.se —највисок државен домен заШведска. Највисокиот домен е управуван од.SE, но домените мора да се регистрираат преку еден од одобрените регистратори. .SE е фондација и е управувана како фондација. Фондацијата е раководена од одбор на директори, чии одлуки ги извршува, извршната управа.
Пред април 2003 година, правилата поврзани со управувањето и владението со највисокиот домен .se биле многу ограничувачки. Само претпријатија, здруженија кои се простираат на целата територија им било дозволено да регистрираат домен, и ситото се случувало и со регистрираното име. Поединечните производи не можеле да добијат посебни второстепени доменски имиња, дури и да станувало збор за регистрирани трговски марки. Физичките лица можеле да регистрираат само еден домен со името .pp.se, додека пак претпријатијата и организациите се регистрирале само во еден округ им било дозволено да запишат домен со <букви на округ>.se.[1] Непрофитните организации биле запишувани на окружно ниво. Спортските клубови немале потреба да го регистрираат своето име но морале доколку регистрирале име „округ.se“. Многумина кои не можеле да се регистрират директно под .se се регистрирале под.com или.nu. Овие правила биле вовоедени во 1996 година. Пред тоа постоеле неофицијални правила кои биле уште пограничувачки, каде физичките лица и спортските клубови не можеле да регистрираат домен.
Поранишни второстепени домени се:[2]
Сите овие второстепени домени се во употреба исффрлен е само (parti.se).
Бидејќи å,ä,ö не биле достапни поради технички причини, организациите можеле да го запишат името со a и o ако истото е достапни, што понекогаш предизвикувало проблеми. ОпштинатаHabo иHåboимале спор за името habo.se спор кој го добила Håbo бидејќи го запишала прв. По многу години, во 2011 година, се договорилеhttp://www.habo.se/ да биде врска и за двете општини. Од 2003 година Шведска дозволила запишување на å,ä,ö во мрежните адреси.
Со новите правила, секој ентитет или лице може да запише повеќе домени, но истите подлежат на некои ограничувања. Физичките лица можат да го запишат кој и да е домен со .se, сè додека истиот е достапенa, не е во.SE Список на блокирани и резервирани домени. Во истовреме, правилата за распределба беа сменети во начелото „прв дошол, прв услужен“, и биле создадени поедноставни правилаза разрешување на споровите.
Од октомври 2003 година, .SE почнала да прифаќа записи IDN со буквитеå,ä,ö,ü иé. На 6 септември 2007 година, вкупно биле достапни 250 знаци, поддржувајќи имиња во сите легално признати малцински јазици: фински, мејанкиели, сами, ромски и јидиш.
Доменските имиња со å,ä,ö не се користат неколку години, бидејќи корисничките пребарувачи мораат да имаат соодветна поддршка. И сѐ уште, организациите кои имаат å,ä,ö во нивните имиња (какоSkåne) ги користат доменските имиња без овие букви (примерhttp://www.skane.se), и користат пренасочување до нивното соодветно име (примерhttp://www.skåne.se). Многу организации не гоо поддржуваат соодветното име со å,ä or ö (примерhttp://www.västerbotten.seАрхивирано на 28 септември 2017 г. не постои од 2013 година).
.se е првиот TLD кој нудиDNSSEC услуги. Ова го прави користејќиOpenDNSSEC.
Целиот домен .se беше недостапен 58 минути на12 октомври 2009 година, кога грешка при вообичаената контрола од .SE ги корумпирала сите доменски имиња во регистарот.[3]
Многу од шведските доменски имиња биле резервирани за англиските зборови кои завршуваат на „se“. Денес не постојат овие доменски имиња на првичниот домеснки пазар како резултата на шпекулациите со доменските имиња. Повеќето од нив можат да се купат на второстепениот доменски пазар за имиња. Се развиле само неколку домени.