Двата моста (Rügendamm и од октомври 2007 новиот мост) и неколку фериботски услуги го поврзуваат Штралзунд со островот Риген.[2] Поранешниот слободен град, тој е главен град на новиот округЗападна Померанија-Риген од административната реформа во септември 2011.
Главни индустрии на Штралзунд себродоградбата, рибарството, машинската индустрија и со растечко ниво, туризмот, бионауките, услугите иинформатичката технологија.
Неговите годишниврнежи се 656 мм и споредено со останатиот дел од Германија, ова претставува помалку. Само една третина од сите метеоролошки станици на Германската временска служба забележуваат пониски вредности. Најсув месец е февруари, додека најмногу врнежи има во јули: во овој месец има 2,1 пати повеќе врнежи отколку во февруари. Врнежите се движат умерено низ целата година.
Градот се наоѓа на протокотШтрелазунд, проток воБалтичкото Море. Неговата географска близина до островот Риген, чија единствена цврста врска до копното,Ригенскиот мост, кој води помеѓу Штралзунд и селотоАлтефер, поради кој Штралзунд го добил прекарот „Портата до Островот Риген“ (Tor zur Insel Rügen). Штралзунд се наоѓа близуЗападнопомерански лагуни.
Градскаташума и трите градски езера (Книпертајх, Франкентајх и Мортајх) влегуваат во рамките на градските граници. Трите езера и Штрелазунд го одделуваат Стариот град, првичната населба и историскиот центар на градот, заштитен остров.
Највисока точка во градот е Галгенберг (Galgenberg) на западниот влез на градот.
Поглед на Штралзунд од кулата на пресв. БогородицаВообичаен уличен поглед на Штралзунд: Трговски куќи со високи калкани од различни векови, вклучувајќи и готски стил со тули
Територијата на градот се простира на 38,97 км2, кој го прави Штралзунд, со неговите 57.670 жители (до 31 декември 2010), е еден од најгусти населените градови воМекленбург-Западна Померанија (1.480 жители на км2). Излегувајќи од денешниот центар на градот, Стариот град, околината била населена по отстранувањето на шумата на градот во 1869.
Ханзеатскиот град Штралзунд е поделен на следните градски единици:
Восредниот век, областа во Штралзунд била дел одзападнословенскотоКнежевство Риген. Во тоа време, островотДенхолм и рибарското село, на местото на подоцнежниот град, биле именувани Страле / Стралов (Strale / Stralow;полапски за „стрела“). Стрелата е сè уште зачувана на градскиот грб. Целосното полапско име е Стшалув (Strzałów).[4]
Селото исто така имало ферибот до островот Риген.[5] Во 1168, Кнежевството Риген станало дел одКралството Данска.
Во текот нагерманското источно населување, многу германски доселеници, благородници и трговци биле повикани во кнежевството и на крајот ја населиле населбата Страле (Strale). Трговците од другите држави како и месното население биле привлечени во областа и сочинувале една третина од градското население. Данската морнарица исто така го користела островот. Кога населбата пораснала во градска големина, принцот Визлав I на Риген му обезбедил градски права со написот нанашиот град Стралов во 1234, иако населбата постоела многу пред формалното основање.[5] Во 1240, кога принцот му дал дополнителна земја на градот, го нарекол Стралезунд (Stralesund).
Успехот на населбата го предизвикал моќниотСлободен град Либек, кој го опожарил Штралзунд во 1249. Потоа, градот бил обновен со масивниградски ѕидини имајќи 11градски порти и 30 караули. Новиот град (Neustadt), предградие на постоечкиот град, бил споен со Штралзунд во 1361. Шадегард (Schadegard), збратимен град на Штралзунд исто така го основал Визлав I во близина, но не добил градски права, служел како кнежевско упориште и ограден како тврдина. Бил уништен и урнат во 1269 под притисок награѓаните на Штралзунд.
