阴木鸡年 (женско дрво-петел) 1352 или 971 или 199 — до — 阳火狗年 (машки оган-куче) 1353 или 972 или 200
1226 (MCCXXVI) —година според општоприфатениот календар. Тоа била 1226 година од новата ера, 226. од вториот милениум, 26. одXIII век и седма од1220-тите.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот споредБиблијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. споредпродолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6734 и 6735 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граотАсур, станува збор за 5976 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот споредЕвреите, годината се протега во текот на 4986 и 4987 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќатаРомул иРем го основале градотРим (познато и какоAb urbe condita), годината е избројана како 1979.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниотЖолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1226 година се протега во 3862 и 3863, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3922 и 3923 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета декаБуда достигнал состојба нанирвана, и годината ја брои како 1769. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкотМухамед одМека воМедина (позната и какохиџра), годината се протега во текот на 622 и 624 исламска година.
КралотЛуј VIII започнува голема јужна офанзива противКатарите иГрофовија Тулуза.Рамон Беренгер IV ја користи можноста да го потврди својот авторитет над автономните општини на своите територии. Повеќето градови мораат да го прифатат авторитетот на грофот, ноМарсеј иНица се спротивставиле[1]. Луј VIII го освоилАвињон.
На градотНанитон му е доделен статус на трговски град од страна на кралотХенри III.
ВоНорвешка, Роберт ја пишуваSaga Af Tristram ok Ísodd, една од ретките целосно преживеани верзии на легендата заТристан и Изолда[3]
Поради стравот од моќта на Ломбардија,Фридрих II,цар на Светото Римско Царство, ги натерал да го обноват својот сојуз како би се одржал мирот според договорот од Констанца. Царот истовремено им ги одзел и нивните привилегии.
Во југоисточнна Индокина, Јаја Парамесвар-Аварман II е крунисан за крал и повторно неговото Кралство Чампа се осамостоило.
Џингис-кан организирал поход за да го казни непослушното вазалско кралство на Тангутите.