начин. После поголема покриеност од медиумите вклучуваќи и главни новинарски организации, Apple Inc. одржа прес конференција во која тие им понудија на купувачите бесплатна гумена „одбојна“ опаковка, која што беше докажано дека го елеминира овој проблем со намалување на сигналот. Подоцна истата година Apple Inc. ја обнови нивната линија на MP3-изведувачи, претставуваќи мулти-допиренiPod Nano,iPod Touch соFaceTime иiPod Shuffle со дугмиња кои ги вратија дугмињата од поранешните генерации.
Вооктомври 2010, акциите на Apple Inc. достигнаа нов максимум, достигнуваќи $300. Додатно на 20октомври Apple Inc. ги унапреди нивнитеMacBook Air лаптопи,iLife комплет на апликации и го претставиMac OS X Lion, најновата инсталација на нивниотMac OS X оперативен систем.
На 6јануари 2011, компанијата ја отвори нивнатаMac App продавница, платформа за дистрибуција на дигиталенсофтвер , слична на дотогашнатаiOS App продавница. Apple Inc. беше вклучен во документарниот филм“Something Ventured”, чијашто премиера беше во 2011.

Од 2011 до денес: Ерата по Стив Џобс

[уреди |уреди извор]

На 17јануари 2011,Џобс најави во уште едно интерно „Епл“ писмо дека ќе земе уште едно боледување на неодреден период, што ќе му помогне да се фокусира на неговотоздравје. Главниот оперативен директорТим Кук ги презеде секојдневните опрации на „Епл“ наместоЏобс, иакоЏобс сè уште би останал „вклучен во главните стратешки одлуки на компанијата“.
„Епл“ стана највредниот бренд восветот.
Војуни 2011,Стив Џобс неочекувано се појави сцената и го претставиiCloud, онлајн простор за чување на податоци и сервис за синхронизирање намузика, фотографии, податотеки и софтвер што го замениMobileMe, претходниот обид на „Епл“ за синхронизација. Ова ќе биде последното претставување на производ на кое Џобс ќе присуствува пред неговатасмрт. Беше дебатирано дека „Епл“ достигна таква ефикасност во нивниот синџир на добавување што компанијата оперира како монопол (еден купувач, многу продавачи), со што може да ја диктира цената на добавувачите. Војули 2011, поради Американската криза, финансиските резерви на „Епл“ беа за кратко поголеми од тие на Американската влада.
На 24август 2011, Џобс даде оставка на позицијата извршен директор на „Епл“. Тој беше заменет од страна наТим Кук и Џобс стана претседател на „Епл“. Пред ова „Епл“ немаше претседател но имаше двајца директори,Андреа Јанг иАртур Д. Левинстон, коишто ги задржаа своите титули сè додекаЛевинстон не стана претседател на одборот воноември.
На 4октомври 2011, „Епл“ го најавиiPhone 4S, којшто вклучување подобрена камера со 1080p видео снимање, двојадрен А5 обработувач способен за седум пати побрза графика од А4, „интелегентен софтверски асистент“ нареченSiri, и информации добиени од интернет соiCloud. Следниот ден, на 5октомври 2011, „Епл“ изјави декаЏобс почина, обележуваќи крај на една ера за „Епл“iPhone 4S беше официјално пуштен во продажба на 14октомври 2011.
На 29октомври 2011, „Епл“ ја купиC3 Technologies, компанија за мапирање, за $240 милиони, која што е трета компанија за мапирање која што е купена од страна на „Епл“.
На 10јануари 2012, „Епл“ плати $500 милиони за да ја купиAnobit, Израелска компанија за хардвер која развива и обезбедува комерцијална технологија за обработка на мемориски сигнал кој ги подобрува перформансите на флеш меморијата користена воiPhone иiPad.
На 19јануари 2012,Фил Шилер од „Епл“ ги претставиiBooks учебниците заiOS иiBook Author заMac OS X воЊујорк, што беше првото големо најавување од страна на „Епл“ после смртта наСтив Џобс, којшто изјави во неговата биографија дека сакал да го реизмисли учебникот и едукацијата.
