Подолгите синџири на моносахариди (>2) не се сметаат за шеќери и се нарекуваатолигосахариди илиполисахариди.Скробот е гликозен полимер кој се наоѓа ворастенијата, најзастапен извор на енергија вочовечкатахрана. Некои други хемиски супстанции, како што сеглицерол ишеќерен алкохол може да имаат сладок вкус, но не се класифицирани како шеќер.
Шеќерите се наоѓаат воткивата на повеќето растенија.Медот иовошјето се изобилни природни извори на едноставни шеќери. Сахарозата е особено концентрирана вошеќерна трска ишеќерна репка, што ги прави идеални за ефикасен комерцијаленекстракт за производство на рафиниран шеќер. Во 2016 година, комбинираното светско производство на тие двекултури било околу две милијардитони.Малтозата може да се произведува сосладово зрно. Лактозата е единствениот шеќер што не може да се извлече од растенијата. Може да се најде само вомлекото, вклучително и човечкото мајчино млеко и во некоимлечни производи. Евтин извор на шеќер епченкарен сируп, индустриски произведен со претворање напченкарен скроб во шеќери, како што се малтоза, фруктоза и гликоза.
Од готвачки аспект, шеќерот ги прави работитеслатки, што е еден одпримарните човекови вкусови. Сахарозата е користена во подготвената храна (на пр.колачиња иколачи), понекогаш едодаден во комерцијално достапнатапреработена храна и пијалаци, а луѓето може да ја користат како засладувач за храна (на пр. тост и житарици) и пијалаци (на пример,кафе ичај). Просечниот човек годишно троши околу 24 кг шеќер, при штоАмериканците консумираат до 50 кг, аАфриканците помалку од 20 кг.[1]
Како што растела потрошувачката на шеќер во вториот дел од 20-от век, истражувачите почнале да испитуваат дали исхраната богата со шеќер, особено рафиниран шеќер, е штетна за човечкотоздравје. Прекумерната потрошувачка на шеќер е вмешана во појавата надебелина,дијабетес,срцеви болести ирасипување на забите. Бројни студии се обиделе да ги разјаснат тие последици, но со различни резултати, главно поради тешкотијата да се најде население за употреба како контроли кои консумираат малку или без шеќер. Во 2015 година,Светската здравствена организација силно препорачала возрасните и децата да го намалат внесот на слободни шеќери на помалку од 10%, и поттикна намалување на под 5%, од нивниот вкупенвнес на енергија.[2]
Бидејќи шеќерите лесно согоруваат кога се изложени на пламен, ракувањето со шеќерите ризикуваексплозија на прашина. Ризикот од експлозија е поголем кога шеќерот е мелен до суперфина текстура, како на пример за употреба вогума за џвакање.[5]Експлозијата во рафинеријата за шеќер во Џорџија во 2008 година, во која загинале 14 лица, а 36 биле повредени, и уништила поголем дел од рафинеријата, била предизвикана од палење на шеќерна прашина.[6]
Во неговатакулинарска употреба, изложувањето на шеќер на топлина предизвикувакарамелизација. Како што се случува постапката, се ослободуваатиспарливи хемикалии како што едиацетил, што го произведува карактеристичниоткарамелен вкус.[7]
†Процентите се проценети врз основа на препораките во САД за возрасни,[8] освен за калиум, кој се проценува врз основа на експертските препораки наНационалните академии.[9]
Кафеавиот и белиот гранулиран шеќер се од 97% до скоро 100%јаглехидрати, редоследно, со помалку од 2% вода и безпрехранбени влакна,белковинии илимасти (табела). Кафеавиот шеќер содржи умерено количествожелезо (15% одпрепорачаниот дневен внес во количина од 100 грама, види табела), но вообичаена порција од 4 грама (една кафена лажичка), би обезбедила 15калории и незначително количество железо или која било другахранлива материја.[10] Бидејќи кафеавиот шеќер содржи 5-10%меласа повторно воведена за време на обработката, неговата вредност за некои потрошувачи е побогат вкус од белиот шеќер.[11]
Шеќерот како тема во уметноста и во популарната култура
„Кафеав шеќер“ (Brown Sugar) - песна на британската рок-група „Ролинг Стоунс“ (The Rolling Stones) од 1971 година.[14]
„Шеќерче, шеќерче“ (Sugar, sugar) - песна на групата „Арчис“ (The Archies) од 1969 година.[15]
„Шеќерна икавица“ (Sugar Hiccup) - песна на шкотската рок-група „Кокто Твинс“ (Cocteau Twins) од 1983 година.[16]
„Кафеав шеќер“ (Brown Sugar) - песна на британската рок-група „Ролинг Стоунс“ (The Rolling Stones) од 1971 година.[14]
„Шеќерче, шеќерче“ (Suga, suga) - песна на американскиотраперБејби Беш (Baby Bash) од 2003 година.[17]
„Крв, шеќер, секс, магија“ (англиски:Blood Sugar Sex Magik) - песна од истоимениот музички албум на американскатарок-група „Ред хот чили пеперс“ (Red Hot Chili Peppers) од 1991 година.[18]
„Шеќерче (дај ми малку)“ (Sugar (Gimmie some)) - песна на американскиотраперТрик деди (Trick Daddy) од 2004 година.[19]
„Шеќер и зачин“ (Sugar And Spice) - песна на американскиотрок-музичарКрајан Шејмс (Cryan Shames).[20]
„Шеќерче, шеќерче, шеќерче“ (Sugar Sugar Sugar) - песна на рок-групата „Ник Кејв енд д бед сидз“ (Nick Cave and the Bad Seeds) од 1988 година.[21]
„Шеќерна трска“ (Sugar Kane) - песна на американскатарок-група „Соник јут“ (Sonic Youth) од 1992 година.[22]
„Шеќер“ (Sugar) - песна на американскатапанк-рок група „Бикни Кил“ (Bikini Kill) од 1993 година.[23]
„Шеќер“ (Sugar) - песна на американскатарок-група „Марун 5“ (Maroon 5).[24]
„Шеќерна вода“ (Sugar Water) - песна на американското дуо „Cibo Matto“ од 1996 година.[25]
↑„Библиографија на книгите за деца на Славко Јаневски“, во: Славко Јаневски,Како така? Зошто така? Сè да знае светов сакал!. Скопје: Темплум, 2014, стр. 151.
↑Пандалф Вулкански,Текстилна поема. Темплум: Скопје, 2017.