阳金龙年 (машко железо-змеј) 1347 или 966 или 194 — до — 阴金蛇年 (женско железо-змија) 1348 или 967 или 195
1221 (MCCXXI) —година според општоприфатениот календар. Тоа била 1221 година од новата ера, 221. од вториот милениум, 21. одXIII век и втора од1220-тите.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот споредБиблијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. споредпродолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6729 и 6730 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граотАсур, станува збор за 5971 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот споредЕвреите, годината се протега во текот на 4981 и 4982 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќатаРомул иРем го основале градотРим (познато и какоAb urbe condita), годината е избројана како 1974.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниотЖолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1221 година се протега во 3857 и 3858, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3917 и 3918 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета декаБуда достигнал состојба нанирвана, и годината ја брои како 1764. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкотМухамед одМека воМедина (позната и какохиџра), годината се протега во текот на 617 и 618 исламска година.
јануари - Монголската армија на чело соЏучи го освојува денешниот град градот Кенеургенч воТуркменистан) и ги масакрира жителите.
февруари - ОстровотМерв наПатот на свилата е освоен од страна на монголските сили на чело соТолуј по наредба наЏингис Кан. Современите научници сметаат дека над еден милион луѓе систематски биле убиени.
Султанел-Камил, син наел-Адил, кој бил брат наСаладин, го понудилЕрусалим наКрстоносците за десет години во замена заДамиета, но крстоносците на крајот се откажале, во замена за безбедно повлекување од делот на Нил.
↑Rayborn, Tim (9 October 2014). „Popular Religion, Heresy and Mendicancy“.Against the Friars: Antifraternalism in Medieval France and England. McFarland. стр. 17.ISBN0786468319.
↑Francisco Márquez Villanueva; Carlos Alberto Vega (1990).Alfonso X of Castile, the learned king, 1221-1284: an international symposium, Harvard University, 17 November 1984. Dept. of Romance Languages and Literatures of Harvard University. стр. 165.ISBN0940940434.
↑M. Walsh, уред. (1991).Butler's Lives of the Saints. New York: HarperCollins. стр. 216.