Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот споредБиблијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. споредпродолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6796 и 6797 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граотАсур, станува збор за 6038 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот споредЕвреите, годината се протега во текот на 5048 и 5049 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќатаРомул иРем го основале градотРим (познато и какоAb urbe condita), годината е избројана како 2041.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниотЖолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1288 година се протега во 3924 и 3925, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3984 и 3985 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета декаБуда достигнал состојба нанирвана, и годината ја брои како 1831. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкотМухамед одМека воМедина (позната и какохиџра), годината се протега во текот на 686 и 687 исламска година.
5 јуни -Битката кај Воринген:Јован I го поразува војводствоГелдерн во една од најголемите битки во Европа од средниот век, со што го освоилВојводст Лимбург. Битката, исто така, го ослободува градотКелн од владеењето на Архиепископијата во Келн. По овој настан,Бон станува резиденција на келнските архиепископи.
Парламентот во Шкотска создава закон со кој ќе им се дозволи на жените да предложат брак на мажите за време напрестапна година. Мажите кои одбиваат такви предлози се обврзани да платат парична казна на невестата.
Изградена е најстарата преживеана камбана во часовниците на врвот од куполата наБазиликата Свети Петар воРим.
Ветин е доделен на надбискупот Магдебург, Ерик фон Бранденбург.