Грегоријански календар | 2076 MMLXXVI |
Ab urbe condita | 2829 |
Ерменски календар | 1525 ԹՎ ՌՇԻԵ |
Асирски календар | 6826 |
Бахајски календар | 232–233 |
Балиски календар | 1997–1998 |
Бенгалски календар | 1483 |
Берберски календар | 3026 |
Будистички календар | 2620 |
Бурмански календар | 1438 |
Византиски календар | 7584–7585 |
Кинески календар | 乙未年(дрв. коза) 4772 или 4712 — до — 丙申年(огн. мајмун) 4773 или 4713 |
Коптски календар | 1792–1793 |
Етиопски календар | 2068–2069 |
Еврејски календар | 5836–5837 |
Хиндуистички календари | |
-Викрамска ера | 2132–2133 |
-Сачка ера | 1997–1998 |
-Кали-југа | 5176–5177 |
Холоценски календар | 12076 |
Игбоански календар | 1076–1077 |
Ирански календар | 1454–1455 |
Исламски календар | 1499–1500 |
Јапонски календар | Рејва 58 (令和58年) |
Јавански календар | 2010–2011 |
Џуче-календар | 165 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4409 |
Мингуо-календар | Тајван 165 民國165年 |
Нанакшахи | 608 |
Тајландски сончев календар | 2619 |
Тибетски календар | 阴木羊年 (женско дрво-коза) 2202 или 1821 или 1049 — до — 阳火猴年 (машки оган-мајмун) 2203 или 1822 или 1050 |
Униксно време | 3345062400 – 3376684799 |
2076 (MMLXXVI) ќе бидепрестапна година споредгрегоријанскиот календар. Тоа ќе биде 2076 година од новата ера, 76. од третиот милениум, 76. одXXI век и седма од2070-тите.
Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат:византискиот,асирскиот,еврејскиот,римскиот,кинескиот,будистичкиот иисламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот споредБиблијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. споредпродолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7584 и 7585 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граотАсур, станува збор за 6826 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот споредЕвреите, годината се протега во текот на 5836 и 5837 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќатаРомул иРем го основале градотРим (познато и какоAb urbe condita), годината е избројана како 2829.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниотЖолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2076 година се протега во 4712 и 4713, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4772 и 4773 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета декаБуда достигнал состојба нанирвана, и годината ја брои како 2619. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкотМухамед одМека воМедина (позната и какохиџра), годината се протега во текот на 1499 и 1500 исламска година.