Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

8 април

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Април 20258 април — 98-иот ден во годината споредгрегоријанскиот календар (99-и вопрестапна година). Остануваат 267 денови до крајот на годината.

Настани:

1513 Шпанскиот истражувачХуан Понсе де Леон ја открилФлорида и ја прогласил за шпански посед. Во 1819.Шпанија ја продала Флорида наСАД за 5 милиони УСД и ветување дека ќе се откажат од претензии конТексас.
1820 Милоска Венера е откриена на островот Милос во Грција и станала првостепена атракција кога била изложена воЛувр воФранција, иако некои не ја делеле воодушевеноста, на примерПјер Огист Реноар рекол дека „потсетува на голем џандар“.
1904 Франција иОбединетото Кралство потпишале „Срдечен сојуз“, предвесник наАнтантата која била воен сојуз во текот наПрвата светска војна иВтората светска војна, и крај на долговековните војни помеѓу двете земји.
1942 ВоБитола бугарската полиција го смртно е повреден членот на месниот комитет наКПЈЈордан Чопела. Следниот ден умира.
1971 ВоЛондон почнаПрвиот конгрес на Ромите кој траеше до11 април. По тој поводОрганизацијата на обединетите нации го прогласи8 април заСветски ден на Ромите.
1993 Соакламација воГенералното собрание на ОН,Република Македонија е примена како 181 рамноправна членка наОрганизацијата на обединетите нации под името „Поранешна Југословенска Република Македонија“.
1995 Република Македонија иСојузна Република Југославија воспоставиле дипломатски односи.

Родени:

1784 Дионисио Агуадо — шпанскикласичен гитарист икомпозитор од времето наромантизмот († 1849).
1859 Едмунд Хусерл — германскифилозоф.
1870 Анастас Лозанчев — македонскиреволуционер († 1945).
1892 Мери Пикфорд — канадско-американскаглумица.
1904 Џон Хикс — британскиекономист.
1909 Џон Фанте — американски писател.
1909 Круме Кепески — македонскипедагог,лингвист,преведувач,собирач на македонски народни умотворби,граматичар, автор на прватамакедонска граматика († 1988).
1911 Емил Чоран — романскифилозоф иесеист († 1995).
1933 Тереза Ижевска — полска глумица († 1982).
1937 Момо Капор — српскиписател исликар.
1938 Кофи Анан — седмигенерален секретар на ООН, добитник наНобеловата награда за мир во2001 година.
1940 Џон Хавличек — американскикошаркар.
1950 Гжегож Лато — полскифудбалер.
1958 Том Петраноф — американскиатлетичар.
1961 Срѓан Гојковиќ — српскирок-музичар, член на групата „Електрични оргазам“.
1982 Генадиј Головкин —казахстанскибоксер.
1986 Игор Акинфеев — рускифудбалски голман.
1988 Рикардо Цојдл — австрискивелосипедист.
1994 Дарио Шариќ — хрватскикошаркар.
1995 Џеди Осман — турски кошаркар.
1998 Милан Ристовски — македонски фудбалер.

Починале:

1848 Гаетано Доницетииталијански оперскикомпозитор од времето наромантизмот.
1914 Јакуб Арбес — чешкиписател, критичар иновинар.
1950 Васлав Нижински — рускибалетан икореограф.
1973 Пабло Пикасо — шпанско-францускисликар.
2013 Сара Монтиел — шпанска пејачка и глумица.
2013 Маргарет Тачер — првата жена-премиер на Велика Британија, наречена „Железната леди“.
2019 Златко Славенски — македонски драматург,режисер иуниверзитетски професор.
2024 Питер Хигс — британскитеоретски физичар, познат по фундаменталната честичкаХигсов бозон, наречена и „божја честичка“.

Празници:

* Светски ден на Ромите
* Роденден наБуда воЈапонија.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=8_април&oldid=4285993
Категорија:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp