.nu — е семреженнајвисок државен домен на островската државаНиуе. Станува збор за еден од првите ccTLDs кој се рекламирал на семрежјето како замена заgTLD.com,.net, и.org. Земајќи ја во редвид фонетската сличност меѓуnu иnew, се претставувал како „нов“ TLD во кој има многу слободни имиња на домени.
Од 2 септември 2013 година.SE ја преземала одговорноста за раководење и техничко одржување на доменот .nu.[1]
Доменот .nu особено употребуван воШведска,Данска,Холандија иБелгија, бидејќиnu на овие јазици е „new“.[2] - пример за украден домен. „Nu“ е исто така, архаичен збор што значи „сега“ на норвешки јазик, но „nå“ е зборот кој се употребува и токму поради ова .nu не се користи од страна на норвежаните. Поради строгите правила за употреба на домените спроведени прекуccTLD и споведувани од Шведска,.se, .nu се користело само за маркетинг на мрежните страници како што сеwww.tv.nu која прикажува што има во моментот на ТВ, и во Холандија за мрежните страници како на примерwaarbenjij.nu, што во превод би билокадесити.сега.
Во март 2000 година, .NU Domain Ltd стана првото TLD претпријатие кое нудело регистрација на интернационализирани имиња на домени,[3] поддржувајќи целосенуникод од знаци.[4] за разлика од другите TLD, не беа потребни пребарувачки приклучоци или пребарувачи сопаникод од страна на клиентот за употреба на овие имиња, бидејќи мрежните опслужувачи на .NU домените ги пртвораат сите пребарувања и ги пренасочуваа и покрај тоа што беа напишани со меѓународни ознаки. Но, во март 2010 година, .NU Domain објавија при ICANN дека го онеспособиле нивната технологија за пребарување и дека ги спроведувале само IDN стандардните паникодови, и ги намалувале прифатените IDN ознаки за .NU Domain имиња само наISO-8859-1 западно Европски ознаки.[5]
Домените на .NU се повелкуваат без поврат на парите за објавување на сексуална злоупотреба на деца, доколку станува збор за фишинг, спамирање, кражба на електронски адреси, злоупотреба на пребарувачи и други незаконски дела и намени.[6]
Во март 2007 година,McAfee SiteAdvisor издаде извештај во кој ја објаснува функционалност на SiteAdvisor. Како дел од тој извештај, мрежните страници со .nu домен се наведени како страниците со најголем ризика за злоупотреба на пребарувачите. Но, во сите други случаи, страниците на .nu биле класифицирани како страници со умерен или мал ризик.[7] Кусо време по издавањето на овој извештај, .NU Domain излегоа со објава во јавноста велејќи дека SiteAdvisor ги рангирал страниците на .nu меѓу оние со најмал ризик.[8] Во 2008 годинаMcAfee изјавија дека.net и.com се најризичните највиски домени.[9]