Во XVII век, Штралзунд станал сцена на главните борби воТриесетгодишната војна. Во Битката кај Штралзунд, градот бил под опсада од Албрехт фон Валенштајн, откако Советот одбил да ја прифати капитулацијата на Францбург.[6] Штралзунд давал отпор соданска ишведска поддршка.[6] Шведскиот гарнизон во Штралзунд бил првиот на германската почва во историјата.[6] Со Штетинскиот договор, градот станал една од двете главни шведски тврдини воВојводството Померанија, покрајШтетин (сега Шчеќин).[7]
По војната, соВестфалскиот мир (1648) и Штетинскиот договор (1653) Штралзунд станал дел одШведска Померанија. Шведска го загубила одБранденбург во Битката кај Штралзунд (1678), но бил вратен на Шведска со Сенжерменскиот мир. ВоГолемата северна војна во 1715, Карл XII ја предводел одбраната на Штралзунд против обединетите европски армии. Штралзунд останал под шведска контрола до Битката кај Штралзунд (1807), кога бил заземен од трупите наНаполеон. Заземен од трупите на Фердинанд фон Шил во 1809, бил повторно повратен од Французите, откако Шил загинал во битката. СоВиенскиот конгрес (1815), Штралзунд станал дел одпрускатаПровинција Померанија и седиште наадминистративниот округ, кој се простирал на територијата на поранешнатаШведска Померанија.
Срцето на стариот град е Стариот плоштад (Alter Markt), со готското Градско собрание (XIII век). Позади Градското собрание се наоѓа, импозантната црква Св. Никола (Nikolaikirche), изградена во 1270-1360. Плоштадот е опкружен од куќи од различни периоди, вклучувајќи ја готската Вулфламхаус (Wulflamhaus; благородничка куќа од XIV век, денес ресторан) и барокната Командантенхаус (Commandantenhaus), седиште на шведската команда.
Црквата Св. Јаков (Jakobikirche), изградена во средината на XIV век. Била уништена неколкупати, н.п. одВаленштајн и воВтората светска војна.
Црквата „Пресв. Богородица“ (Marienkirche), изградена во 1383-1473 воготски стил, е најголемата црква во Штралзунд и од 1625—1647 била највисока градба во светот. Нејзината осумаголна кула (104 метри висока) нуди величествен поглед на Штралзунд и соседните островиРиген иХидензе.
Манастирот Св. Катарина (Katharinenkloster), изграден во XV век, вдомува два музеи: историски музеј и океанографски музеј. Стариот рефлекториј на манастирот е еден од најспектакуларните готски внатрешности во Германија.
Францисканскиот манастир (Johanniskloster, 1254), е една од најстарите градби во градот.
Штралзунд е пристаниште на регистарот за поранешната германска кралска морнарица и бродовите Горх Фок 1. Сега е пловечки музеј.
Штралзунд има неколку музеи посветени на морскиот живот и човечкото присуство во морето. Најголемиот е Германскиот океанографски музеј и новиотОцеанеум. Има исто така и Наутинеум. Има и морски музеј, кој ја содржи историјата на германската морнарица. Се наоѓа на островотДенхолм, во поранешната историска поморска база. Овој музеј е седиште на еден од последните останати ГДР торпедо-бродови.
Стариот плоштад (северна страна)Горх Фок IФонтана во Штралзунд
Стариот град (Altstadt)
Центарот на Штралзунд нуди многубројни историски градби. Од 1990, големи делови на историскиот стар дел на градот биле обновени од приватни лица и од државата и со поддршка на различни организации. Како последица на односот на историските градби воИсточна Германија многу куќи биле под закана за рушење. Стариот град во целина, нуди богата разновидност на историски градби, каде има многубројни поранешни трговски куќи, цркви, улици и плоштади. Од нешто повеќе од 800 заштитени градби во Штралзунд, повеќе од 500 се наоѓаат во Стариот град. Во изминативе дваесет години, од Мирната револуција во 1990 до ноември 2010, 588 од повеќе од 1.000 стари градби биле целосно обновени, вклучувајќи 363 посебни единици.[8] Поради неговото историско и архитектонско значење, во 2002, Стариот град на Штралзунд заедно со Стариот град наВисмар биле додадени кон списокот насветско културно наследство како „Историски центри на Штралзунд и Висмар“.
