Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

29 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Јануари 202529 јануари — 29-иот ден во годината споредгрегоријанскиот календар. Остануваат 336 денови до крајот на годината (337 вопрестапна).

Настани:

1573 Под водство наМатија Губец, воХрватска избувнаСеланската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнаа австриските и унгарските феудалци. Тоа беше една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието беше крваво задушено, а Матија Губец беше погубен воЗагреб, на 15.02.1573 година. Хрватскиот писателАвгуст Шеноа по тој повод го напиша романот „Селанска буна“.
1963 Францускиот претседателШарл де Гол стави вето на приемот наВелика Британија воЕвропската економска заедница.
1973 ВоАдис Абеба почна заседанието наСоветот за безбедност на ООН, прво заседание на овој орган на ООН на африканскиот континент.

Родени:

1843 Вилијам Макинлипретседател на САД.
1860 Антон Павлович Чеховрускираскажувач идрамски писател.
1866 Ромен Ролан — францускираскажувач,романописец,драматург,музиколог и борец за мир идемократија.
1892 Ернст Љубич — германско-американскирежисер.
1905 Барнет Њуман — американскисликар.
1924 Лујџи Ноно — италијанскикомпозитор.
1934 Бранко Миљковиќ — српски и југословенски поет.
1945 Том Селек — американски глумец.
1965 Доминик Хашек — чешкихокеар.
1966 Ромарио — бразилскифудбалер иполитичар.
1969 Саша Обрадовиќ — српски и југословенскикошаркар и тренер.
1976 Карстен Крон — холандскивелосипедист.
1980 Иван Класниќ — хрватски фудбалер.
1981 Јордан Георгиевски — македонски фудбалер.
1985 Марк Гасол — шпански кошаркар.
1997 Јусуф Јазиџи — турскифудбалер.

Починале:

1962 Фриц Крајзлер — австриско-американскикомпозитор ивиолинист.
1992 Иван Дојчинов — борец воШпанската граѓанска војна, учесник на Првото заседание наАСНОМ, член на Главниот штаб наНОВ на Македонија и носител на „Партизанска споменица 1941“.
1992 Вили Диксон — американскиблуз-музичар.
2005 Ефраим Кишон — израелски писател,сценарист ирежисер.
2013 Буч Морис — американскиџез-музичар.
2016 Жак Ривет — француски режисер.
2019 Џејмс Инграм — американскипоп-пејач.
2025 Евгенија Шишкова — рускализгачка.
2025 Вадим Наумов — руски лизгач.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=29_јануари&oldid=4285938
Категорија:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp