阴木羊年 (женско дрво-коза) 1362 или 981 или 209 — до — 阳火猴年 (машки оган-мајмун) 1363 или 982 или 210
1236 (MCCXXXVI) —престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1236 година од новата ера, 236. од вториот милениум, 36. одXIII век и седма од1230-тите.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот споредБиблијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. споредпродолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6744 и 6745 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граотАсур, станува збор за 5986 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот споредЕвреите, годината се протега во текот на 4996 и 4997 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќатаРомул иРем го основале градотРим (познато и какоAb urbe condita), годината е избројана како 1989.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниотЖолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1236 година се протега во 3872 и 3873, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3932 и 3933 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета декаБуда достигнал состојба нанирвана, и годината ја брои како 1779. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкотМухамед одМека воМедина (позната и какохиџра), годината се протега во текот на 633 и 634 исламска година.
4 од 58 окрузи воСичуан,Кина, се освоени воСунг од страна на монголските сили, на чело соОгатај-кан.
Во есента 1236 година, монголеките орди со околу 35.000 стрелци, ја преминале реката Волга и ја нападнале Волшка Бугарија. По една година тие успеале да ја заземат целата нејзина територија
Создавање на бугарската воена флота, по наредба на царот Иван Асен II. Во тоа време, Бугарија излегува на три мориња, па царот неминовно сметал дека му е потребен таков опфат за да може да се спротивстави на соседните непријатели, наредувајќи да се изградат 25 галии.
↑Peter Linehan (1999). David Abulafia (уред.).The New Cambridge Medieval History c.1198-c.1300. Chapter 21: Castile, Portugal and Navarre. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 668–673.ISBN0-521-36289-X.