阳金狗年 (машко железо-куче) 1377 или 996 или 224 — до — 阴金猪年 (женско железо-свиња) 1378 или 997 или 225
1251 (MCCLI) —година според општоприфатениот календар. Тоа била 1251 година од новата ера, 251. од вториот милениум, 51. одXIII век и втора од1250-тите.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот споредБиблијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. споредпродолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6759 и 6760 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граотАсур, станува збор за 6001 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот споредЕвреите, годината се протега во текот на 5011 и 5012 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќатаРомул иРем го основале градотРим (познато и какоAb urbe condita), годината е избројана како 2004.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниотЖолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1251 година се протега во 3887 и 3888, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3947 и 3948 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета декаБуда достигнал состојба нанирвана, и годината ја брои како 1794. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкотМухамед одМека воМедина (позната и какохиџра), годината се протега во текот на 648 и 649 исламска година.
Андре де Лонжумо, испратен пред две години од кралотЛуј IX како амбасадор воМонголија, се среќава со кралот во Палестина; неговата мисија се смета за неуспех.
Миндовг е покрстен и по две години крунисан како крал на Литванија.