Третата генерација наiPad беше најавена на 7 март 2012. Тој вклучуваRetina дисплеј, нов обработувач, пет мегапикселна камера и 1080p снимање.
На 24јули 2012, за време на конференциски повик со инвеститорите,Тим Кук изјави дека ја сакаИндија но дека Apple Inc. ќе очекува поголеми шанси надвор одИндија, повикуваќи се на причината за 30% сорсирање одИндија.
На 20август 2012, дигањето на акциите на „Епл“ ја издигнаа вредноста на компанијата на рекордни $624. Ова го поништи записот за неинфлацирно подесување за пазарна капитализација поставен од страна наMicrosoft во 1999. На 24август 2012, Американски судија досуди декаSamsung треба да му плати на „Епл“ $1.05 милијарди долари како оштета на интелектуален посед.Samsung рече дека ќе ја обжали пресудата.
На 12септември 2012, „Епл“ го претставиiPhone 5, којшто има зголемен екран, појаки обработувачи и работи наiOS 6. Вклучува во него и нова апликација за мапирање (заменуваќи гоGoogle Maps) што предизвика остри критики. Стана достапен на 21септември 2012 и стана најголемото претставување на Apple, со повеќе од 2 милиони пред нарачки со што се уназади времето за испорака до крајот на октомври.
На 23октомври 2012, „Епл“ го откри новиотiPad Mini, којшто има 7.9 инчен екран во споредба со 9.7 инчниот екран наiPad. Apple Inc., исто така ја претстави новата трета генерација на 13-инчниотMacBook Pro соRetina екран,iPad 4 којшто го вклучува новиотLightning dock конектор и новитеiMac иMac Mini компјутери. После најавувањето наiPad Mini и четвртата генерација наiPad на 3 ноември 2012, „Епл“ изјави дека продале 3 милиони парчињаiPad за три дена од неговото претставување, но не ги спомнуваат продажните броеви на специфичниiPad модели.
На 10ноември 2012, „Епл“ потврдува глобална спогодба со којашто ќе се отфрлат сите тужби помеѓу Apple Inc. иHTC до тој датум во полза на десетгодишен договор за размена на моментални и идни лиценци и патенти помеѓу двете компании. Се предвидуваше дека „Епл“ ќе заработи $280 милиони годишно од оваа зделка соHTC.
Водекември 2012, во ТВ интервју за NBC‏‎ кое беше исто така пуштено наToday morning show, извршниот директор на Apple Inc.Тим Кук изјави дека во 2013 компанијата ќе произведе една од постоечките линии наMac компјутери воАмерика. Во јануари 2013,Кук изјави дека очекуваКина да ја надминеАмерика како пазар за Apple Inc. производи.
Вомарт 2013, „Епл“ најавува патент за систем за променета реалност (AR) кој може да идентифицира објекти во видео проток и да претстави информација која е во сооднос на тие објекти низ компјутерски генериран информациски слој којшто е нанесен врз вистинската слика.
Во 2014 година, „Епл“ ја презел фирмата „Битс електроникс“ (Beats Electronics) по цена од 3,2 милијарди долари, што претставувало најголемо преземање во историјата на „Епл“.[4]
Во 2019 година, „Епл“ го откупил производството на модеми од „Интел“ за што плати милијардадолари. Врз основа на договорот, „Епл“ се обрзал да ги презеде сите 2 200 вработени во единицата за производство намодеми, заедно со опремата и патентите на „Интел“ во оваа област.[4]

Производи

[уреди |уреди извор]

Мекинтош (Mac)

[уреди |уреди извор]
  • MacBook Air: Претставува ултра тенок, ултра - пренослив лаптоп, произведен во 2008 година.
  • MacBook Pro: Професионален лаптоп, воведен во 2006 година.
  • Mac Mini:
  • iMac:
  • Mac Pro:

Apple продава на различни компјутерски додатоци за шшMacsѓѓ, вклучувајќиMagic Mouse,Magic Trackpad,Wireless Keyboard,Battery Charger,the AirPort wireless networking products, andTime Capsule.

