1464 (MCDLXIV) —престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1464 година од новата ера, 464. од вториот милениум, 64. одXV век и петта од1460-тите.
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат:византискиот,асирскиот,еврејскиот,римскиот,кинескиот,будистичкиот иисламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот споредБиблијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. споредпродолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6972 и 6973 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граотАсур, станува збор за 6214 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот споредЕвреите, годината се протега во текот на 5224 и 5225 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќатаРомул иРем го основале градотРим (познато и какоAb urbe condita), годината е избројана како 2217.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниотЖолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1464 година се протега во 4100 и 4101, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4160 и 4161 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета декаБуда достигнал состојба нанирвана, и годината ја брои како 2007. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкотМухамед одМека воМедина (позната и какохиџра), годината се протега во текот на 868 и 869 исламска година.
- ВоКина, мало востание се случува во внатрешната провинција наХугуан, за време надинастијата Минг; последователен бунт избувнува воГуангси. Ова го принудува владетелот да испрати дополнителна војска за задушување на бунтот[2][3].
- јануари -Дезидерио да Сетињано, италијански вајар
- 8 март -Катерина Подебрадска, унгарска кралица (р.1449)
- 15 мај -Хенри Бофорт, трет војвода од Самерсет (р.1436)
- 17 мај -Томас де Рос, англиски политичар (р.1427)
- 25 мај -Шарл I Неверски, гроф на Невер (р.1414)
- 18 јуни -Рохир ван дер Вејден, фламански сликар
- 1 август -Козимо де Медичи, владетел на Фиренца (р.1389)
- 11 август -Николај Кузански, германски математичар и астроном (р.1401)
- 14 август -Папа Пиј II (р.1405)
- 7 септември -Отон III, војвода од Померанија (р.1444)
- 16 ноември -Јохан, маркгроф на Бранденбург (р.1406)
- 23 ноември -Маргарита Савојска (р.1390)
- 2 декември -Бланка II Неварска (р.1424)
- непозната дата