Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

31 октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Октомври 202531 октомври — 304-иот ден во годината споредгрегоријанскиот календар(305-и вопрестапна година). Остануваат 61 денови до крајот на годината.

Настани:

1517 На портата на црквата воВитенберг,Мартин Лутер ги објавил своите 95 тези. Со тоа започналапротестантската реформација вокатоличката црква. Овој ден се слави како „Ден на реформацијата“.
1876 Страотенциклон ја разурналИндија во областа на сливот на рекатаГанг, оставајќи зад себе над 100.000 загинати. Уште 100.000 загинале по невремето од болести.
1892 Артур Конан Дојл ги објавилАвантурите на Шерлок Холмс.
1924 ВоМилано,Италија бил одржан Првиот меѓународен конгрес наштедилниците. Тој ден е прогласен заСветски ден на штедењето.
1956 ВоЕгипет избувнаСуецката војна. За да ја задржат контролата надСуецкиот Канал, Британските и француските авиони го бомбардираа Египет.
1984 Индира Ганди, премиерката наИндија, била убиена од двајца членови на обезбедувањето, етничкиСики. По убиството следеле немири воЊу Делхи во кои биле убиени скоро 2.000 невини Сики.
1994 Водачот на босанските Срби,Радован Караџиќ, објавил „воена состојба“ воБосна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контраофанзива во северозападниот дел на земјата.
1995 Република Македонија e вклучена во програматаФАРЕ.

Родени:

1345 Фердинанд Iкрал на Португалија.
1391 Едвард Португалскикрал на Португалија.
1424 Владислав IIIкрал наПолска иУнгарија.
1705 Климент XIVримски папа од (1769-1774).
1835 Адолф фон Бајер — германскихемичар.
1838 Луис Iкрал на Португалија.
1892 Александар Алехин — рускишахист.
1903 Џоан Робинсон — англискаекономистка.
1905 Хајнрих фон Штакелберг — германскиекономист.
1919 Димитар Богоевски - Митенароден херој на Македонија.
1920 Фриц Валтер — германскифудбалер.
1921 Бранко Станковиќ — српски и југословенскифудбалер и тренер.
1929 Бад Спенсер — италијански глумец.
1930 Мајкл Колинс — американски космонаут.
1939 Али Фарка Туре — музичар одМали.
1942 Атанас Ќушкоски — македонски драмски писател.
1947 Херман ван Ромпој — белгискиполитичар.
1959 Звонко Живковиќ — српски и југословенскифудбалер.
1961 Питер Џексон — новозенландскирежисер.
1963 Џони Мар — англискирок-музичар, член на групатаСмитс (The Smiths).
1964 Марко Ван Бастен — холандски фудбалер.
1968 Ванила Ајс — американскирапер.
1971 Сашо Гешовски — првата жртва одМакедонија во воените конфликти кои избиле во1991 година воСФРЈ.
1972 Григорис Георгатос — грчкифудбалер.
1976 Гути — шпански фудбалер.
1979 Симао Саброса — португалски фудбалер.
1995 Предраг Рајковиќ — српски фудбалски голман.
1997 Маркус Рашфорд — англиски фудбалер.
1999 Јани Атанасов — македонски фудбалер.
2002 Ансу Фати — фудбалер одГвинеја-Бисау.

Починале:

1448 Јован VIII Палеолог — претпоследенвизантиски цар.
1851 Петар Петровиќ - Његошвладика ивладетел наЦрна Гора.
1898 Јосиф Ковачев — македонскипедагог, реформатор,револуционер,политичар и научник.
1984 Индира Ганди — премиер наИндија и истакнат водач наДвижењето на неврзаните.
1987 Џозеф Кемпбел — американскимитолог.
1993 Ривер Феникс — американски глумец и музичар.
1993 Федерико Фелини — италијанскифилмски режисер.
1997 Тадеуш Јанчар — полски глумец.
2002 Михалис Стасинопулос — претседател наГрција.
2002 Раф Валоне — италијанскифудбалер и глумец.
2005 Амрита Притам — индиска писателка.
2006 Питер Бота — претседател наЈАР.
2011 Флоријан Алберт — унгарскифудбалер.
2020Шон Конери — шкотскиглумец.

Празници:

* Светски ден на штедењето
* Ноќ на вештерките
* Ден на реформацијата — празник вопротестантството, особено залутеранците. Државен празник воЧиле.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=31_октомври&oldid=4286168
Категорија:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp