Шанел С.А. општо познат како ¨Шанел¨ е париска модна куќа основана од познататадизајнерка Габриел Коко Шанел, позната како една од најдокажаните во високата мода,особено волуксузните производи (висока мода,облека, ташни, парфеми и козметика). Таа го добила името ¨Коко¨ додека ја стекнувала ариерата како пејачка во кафе-шоп во Франција. Шанел секогаш се усовршувала во работите како на пример едноставни костуми, фустани, женски пантолони и накит. Визијата на Коко Шанел отсекогаш била да ги замени богатите секси парчиња со едноставни работи кои ја изразуваат елеганцијата. Нејзините дизајни и творби се вечни имајќи предвид дека основните силуети постојано се пренесуваат од генерации на генерации. Денес, Шанел е најпозната со "little black dress" која стана битно парче во секој женски плакар. СпоредФорбс,Ален ВертејмериЖерард Верејтмер се првите поседувачи на куќата Шанел кои се и внуци наПјер Вертејмер (партнер на Шанел од далечната 1924 година).
Компанијата има имано славни и познати личности кои биле нивни заштитни лица, вклучувајќи гиКатрин Денов (1970-1980 која е заштитно лице наChanel No.5),Карол Букет (1990 заштитно лице за Chanel No.5),Ванеса Парадис (заштитно лице за парфемотCoco),Никол Кидман (во раните 2000 ти лице за Chanel No.5),Одри Тоту (сегашно заштитно лице за Chanel No.5),Кјара Најтли (сегашно лице заCoco Mademoiselle) и најпознататаМерилин Монро (1950 заштитно лице на парфемотChanel No.5) слкана прскајќи се со пафемот Chanel No.5. Моментално сликата е најпозната од сите реклами за Шанел и продолжува да биде една од најпопуларните рекламни фотографии во историјата на маркетингот, која е користена во безбројни биографии и сè уште е најпродавана во широки размери како постер и уметничко дело на Мерелин Монро како модел.Мерилин Монро го донесе парфемот до слава.
Габриел "Коко" Шанел е родена во 1883 година и нејзиното родено име е Габриел Бонер Шанел. Таа основа нови дизајни и направи пресврт во модната индустрија со „враќање во основите“ спојувајќи ја елеганцијата, класиката и оригиналноста. Таа цврсто владее со Шанел од 1909-1971 и достојно ја носи титулата „Главен дизајнер“ сè до нејзината смрт на 10 јануари 1971.
Во 1909, Габриел Шанел отворла продавница на огромниот под во Куќата наЕтјен Балсан во Париз – тоа се почетоците на она што подоцна ќе стане од најголемите модни владеења во светот. Во Куќата Балсан беше место за среќавање на елитата од Франција и водењето на џентламените на своите елегантни дами, давајќи и можност на Коко да ги продава женските украсени капи. Во меѓувреме Шанел започнала врска со Артур 'Бој' Капел член на машката Балсан група.
Тој во Коко видел бизнис-жена кој и помогнал да си обезбеди локација на ул.Камбон бр.31 во Париз во 1910 година. Во зградата веќе имало високо модни продавници и на Коко не и било дозволено да произведува високо модни фусстани. Во 1912, Коко Шанел ја отвори нејзината прва модна продавница за шапки и украси за глава во Париз, а во 1913 Шанел ја воведува женската спортска облека во нејзиниот нов бутик воДовил иБиариц во Франција. Дизјните на Шанел имаат за цел да бидат едноставни, отколку богати на изглед. Таа ја мразела модата на жените кои доаѓале од тие градови.Првата светска војна ја погоди модата. Јагленот беше редок и жените морале да работат во фабриките, а мажите да одат во војна. Ним им била потребна топла облека за да ги издржат условите во кои работеле. Дизајните на Шанел од тој период биле погодени од новата идеја за женскиот спорт. Во текоѕ на Првата светска војна, Коко отвори поширока продавница на ул.Камбон предХотелот Риц Париз. Таму продава фланели, спортски блузи, прави ленени сукњи, морнарски горни делови, горни волнени џемпери (блузони) и кратки палта. Со нејзината тешка финансиска ситуација во раните години од нејзината дизајнерска кариера Шанел првенствено купува волна поради нејзината ниска цена. Добрите и згодни составувања на ткаенината од дизајните на Шанел кои се едноставни и практични и често инспирирани од машката облека, особено преовладуваат машките униформи при завршувањето на Првата светска војна во 1914 година. Нејзината мода стана позната во 1915 низ цела Франција, поради нејзината едноставност. Низ годините 1915 и 1917Harper's Bazаar спомнува дека името на Шанел "е на списокот на секој купувач". Нејзиниот бутик на ул. Камбон бр.31 едноставно напредуваше, дневни фустани со крзнени капути и црни вечерни фустани со тантели или со црни везени тулови (таа исто така полни перници и метална градба на софи).