Ајпад (iPad)

[уреди |уреди извор]

На 27 јануари 2010, Apple го претстави нивниот долго очекувам медиа таблетiPad, којшто имаше изменета верзија наiOS. Тој нуди мулти –допир интеракција со мултимедијален формат вклучувајќи весници, списанија, е-книги, учебници, слики, филмови, видеа од ТВ-шоу, музика, обработка на документи, табеларни пресметки, видео игри и веќе постоечките iPhone апликации. Тој истго така вклучуваше мобилна верзија на Safari за пребарување, а исто така и пристап до App Store,библиотеката iTunes, iBookstore, контакти и бележник. Содржината може да се симнува прекуWi-Fi и опционална3G услуга или синхронизиран преку корисничкиот компјутер. На почетокотAT&T беше услужник на 3G безжичен пристап за iPad само за САД.
На 2 март 2011, Apple го претстави iPad 2, кој имаше побрз обработувач и камера напред и назад. Тој исто така додаде поддршка за опцинална 3G услуга обезбедена одVerizon како дополнение на постоечкиот понуден од AT&T. Како и да е, достапноста наiPad 2 беше ограничена како резултат на разурнувачкиот земјотрес и цунамито кое следеше во Јапонија во март 2011.
На 7 март 2012, Apple ја претстави третата генерацијана iPad, продаван како "the new iPad"(новиот iPad). Тој имаше додаденоLTE услуга од AT&T или Verizon, надграден A5X обработувач, и Retina дисплеј. (2048 by 1536 резолуција), оригинално имплементирана на iPhone 4 иiPhone 4S. Димензиите и формата останаа релативно непроменети, со новиот iPad кој бил за малку подебел и потежок од претходната верзија и мали позициони промени.
На 23 октомври 2012, излезе четвртата генерација на iPad од Apple,продавана како "iPad with Retina display"( iPad со Ретина дисплеј). Тој го имаше додадена надградениотA6X процеоср и го замени традиционалниот 30-pin док конектор со сите дигитални светлечки конектори. iPad mini беше исто така претставен со намален 7.9-инчен дисплеј и одлики скоро слични со внатрешните спецификации на iPad 2. Од неговото пуштање корисниците на, iPad симнале три билиони апликации, додека вкупниот број на симнувања од App Store е над 25 билиони.

Во 2012iPod Shuffle,iPod Nano,iPod Classic, иiPod Touch.

Ајпод (iPod)

[уреди |уреди извор]

На 23 октомври 2001 година, Apple го претставиiPod дигитален музички изведувач. Неколку ажурирани модели оттогаш беа воведени, како и iPod. iPod сега е водач на пазарот во преносливи музички изведувачи со повеќе од 350 милиони единици испратени од септември 2012 година. Apple соработува со Најк да им понуди на Најк + iPod Спорт комплет, овозможувајќи им на тркачите да ги синхронизираат и да ги следат своите работи соiTunes и на +Најк мрежно место.Apple во моментов продава четири варијанти наiPod:

Ајфон (iPhone)

[уреди |уреди извор]
Главна статија:iPhone
Екранот на IPhone е највпечатлива одлика, и е главниот и единствен метод за користење на IPhone.

НаMacworld Conference & Expo во јануари 2007, Стив Џобс го претстави долго очекуваниотiPhone, конвергенција на паметен телефон со интернет и iPod. Оригиналниот iPhone беше пуштен во продажба на 29 јуни 2007 за 499 долари (4 GB) и 599 долари (8 GB) со AT&T договор.На 5 февруари 2008 тој беше преработен да има 16 GB меморија како дополнување на моделите од 8 GB и 4 GB. Тој ги комбинираше2.5G quad band GSM иEDGE мобилниот телефон со одлики кои се наоѓаат во мобилните уреди водејќи ги потанките верзии наApple's Mac OS X (наречен iPhone OS, подоцна преименуван во iOS), со разниMac OS X апликации какоSafari иMail. Тоа исто така вклучува веб заснована иDashboard(табла) апликации какоGoogle Maps(Гугл Мапи) иWeather(Време). iPhone имаше 3.5 инчен (89 mm) дисплеј на допир,Bluetooth, и Wi-Fi (двете "b" и "g").
На Конференцијата за Инвеститори во Светот(Worldwide Developers Conference) (WWDC) на 9 јуни 2008 Apple го објавиiPhone 3G. Тој беше пуштен во продажба на 11 јули 2008 со намалена цена од 199 долари за верзијата од 8 GB и 299 долари за верзијата од 16 GB. Оваа верзија додаде поддршка за 3G мрежата и асистиранаGPS навигација. Рамната сребрена површина и големата квадратна антена од оригиналниот модел беа елиминирани со крива светкава црна или бела позадина. Следејќи ги жалбите на муштериите, претходниот џек за слушалки беше заменет со џек на исто ниво за компатибилност со повеќе видови на слушалки. Софтверските можности беа подобрени со пуштањето наApp Store, обезбедувајќи апликации за симнување кои беа компатибилни со iPhone. На 24 април 2009 App Store премина еден билион симнувања. На WWDC на 8 јуни 2009, Apple го објавиiPhone 3GS. Тој даде зголемено осовременување на уредот вклучувајќи побрзи внатрешни компоненти, поддршка за побрз 3G, можност за снимање на видео и контрола на гласот.
На WWDC на 7 јуни 2010, 2010, Apple го објавиiPhone 4, којшто компанијата го опишува како “најголемиот скок којшто сме го направиле” од оригиналниот модел. Тој имал целосно нов дизајн 960x640 дсиплеј,Apple A4 обработувач кој исто така се користел и во iPad, жироскоп(gyroscope) за подобро играње игри, 5MP камера соLED флеш, преднаVGA камера иFaceTime видео повик. Кратко после неговото пуштање, кај муштериите беа откриени проблеми со приемот, како резултат на не’рѓосувачкиот челичен завој околу работ на уредот кој исто така служеше како мобилен сигнал и Wi-Fi антена. Проблемот беше корегиран соBumper Case дистрибуиран од Apple бесплатно на сите сопственици во рок од неколку месеци. Во јуни 2011, Apple ја престигна Нокиа и стана најголем производител на паметни телефони по обем.
На 4 октомври 2011, Apple го претставиiPhone 4S, кој беше пуштен во продажба во САД, Канада, Австралија, Обединетото Кралство, Франција,Германија иЈапонија на 14 октомври 2011 а следеше и во други држави подоцна таа година. Тој имаше обработувач одApple A5 и е првиот модел понуден од Sprint (здружувајќи ги AT&T и Verizon Wireless како што носителите во САД ги нудеа моделите на iPhone). На 19 октомври 2011, Apple објави договор соC Spire Wireless за да го продава iPhone 4S во блиска иднина, обележувајќи за првпат iPhone-от да биде официјално поддржан на регионалната мрежа. Друга забележителна одлика на iPhone 4S бешеSiri асистирана гласовна технологија, коај Apple ја доби во 2010, како и други одлики, вклучувајќи ги осовременетите 8MP камера со нова оптика. Apple продаде 4 милиони iPhone 4S телефони во првите три денови правејќи го најуспешното пуштање во продажба на било кој мобилен телефон досега.
На 12 септември 2012, Apple ја претстави шестата генерација на iPhone, iPhone 5. Тој додаде 4-инчен дисплеј, 4G LTE врска и надградениот Apple A6 чип, помеѓу неколкуте други подобрувања.Два милиони iPhone-и беа продадени во првите 24 часа од пред продажба и над 5 милиони мобилни телефони во првите три дена од неговото пуштање.

Ејпл ТВ (Apple TV)

[уреди |уреди извор]
Сегашната генерација на Apple TV.