Стариот плоштад (Alter Markt)
Збирот на градби на Стариот плоштад, вклучувајќи ја црквата Св. Никола, Градското собрание, една од најважните секуларни градби во северногерманската готска архитектура со тули, Артусхоф, Вулфламхаус, Командатенхаус, Геверкшафтсхаус и новите станбени блокови, ја претставуваат архитектонската историја на градот.
Градски куќи
Градските куќи со нивните разновидни калкани, често обновени со високи финансиски трошоци, преовладуваат низ уличниот пејзаж во Стариот град. Поранешната Шведска палата, денес е дом на градската служба за градење. Културно-историскиот музеј во Менхштрасе (Mönchstraße) е обновен со средства од германското здружение за заштита на спомениците и сега нуди изложби и ја претставува историја низ седум векови како една од најважните преостанати првични куќи од времето наХанзата во Северна Европа.
Цркви
Трите големисредновековни градби воготски стил изградени со тули – Црквата „Пресв. Богородица“, Црквата Св. Никола и Црквата Св. Јаков, посочуваат на средноковното значење на Штралзунд. Денес Св. Јаков се користи само како културна црква, неговата парохија сега е опслужувана од Црквата на Светиот Дух, користена како општоприфатена црква, која потекнува од XIV век. Другите две цркви на Стариот плоштад и Новиот плоштад сè уште се користат како цркви и се користат како верски објекти. Од кулата на пресв. Богородица на Новиот плоштад се нуди панорамски поглед на Штралзунд и на островот Риген. Помеѓу поновите црковни градби се Црквата на Воскреснувањето, Црква Св. Троица, Црквата на Мирот и Лутеранската црква.
Манастири
Манастирот Св. Јован (Johanniskloster), францискански манастир од 1254, денес дом на Градскиот архив. Вообичаени се одржуваат културни настани во него, како театарски претстави на отворена сцена.
Готскиот манастир Св. Ана и Св. Бригита (Kloster St. Annen und Brigitten) во Шилштрасе (Schillstraße) бил основан околу 1560 со спојување на манастирите Св. Ана (St. Anne, 1480) и двојниот манастир Маријакрон (Mariakron, 1421).
Манастирот Св. Јирген (Kloster St. Jürgen am Strande) на Менхштрасе бил споменат по првпат во 1278. Во XIV век служел како дом за стари лица. Во 1632 црквата и објектите биле уништени. Во 1743 била изградена нова градба кај Портата Книпер (Kniepertor) и местото било проширено во 1754 со цел да се направи место за повеќе станови за стари лица, а во 1841 и апартмани за вдовици.
Манастирот Св. Катарина (Katharinenkloster) постоел од 1251 до околу 1400, како и Црквата Св. Катарина, осветена во 1287. Денес се дел од Германскиот поморски музеј.
Првпат споменат во 1256 какоHeilgeistkloster е Болница на Светиот Дух. Тука биле згрижувани сиромашни и болни лица. Денес, сите станови и куќи се обновени и областа вреди да се посети.[9]
Пристаништето
На пристаништето се нудат фериботите доХидензе иАлтефер, како и туристичките тури низ самото пристаниште. Во летните месеци, пристаништето е преполно со речни крстосувачи. Во близина на Стариот град постојат неколку пристаништа за јахти и марини. Стотици јахти и бродови се врзани долж северниот дел во лето. Едрелицата, Горх Фок е уште една туристичка атракција во пристаништето.
Градски ѕидини
Од градските порти на Штралзинд се преостанати само Портата Книпер (Kniepertor) и Портата Китер (Kütertor).
Штралзунд е поврзан со автопатотот А20 (конБерлин иХамбург), преку сојузниот автопат Б96. Други главни патишта се сојузниот автопат Б105 (почнувајќи од центарот на градот и продолжува конРосток) и Б96 (главен пат конРиген) и Б194 доГримен.
Главната железничка станица Штралзунд е на линијата до Берлин, Росток, Ангерминде и Берген.
Кога се патува преку воздух, патниците обично го користатАеродромот Росток-Лаге, кој има летови соМинхен. Малиот аеродром,Штралзунд Барт, исто така го опслужува градот.
*Келн иДортмунд биле главни градови на Вестфалскиот реон во различни времиња. †Антверпен добил важност предБриж да стана непристапен поради кал во каналотЦвин.