.tf —највисок државен домен заФранцуските Јужни и Антарктички Земји. Истовремено со.fr и.re, раководено е одAFNIC. Пред 23 октомври 2004 година, Adamsnames, сместен воКембриџ, го раководеле овој домен.
Постои и дополнителен сервис кој нуди бесплатни услуги на трето ниво на доменот .tf, под иметоUnited Names Organisation. Тие работат со 14 sвторостепени домени како, .eu.tf, .us.tf, .net.tf, и .edu.tf. Тие се подружница на претпријатието smartdots.com, и се даваат како пренасочување на адресите.
Француските Јужни и Антарктички Земји се територии наФранција, и името на доменот потекнува од францускиот јазик,Terres australes et antarctiques françaises. Дел од овие територии се на дел од континентотАнтарктик, со што се создава преклопување на доменот .tf со оној на Антарктикот.aq.
Доменот .tf се користи и од мрежните странии поврзани со игратаTeam Fortress 2.