Коко Шанел ја оформи својата репутација како прекцизен моден творец. Следејќи ги модните трендови од 1920 Шанел дизајнира дилги фустани. Костумот во две или три парчиња создаден во1920 продолжва да биде во елегантен или модерен стил. Костумот е препорачан како "нова унифрома за попладне и навечер сè до 1915". Во 1921 се забележа излагањето на првиот парфемChanel No.5. Ернест Бо го пресоздаде мирисот и таа го нарече по нејзиниот среќен број 5. Мирисот стана успешен. Препознатливиот парфем е како резултат на нејзината доверба во суеверија. Таа планираше да ја покаже нејзината колекција на 5-тиот ден од 5-тиот месец. Во 1923 година, Коко го информира Harpers Bazaar дека "едноставноста е клучна забелешка за вистинската елеганција".
Теофил Бадер (основач на успешната француска стоковна куќаGallerie Lafyette) каде Коко ја претстави наПјер Вертејмер. Вертејмер задржува 70 % од парфемите Шанел додека Бадер 20% и Коко најмалку 10%. Коко е приморана да делува врз нејзиниот дизајнерски бизнис од страна на Шанел парфемите. Во 1924 Коко го претстави нејзиниот прв комплет накит кој е составен од пар бисерни обетки, еден црн а другиот бел. Во текот со успесите во високомодниот бизнис Коко ја прошири нејзината "Социјална покасуваност и нејзината сопствена легенда". Друг љубовен интерес во нејзиниот живот евојводата од Вестминистер. Таа го стави нејзиниот потпис и на везено палто во 1925 и во 1926Little black dress и волнената облека инспирирана од посетатаШкотска. Наскоро Коко отвора бутик блиску доЛувр.
Таа е незадоволна од партнерството со Пјер Вертејмер мислејќи дека заслужува повеќе од 10% од профитот и мисли дека Вертејмер го искористува нејзиниот талент за негови цели. Вертејмер ја потсетува дека тој го создал ризикот и дека ја направил богата жена.
Коко го најмилаРене де Шамбрун како нејзин правен застапник за преговарањата за роковите со Вертејмерови, но оваа намера била неуспешна.
Шанел и нацистичко здужување од 1930 до 1950 година
Вечерните дизајнирани фустани од Шанел се како дел на проширувањето и продолжувањена стилот на жената. Летните фустани имаат контрасни светкави допири (пример ремен од светкави камења и сребрени дупчиња) Коко дизајнира за мали жени во 1937 година. Низ 1930-титеЕлса Шиапарели била вистински соперник на Куќата на Шанел но тоа траело кратко. Во 1932 година Шанел премиерно изложува накит направен оддијаманти. Неколку парчиња вклучувајќи ги овде герданите "Comet" и "Fontain" беа повторно претставени во 1993 година. Со започнувањето на Втората светска војна во 1939 година Коко Шанел се пензионира и се преселува во Хотелот Риц Париз заедно со нејзиното ново момче нацистичкиот офицер Ханс Гунтер вон Динклејџ. Само нејзините парфеми и модни додатоци беа продадени во нејзините преостанати бутици.
Кога Франција падна под контрола нагерманскиот нацизам наАдолф Хитлер во 1940 година, нацистите, хотелот Морис го направија богат и ексклузивен, тој е сместен на улица Риволи наспроти Лувр. Тоа беше случајно и многу близу (само десно околу аголот) до локацијата на улицата Камбон. Во 1940 година Пјер Вертејмер и неговата фамилија одлетаа во САД во 1940 година и пред Коко да ја заземе контролата на Шанел парфемите, Вертејмер го постави "Арјан застапник" на компанијата. Се ширеа гласини дека Коко соработува со германците. Биографот на Шанел,Едмонд Шарл Рукс изјавил дека германците ја пратиле да го "посетиВистон Черчил" како дел од тајната мировна мисија. Коко Шанел веднаш била уапсена по ослободувањето на Франција и обвинета за поттикнување на германците, Черчил интервернирал во нејзина корист и таа била ослободена. По падот на нацистичкото владеење Франција била ослободена и многу французи ги казнувале француските жени со строги казни бидеќи мислеле дека соработувале со нацистите во Франција. Тие биле нарекувани "хоризонтални соработници" или на англиски "On their backs colaborators", ставајќи крај на сето тоа. Коко Шанел стана мета и предмет на оговарање и таа замина во Швајцарија по завшувањето на војната.
