Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

7 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Февруари 20267 февруари — 38-иот ден во годината споредгрегоријанскиот календар. Остануваат 327 денови до крајот на годината (328 вопрестапна).

Настани:

1947 Велика Британија предложи план за поделба наПалестина на еврејски и арапски дел кои ќе бидат економски поврзани, а воЕрусалим да биде воведен меѓународен режим. Евреите го прифатија тој план, според кој добија своја национална држава, додека Арапите го отфрлија. Во1948 година британските трупи се повлекоа од Палестина. Истиот ден, во Палестина беше прогласена еврејска независна државаИзраел, која опфаќаше 77 отсто од подрачјето на историска Палестина. Еден ден потоа, арапските држави влегоа на поранешното британско подрачје, а судирите што избувнаа, Израел ги искористи за проширување на своите територии. Тоа беше почеток на низа вооружениизраелско-арапски конфликти кои се претворија во војна.
1965 Силите наСАД почнаа да го бомбардираат северниот дел наВиетнам.
1991 СвештеникотЖан Бертран Аристид е прогласен за претседател наХаити, како прв демократски избран шеф на карипската држава.
1992 Министрите за надворешни работи на „европските дванаесетмина“ воМастрихт,Холандија, потпишаа Спогодба позната какоМастришки договор (која стапи во сила на 1.11.1993 година) по која започна етапа на развојот наЕвропа и преобразба на дотогашнатаЕвропска заедница воЕвропска унија.

Родени:

1102 Матилда — ќерка наХенри I.
1478 Томас Мор — англискихуманист,државник и писател.
1693 Ана — рускацарица.
1812 Чарлс Дикенс — англискиписател.
1814 Адолф Сакс — белгиски призводител надувачки инструменти, изумител насаксофонот.
1870 Алфред Адлер — австриски лекар ипсихолог.
1885 Синклер Луис — американскиписател.
1889 Јозеф Торак — австриско-германскивајар.
1901 А. ден Долард — холандски писател.
1913 Оскар Данон — југословенскикомпозитор идиригент.
1927 Душан Вукотиќ — југословенски аниматор.
1938 Петар Глигоровски — македонски сликар.
1942 Марија Воденска — македонска писателка ипоетеса.
1967 Стјепан Андријашевиќ — хрватскифудбалер.
1974 Стив Неш — канадски кошаркар и тренер.
1978 Ештон Кучер — американски глумец.
1988 Магнус Јондал — норвешкиракометар.
1989 Ник Калатес — грчко-американскикошаркар.
1989 Елија Вивијани — италијанскивелосипедист.
1990 Далајла Мухамад — американскаатлетичарка.
1997 Николо Барела — италијански фудбалер.
1997 Омар Мармуш — египетски фудбалер.

Починале:

590 Пелагиј II — римски папа.
1864 Вук Стефановиќ Караџиќ — реформатор на српскиот литературен јазик.
1876 Партенија Зографски — прв македонскиучебникар,филолог,фолклорист.
1878 Пиј IX — римски папа.
1908 Мануш Георгиев Турновски — македонски револуционер.
1942 Иван Билибинрускиилустратор на сказни исценограф.
1944 Христијан Тодоровски - Карпошнароден херој на Македонија.
1973 Никола Мартиноски — македонскиликовен уметник,педагог иакадемик.
1995 Шишман Ангеловски — македонски драмски и телевизиски артист.
1997 Лазар Манчевски - Пинџур — македонски поет и раскажувач.
1999 Хусеинкрал на Јордан.
2010 Михаило Марковиќ — југословенски и српскифилозоф.
2013 Крсто Папиќ — хрватскирежисер.
2019 Алберт Фини — британски глумец.
2025 Тони Робертс — американски глумец.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=7_февруари&oldid=4285946
Категорија:

[8]ページ先頭

©2009-2026 Movatter.jp