НаMacworld конференцијата која се одржа во 2007 година,Џобс го претставиApple TV, претходно познат како iTV), - врвен видео уред наменет да ја поврзи продажбата на содржини одiTunes со телевизори со висока дефиниција. Уредот се поврзува со телевизорот на корисникот и се сихронизира, или прекуWi-Fi или жична мрежа, соiTunes библиотеката на еден компјутер и врши пренос од дополнителни четири. На почетокотApple TV имаше вграден тврд диск со капацитет од 40 GB, беше вклучен иHDMI излез и компонентен излез, а максималната видео резолуција е 720 пиксели.
На 31 мај 2007 година беше пуштен во продажба тврд диск со капацитет од 160 GB заедно со постоечкиот модел со тврд диск со капацитет од 40 GB, и на 15 јануари 2008 надградена верзија на софтверот беше пуштна во продажба што овозможи содржините да се купат директно одApple TV. Во септември 2009 година, Apple Inc. го прекина производството на првичниотApple TV со тврд диск со капацитет од 40 GB и сега продолжува со производство и продажба наApple TV со тврд диск со капацитет од 160 GB.
На 1 септември 2010 година, паралелно со пуштањето во продажба на новата серија наiPod уреди, Apple Inc. лансира целосно редизајниранApple TV. Новиот уред е една четвртина од првичниот, потивок е, и ја заменува потребата од тврд диск медиа стриминг од било којаiTunes библиотека од мрежата заедно со флеш меморија од 8GB на даунлодиран кеш аудио и видео запис. Apple Inc. покрај iPad и iPhone, со Apple TV го збогати своето портфолио со уште еден уред кој работи со А4 обработувач. Уредот има меморија од 256 MB, односно тоа е една половина од меморијата на iPhone 4; исто како и iPad, iPhone 3GS, iPod touch 3G, и iPod touch 4G. Има HDMI излез, единствен видео излез. Има пристап доiTunes продавницата за изнајмување филмови и телевизиски програми (повеќе не може да се купат), стриминг од интернет видео извори како што сеYouTube иNetflix, и медиа стриминг од iTunes библиотеката. Apple Inc. исто така ја намали цената на уредот на 99$. Третата генерација на уредот беше претставена на еден настан организиран од страна на Apple Inc. на 7 март 2012 година, со нови одлики како што се повисока резолуција (1080 пиксели) и нов кориснички интерфејс.

Софтвер (Software)

[уреди |уреди извор]

Apple Inc. разви сопствен оперативен систем што работи на Macs, OS X, последната верзија е OS X Mountain Lion (верзија 10.. Apple Inc. исто така независно развива компјутерски софтверски наслови за сопствениот OS X оперативен систем. Голем дел од апликациите од софтверот што Apple Inc. ги развива доаѓаат во пакет со копјутерите што Apple Inc. ги произведува. Како пример може да послужи потрошувачки ориентираниотiLife софтверски пакет кој содржи сет од три апликацииiPhoto,iMovie иGarageBand. За презентација, изглед на страница, обработка на текст, достапен eiWork, што вклучуваKeynote, Страни и Броеви.iTunes,Quick Time мултимедијален изведувач,Safari интернет пребарувач, и софтверски апдејт се достапни за бесплатно даунлодирање одMAC OS X и одWindows.
Apple Inc. исто така нуди широк асортиман на софтверски наслови. Нивниот асортиман на опслужувач софтвер вклучува оперативен системOS X Server,Apple Remote Desktop, апликација за далечинско управување на системите, иXsan,Storage Area Network датотечен систем. За професионалниот креативен пазар постоиAperture за професионалнаRAW-format обработка на слика;Final Cut Pro, апликација за видео продукција;Logic Pro сеопфатна алатка за музика, иMotion, програма за создавање напредни ефекти.
Apple Inc. исто така нуди онлајн услуги соiCloud, што овозможува складирање и синхронизирање за широк асортиман на податоци, вклучувајќи email, контакти, календари, слики и документи. Исто така овозможува бекап заIOS, и има можност директно да интегрира апликации од трет уред за уште поголема функционалност. iCloud е четврта генерација на онлајн услуги кои ги нуди Apple Inc., чии претходници сеMobilMe,Mac иiTools, и сите наидоа на различен степен на успех.

Корпоративен идентитет

[уреди |уреди извор]

Лого

[уреди |уреди извор]
Apple Computer лого од 1976 до 1998 година
Првото лого на Apple Inc. - 1976 година
Црното лого на компанијата од 1998 сè до денес

СпоредСтив Џобс,Apple го доби токму тоа име поради тоа штоЏобс се враќал од некоја фарма за јаболка, и бил на овошна диета. Тој сметал дека името е „забавно, енергично, и не е непријатно“. Првото лого на Apple Inc., дизајнирано одРон Вејн, е слика наИсак Њутн како седи под легендарната јаболкница. Набрзо ова лого били заменето од дизајнеротРоб Јаноф со „јаболково виножито“, сега веќе добро познатата силуета на каснато јаболко со бои од виножито.Јаноф му презентирал наЏобс неколку различни еднобојни теми за „каснатото“ лого, и на Џобс тоа веднаш му се бендисало. На Џобс му се бендисало логото, но тој инсистирал да биде во боја која ќе ја хуманизира компанијата. Логото било дизајнирано со загризано јаболко за да не се помеша со цреша. Обоените риги биле наменети да го направат логото подостапно, а не да го репрезентираат фактот декаApple II ќе може да прикажува графика во боја. Ова лого многу често погрешно се смета дека е во чест на Ален Туринг, со тоа што каснатото јаболко укажува на неговиот метод на самоубиство. И Јаноф и Apple негираат какво било оддавање почит кон Туринг во дизајнот на логото.
Во 1998, со претставувањето на новиотiMac, Apple Inc. прекина со употреба на виножитната тема и започна со употреба на монохроматска тема, скоро идентична во форма на претходното олицетворение на виножито, на различни пакети, производи, и реклами.Aqua верзија на монохромското лого се користеше од 2001-2003, и Glass верзија се користи од 2003 година.
Стив Џобс и Стив Вознијак биле обожаватели на Битлси, но Apple Inc. имал проблеми со заштитното лого со Apple Corps Ltd., мултимедијална компанија заснована од Битлси во 1967 година, вклучувајќи го нивното име и лого. Ова резултираше со серија на судски процеси и тензија помеѓу двете компании. Овие проблеми завршија со разрешувањето на нивната скорешна тужба во 2007 година.

Маркетинг

[уреди |уреди извор]

Првиот слоган наApple, „Залак во јаболко“ беше осмислен во доцните седумдесетти години од дваесеттиот век. Од 1997-2002 слоганот „Размислувај Поинаку“ се користеше во рекламни кампањи, и сè уште се поврзува со Apple. Apple исто така користи слогани за посебни производни линии – на пример, (“iThink, therefore iMac”) „Јас размислувам, поради тоа јас купувам Мекинтош компјутери“ се користеше во 1998 за да ги промовира Мекинтош компјутерите и (“Say hello to iPhone”) „Поздрави го iPhone-от“ се користеше во рекламите заiPhone. „Здраво“ (“Hello”) исто така се користеше за да го претстави првичниотMacintosh,Newton,iMac („здраво (повторно)“), иiPod.
Уште од претставувањето наMacintosh во 1984 година соSuper Bowl рекламата во 1984 година сè до модерните “Get a Mac” реклами, Apple Inc. е признат во минатото по своите напори за успешни реклами и маркетинг за своите производи, иако нивниот маркетинг беше критикуван за тврдењата од неколку подоцнежни кампањи, особено Power Mac рекламата и iPhone рекламата во 2005 година воБразил.
Рекламите за производите наApple inc. стекнаа слава со промовирањето на музичарите во светот на славата како резултат на нивните графики кои го ловат окото и привлечни мелодии. Прво, компанијата во својата рекламна кампања ја популаризира песната „1234“ на канадската пејачка Феист.
Подоцна Apple Inc. ја употреби песната “New Soul” на француско-израелскиот пејач-композитор Јаел Наим за промоција на MacBook Air. Деби синглот се искачи на врвот на списокот на синглови и се продадоја сотици илјадници копии во рок од неколку недели.

Лојалност на брендот

[уреди |уреди извор]

Лојалноста на брендот 'Apple се смета за невообичаена за било кој производ. Еден период, евангелистите на Apple Inc. беа активно вклучени од компанијата, но ова беше откако феноменот веќе беше заснован.Гај Кавасаки, евангелист на Apple, занесеноста по брандот ја нарече „нешто на кое што случајно ќе налеташ“. Како и да е, Apple го поддржи постоењето на групите на косрисници на Mac во повеќето големи и многу мали населени места каде Mac компјутерите се достапни. Косрисниците на Mac се среќаваа на европскиот саем за Apple и на Macworld конференцијата и саем во Сан Франциско каде Apple традиционално им ги претставуваше новите производи секоја година на индустријата и на јавноста, сè додека Apple се повелче од двата настани. Додека конференцијата и понатаму продолжува да се одржува, Apple нема официјани претставници таму. Развивачите на Mac, за возврат, и понатаму продолжуваат да се собираат на годишната конференција за развивачи на Apple од целиот свет.
Отворањето на продавници на Apple може де привлече илјадници луѓе, со тоа што има луѓе кои чекаат на ред цел ден пред отворањето или доаѓаат со авион од други држави за настанот. Пред “Cube” продавницата која се наоѓа на познатата њујоршка Петта авенија имаше редица од луѓе долга половина милја. Неколку обожаватели на Mac ја искористија можноста дури и да предложат брак. Отворањето на Гинза во Токио беше проследено од редица на луѓе кои зафаќаа површина од осум градски блока.Џон Скули за весникот Гардиан во 1997 изјави: „Луѓето дискутираат за технологија, но Apple беше маркетинг компанија. Тоа беше маркетинг компанија на деценијата.“ Истражувањата наNetRatings во 2002 укажуваат дека просечниот корисник на Apple вообичаено е побогат и поедуциран во споредба со корисниците на другите компјутерски компании.

Финансиски показатели

[уреди |уреди извор]

На 6 јуни 2014 година, цената наакцијата на „Епл“ изнесувала 645долари, а веќе следниотпонеделник таа паднала на 92 долара, како последица на поделбата на акциите во размер 7:1. Претходно, уште во три наврати „Епл“ извршил поделба на акциите во оснос 2:1, и тоа во 1987, 2000 и 2005 година.[5] На 2 август 2018 година, акциите на „Епл“ ја достигнале пазарната цена од 207,05долари, со што оваа фирма станала првата во историјата чија пазарна капитализација надминала илјада милијарди долари.[6] Само две години подоцна, цената на акциите на Епл достигнала 468 долари со што пазарната капитализација го надминала прагот од две илјади милијарди долари.[7]

Поврзано

[уреди |уреди извор]

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>; нема зададено текст за наводите по имеAppleConf.
  2. 2,02,12,22,32,4„2010 Apple Form 10-K“. Архивирано одизворникот на 2013-06-24. Посетено наOctober 7, 2011.
  3. „2011 Apple Form 10-K“. September 24, 2011. Посетено наOctober 26, 2011.
  4. 4,04,1Мирослав Саздовски, „Епл го презеде производството на модеми од Интел за една милијарда долари“,Економија и бизнис, година 21, број 253, септември 2019, стр. 90.
  5. Александар Матески, „Да, за поделба на акцијата“,Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 54-57.
  6. Мирослав Саздовски, Епл стана првата компанија вредна илјада милијарди долари,Економија и бизнис, година 20, број 242, септември 2018, стр. 80.
  7. Мирослав Саздовски, Епл за две години ја дуплираше вредноста на компанијата која сега надмина две илјади милијарди долари,Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 95.

Литература

[уреди |уреди извор]

Извори

[уреди |уреди извор]
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Apple&oldid=5280558
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp