阳金马年 (машко железо-коњ) 1397 или 1016 или 244 — до — 阴金羊年 (женско железо-коза) 1398 или 1017 или 245
1271 (MCCLXXI) —година според општоприфатениот календар. Тоа била 1271 година од новата ера, 271. од вториот милениум, 71. одXIII век и втора од1270-тите.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот споредБиблијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. споредпродолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6779 и 6780 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граотАсур, станува збор за 6021 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот споредЕвреите, годината се протега во текот на 5031 и 5032 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќатаРомул иРем го основале градотРим (познато и какоAb urbe condita), годината е избројана како 2024.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниотЖолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1271 година се протега во 3907 и 3908, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3967 и 3968 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета декаБуда достигнал состојба нанирвана, и годината ја брои како 1814. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкотМухамед одМека воМедина (позната и какохиџра), годината се протега во текот на 669 и 670 исламска година.
Кастел Бланк се одвоил од редот предводен од Големиот мајсторТома Берар и добил дозвола да се повлече до Тортоса. Во јуни истата година, Монтфорт, последниот Христијанин којшто се утврдил во Светата земја бил вратен.