Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
<XX векXXI векXXII век>
12345678910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
919293949596979899100
2012 во разникалендари
Грегоријански календар2012
MMXII
Ab urbe condita2765
Ерменски календар1461
ԹՎ ՌՆԿԱ
Асирски календар6762
Бахајски календар168–169
Балиски календар1933–1934
Бенгалски календар1419
Берберски календар2962
Будистички календар2556
Бурмански календар1374
Византиски календар7520–7521
Кинески календар辛卯(мет. зајак)
4708 или 4648
     до 
壬辰年(вод. змеј)
4709 или 4649
Коптски календар1728–1729
Етиопски календар2004–2005
Еврејски календар5772–5773
Хиндуистички календари
 -Викрамска ера2068–2069
 -Сачка ера1933–1934
 -Кали-југа5112–5113
Холоценски календар12012
Игбоански календар1012–1013
Ирански календар1390–1391
Исламски календар1433–1434
Јапонски календарХејсеј 24
(平成24年)
Јавански календар1945–1946
Џуче-календар101
Јулијански календаргрегоријанската без 13 дена
Корејски календар4345
Мингуо-календарТајван 101
民國101年
Нанакшахи544
Тајландски сончев календар2555
Тибетски календар阴金兔年
(женско железо-зајак)
2138 или 1757 или 985
     до 
阳水龙年
(машка вода-змеј)
2139 или 1758 или 986
Униксно време1325376000 – 1356998399

2012 (MMXII) била престапна година којашто започнала во деннедела споредгрегоријанскиот календар, а воедно и дванаесеттата година од 3 милениум и 21 век, како и трета од 2010-тите.

Други календари

[уреди |уреди извор]

Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат:византискиот,асирскиот,еврејскиот,римскиот,кинескиот,будистичкиот иисламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот споредБиблијата, на 1 септември 5509 п.н.е. споредпродолжениот јулијански календар, истата трае во текот на7520 и7521 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граотАсур, станува збор за6762 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот споредЕвреите, годината се протега во текот на5772 и5773 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќатаРомул иРем го основале градотРим (познато и какоAb urbe condita), годината е избројана како2765.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниотЖолт Цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште,2012. година се протега во4648 и4649, додека според второто гледиште, годината трае во текот на4708 и4709 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета декаБуда достигнал состојба нанирвана, и годината ја брои како2555. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкотМухамед одМека воМедина (позната и какохиџра), годината се протега во текот на1433 и1434 исламска година.

Настани

[уреди |уреди извор]
  • декември - претседателски избори воЈужна Кореја.
  • 21декември - завршува големиот циклус според календарот што го користела најмногу цивилизацијата наМаите.[3] Значењето на овој ден за Маите не е сосема познат, но најдени се текстови од тоа време каде се споменува. Исто така е најден овој ден запишан на ѕидовите од „Храмот на записи“ воПаленка.[4]
  • 23декември - се смета за алтернативен ден за завршување на овој голем циклус во мајанскиот календар, според „астрономската исправка“.[5]

Непознати датуми

[уреди |уреди извор]

Космолошки претпоставки

[уреди |уреди извор]

Џон Мејџор Џенкинс и некои други[6] сметаат дека когаСонцето ќе изгрее нахоризонтот на21 декември 2012 година, ќе се најде во центарот нагалаксијатаМлечен Пат, и ќе се случи израмнување, односно во иста линија ќе се најдатЗемјата,Сонцето и Галактичкото Средиште.[7] Се смета дека овој настан ќе предизвика бројни промени на Земјата. Но, овој настан е само визуелен феномен гледано од перспектива на Земјата, предизвикан од појаватапрецесија на рамноденицата, и не би требало да предизвика каква било промена на позицијата на нашата планета во галаксијата. Накратко, не се очекуваат никаквигравитациски сили илизрачење, па според тоа овој ден не би требало да биде ништо поинаков од било кој другсонцестој.[8][9][10]

Мајкл Царион[11] и некои други сметаат дека на тој ден израмнувањето ќе се случи во иста хоризонтална рамнина со галаксијатаМлечен Пат. НашиотСончев Систем се врти околу центарот на галаксијата на секои 225 милиони години, и во тоа свое движење оди горе и долу сечејќи ја рамнината на секои 33 милиони години. Според списанието „Природа“ (Nature), постојат докази дека ние се оддалечуваме од галактичката рамнина, и нема да ја пресечеме во наредните 30 милиони години.[12]

Исто така постојат теории поврзани со моментално непознататапланета, нареченапланета икс илиНибиру, која има чудна орбита и влегува во нашиотСончев Систем на секои 3600 години, а во 2012 се враќа овде и ќе предизвика бројни проблеми.[13]Оваа идеја ја лансиралЗехарија Сичин со своите преводи насумерските текстови, а посебно со својата интерпретација на цилиндричниот печат VA 243, во кој наоѓа потврда дека Сумерите знаеле за постоењето на 12 планети во нашиотСончев Систем (Сонце,Месечина и десет други).[14][15]

Според едно друго можно сценарио, постои можност за измена намагнетните полови наЗемјата, што би предизвикало да бидеме ранливи на сончевото зрачење.[16]Но,НАСА тврди дека измена на половите не се случува во еден конкретен ден, туку тоа е процес кој се случува во текот на илјадници години.[17]

Некои сметаат дека нема да дојде до промена на магнетните полови, туку дека тие физички ќе ги сменат местата. Се знае декаЗемјата веќе има поместена оска за неколку степени, но не постои причина дека може да дојде до целосно извртување. Според Вилијам Сејџер, океанограф одТексас, ваков настан не може да се случи во текот на еден ден, туку само во текот на долг период.[18]

Метафизички настани

[уреди |уреди извор]

Некои припадници на движењетоњу ејџ сметаат дека 2012 е значајна година за духовна трансформација (според некои пак, година наапокалипса). Своите претпоставки ги засноваат врз мајанските текстови како што сеПопол Вух и книгите на Чилам Балам, напишани после шпанските освојувања на Америка. Постои несогласување дали во 2012 година ќе се случи крај на цивилизацијата или пак човештвото ќе се издигне на „повисоко“ ниво.[19]. Повеќетоезотерички извори кои го толкуваат мајанскиот календар, сметаат дека ќе се случи голема промена во светскиот поредок.

Неколкумина автори веќе издадоа книги во кои ги изнесуваат своите сомневања во врска со измената на светскиот поредок што треба да се случи во 2012 година:

  • Во 1997 година,Библискиот код одМајкл Дроснин изнесува дека постои можностастероид иликомета да се судри соЗемјата.
  • Во 2006 година,2012: Враќањето наКвацелкоатл одДаниел Пинчбек изнесува теории за можно глобално будење и психичка поврзаност во 2012 година.
  • Рилеј Мартин тврди декавонземјани ќе ни дозволат да се качиме на нивниот вселенски брод откако Земјата ќе доживее трансформација во 2012 година.
  • Теренс МекКена со своитенумеролошки теории смета дека ќе се случи голем напредок во свесноста на луѓето.
  • Денион Бринкли во неговата книга од20007 година,Тајните на светлината, предвидува дека во 2012 година луѓето ќе доживеат неочекувана ментална и духовна трансформација, предизвикана од големата физичка промена наЗемја.[20]

Големи верски празници

[уреди |уреди извор]


Наводи

[уреди |уреди извор]
2012“ на Ризницата ?
  1. „архивски примерок“. Архивирано одизворникот на 2012-01-03. Посетено на2012-01-02.
  2. „Homepage - London 2012“. Архивирано одизворникот на 2013-02-28. Посетено на2009-03-18.
  3. See Finley (2002), Houston (1989, pp.49–51), Miller and Taube (1993, pp.50–52), Voss (2006, p.138), Wagner (2006, pp.281–283). Note that Houston 1989 mistakenly writes "3113 BC" (when "-3113" is meant), and Miller and Taube 1993's mention of "2 август" is a (presumed) erratum.
  4. Wagner (2006, p.281; also ill.443).
  5. After a modified proposal championed by Floyd Lounsbury; sources that have used this correlation include Houston (1989, p.51), and in particular Schele and Freidel (1990, pp.430et seq.). See also commentary by Finley (2002), who although making an assessment that the "[584285 correlation yielding end-date of December 23] is now more popular with Mayanists", expresses a personal preference for the 584283 correlation.
  6. Jenkins, John M. (1998).Maya Cosmogenesis 2012.
  7. „Why 2012?“.
  8. „Activity: Precession of the Equinoxes“.
  9. „Precession of the Equinoxes“.
  10. „Precession of the Earth's Rotation Axis“.
  11. The Future of Mankind.[video presentation].Los Angeles:Grenada forum. 
  12. Bahcall, John N.„The Sun's motion perpendicular to the galactic plane“.
  13. „Planet X Nibiru“. Архивирано одизворникот на 2009-03-01. Посетено на2009-03-18.
  14. „Sitchin is Wrong website“.
  15. Heiser, Dr. Michael.„The Myth of a 12th Planet: A Brief Analysis of Cylinder Seal VA 243“(PDF).
  16. Nostradamus 2012.[video presentation].The History Channel. 
  17. „Earth's Inconstant Magnetic Field“. Архивирано одизворникот на 2009-03-26. Посетено на2009-03-18.На|first= му недостасува|last= (help)
  18. ScienceDaily.„Texas A&M Oceanographer Challenges Plate Tectonics As Reason For Poles' Shift“.
  19. Predictions that the world's end or a major transition will come on or about 2012-DEC-21Архивирано на 12 октомври 2008 г., Religioustolerance.org
  20. Brinkley, Dannion. (2007)Secrets of the Light. New York: Harper One.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=2012&oldid=5505967
Категорија:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2026 Movatter.jp