Во отсуство на Коко, Пјер Вертејмер се вратил во Париз за да ги контролира неговите компании. И покрај тоа, Коко создаде своја сопствена колекција на парфеми. Вертејмер ги изгубл неговите легални права но сакал да ја избегне правната битка и се договорил со Коко давајќи и 400,000 американски долари, 2% од богатството на Шанел прозиводите и и дал ограничено право за да ги продава нејзините сопствени парфеми во Швајцарија. По договорот Коко престанала да произведува парфеми. Таа целосно ги продава правата на нејзиното име на Вертејмерови за Шанел парфемите во замена со месечна плата. Платата ја издржуваше неа и нејзиниот преијател, вон Динклејџ.
Шанел се враќа во Париз во 1953 година за да ја открие модната сцена која е опседната одКристијан Диор и многу други женски брендови за кои самиот и дал "New look" кредит. Коко Шанел брилијантно одговара на предизвикот. Таа призна дека модниот пазар е изменет и дека е потребно да го "улови". Станувајќи повторно способна да достигне висока цена. Шанел е потребно да има значително присусуство во високата мода, облека, додатоци за костуми, комплети, накити и мириси. Коко ја проголта својата гордост и го побара Пјер за бизниски совети и финансиско враќање. За возврат тој преговара за неговите целосни права врз сите производи што ги носи брендотChanel. Но нивната отплатувачка соработка благородно беше исплатена од Шанел со нејзиниот непогрешлив стил, уште еднаш стана еднинствена и најпрестижна во цела мода. Најважно за брендот и почетоците во 1953 година е тоа што Коко соработува со производителот на накитРоберт Госен за да ја дизајнира линијата накит од Шанел чијшто иконски модни дизајни биле одлично поздравени. На пример таа ги парираше нејзините ново лансирани производи со потпис "Chanel Suit" (содржани од везени јакни од волна со сукња) со долги линии одцрни и бели бисери поставени на костумот додека во исто време истовремено додавајќи му степен на женственост, и на тој начин светкањето добива стог изглед.
Во февруари таа исто така ги воведе и Шанел златните и метални синџиресто-лентести ташни покриени со штавена кожа. Крајниот стадиум за оваа линија е 2/55, каде светкањето стана внатрешно здужување на чантите од штавена кожа. Во светот сè уште се познати како "2/55" чанти и како "Chanel Suit" и како такви не отсуствуваа од модата. Низ педесеттите години нејзиниот вкус продолжува низ изврсна патека до успехот дури и кога се сврте кон нови насоки за освојување на модните зависници. Нејзин прв ризик поврзан со машките парфеми стана стана уште еден невиден успех. Шанел тоалетната вода "eau de toilette" за мажи, "Pour monsieur" (кој исто така е рекламиран под името "A Gentlaman's cologne"). Стана, траеше и остана сè до денес број еден од машките парфеми. Шанел и нејзината пролетна колекција добија Моден Оскар во 1975 година на доделувањето на модни награди во Далас. Пјер Вертејмер ги купи Бадеровите 20% и ги поделил низ бизнисите за парфеми давајќи 90% на неговото семејство. Синот на Пјер,Жак Вертејмер го зазема местото на татко му во 1956 година. Застапникот на Коко, Шамбрун наречен поранешниот застапник "единствениот заснован на страста за бизнис и покрај нејзините изгубени чувства за експлоатација". Изјавил заФорбс дека Пјер се вратил во Париз полн со гордост и возбуда откако еден од неговите коњи победи наанглиското дерби во 1956година. Тој појде кај Коко очекуваќи честитки и признанија, но таа одби да го бакне. Тој ја огорчи неа и целиот нејзин живот. Габриел "Коко" Шанел почина на осумдесет и седум годишна возраст на 10 јануари 1971 година. Таа "дизајнирала, работела" сè до нејзината смрт. На пример таа дизајнирала униформи заОлимпик Еирвејс -авионската компанија (1966-1969). Следена одПјер Карден. Олимпик Еирвејс во тоа време била најлуксузната авионска компанија, поседувана од грчкиот бродски магнет,Аристотел Оназиз. По нејзината смрт водството на компанијата беше преземено одИвон Дадл,Жан Казабон иФилип Гилбурш. По некое време Жак Вертејмер потполно ја купи Куќата Шанел. Критиките траеја за време на целото негово водство,никогаш не и обрна доволно внимание на компанијата како што обрнувал внимание на коњските трки. 1974 година Куќата Шанел ја лансира "Кристал" тоалетната вода која што беше дизајнирана додека Коко Шанел беше жива. Во 1978 година е лансирана и првата не-модерна линија на облека и светски распространети модни додатоци.
Ален Вертејмер,син на Жак Вартејмер ја презема компанијата во 1974 година. Вракајќи се во САД, парфемот Шанел ил гледан како минато. Ален ја реставрира продажбата на Шанел 5 со редуцирање на бројот на продавници за парфеми од 18.000 на 12.000 и го отстрани парфемот од полиците на дрогериите и инвестира милиони долари во рекламирање во Жанелкозметиката. Оваа овозможува огромно чувство и ексклузивност за No.5 и од тогаш продажбата постојано се зголемувала и ширела. Тој исто така вклучува славни и познати луѓе за да го промовираат парфемот како на пр. М.Монро и Одри Тоту. Барајќи дизијанер да го постигне нивото на високо рамниште тој го донесе Карл Лаџерфелд кој штотуку го заврши договорот со модната куќа Клое.
Во 1981 година Шанел лансира нова тоалетна водаАнтос. Во 1983 година Кларл Лаџерфелд стана главен дизајнер на Куќата Шанел. Тој ги смени модните Шанел линии од старите во нови линии со пократки кроеви и воочливи дизајни. Во периодот од 1980-тите години повеќе од 40 Шанел бутици се отворија низ целиот свет. Сè до крајот на 1980 година овие бутици продадоа производи рангирани од 200 американски долари за еден парфем, 225 долари за балетанки, 11.000 долри за фустани 200 долари обложени ташни. Правата на Шанел козметиките и парфемите се одржани само од шанел и не се споредувани со други производители за убавина. Откако Лаџерфелд ја презеде одговорноста како главен дизајнер, другите дизајнери и маркетинг работници работат на зачувувањето на класичниот Шанел изглед и одржувањето на легендта за Шанел. Стопанственикот Жан Оан објаснува дека тие ласнсираат парфем на секоја 10 година, а не на секој 3 минути како другите конкурнти. Исто така вели дека не го збунуваат клиентот, од Шанел луѓето знаат што да отчекуваат, и се верни нивни купувачи, без разлика на возрста, влегуваат и излегуваат од продавниците во сè поголем број. Лансирањето на нов мирис во чест на Коко Шанел, Coco, во 1984 година водеше до успеси во парфимериите. Во 1986 година Куката Шанел склучи договор со производителите на часовници и во 1987 година првиот Шанел часовник го апочна отчукувањето. Крајот на оваа декада, Ален своите канцеларии ги префрли во Њујорк.
Во 1990 година компнијата стана глобален водач во творба на парфеми и маркетинг. Високата рекламна инвестиција го зголеми приходот. Успехот на Куката Шанел на семејството Вертејмер им донесе богатство од 5 милијарди американски долари. Продуктивната линија часовници (кој се со цена над 7 илјади долари), обувки, облека, козметика и модни додатоци се ширеше. Продажбата беше погодена од рецесијата во раните 1990-тите, но Шанел се опорви во средината на 1990-тите со наредниот скап бутик. Во 1990 година е лансиран и ĹŹ.
Во 1996 година Шанелгокупи производителот на револвериHolland & Holland. Со нмера да го реставрира но не успева. Исто така тогаш е и лансирањето на парфемот Allure кој несомнително предизвика огромна популарност, а машката верзијаAllure Homme е лансирана во 1998 година. Подобар успех постигна со купувањето наЕрес (костими за капње).Куката Шанел ја прикажа првата линија за грижа на кожатаPRÉCISION во 1999 година. Истата година, Шанел ја лансира и првата колекција за патување и со договор под лиценца наLuxottica, воведе линија н очила за сонце и рамки за очила.
Додека Ален Вертејмер беше главен на Шанел, CEO и претседателот Франсоа Монтена сакаше да го донесе Шанел во 21 век. Во 2001 година беше лансиран и новиот унисекс часовник од Шанел, Ј 12. Во 2001 годинаBell & Rose беа купени. Истата година, бутиците на Шанел, кои беа отворени во Америка, понудија само одбрани модни додатоци.
Бутик на Шанел во Принц Билдинг, централен Хонгконг
Во 2002 беше лансиран парфемотChance со сцена на изненадување и гламур. Куката на Шанел исто така ја основа иParaffection компанијата која собра пет уметнички ателјеаAtelliers D'Art. Дезру за украсување,е Лемарие за украсување со пердуви и камелии, Лесаже за везење, Масаро за произведување на обувки и Мишел за правење шапки и ураси за глава. Колекцијата за облека имаше успех исто како да беше создадена од К.Лаџерфелд. Традиционално овој настан се презентира секој декември. Во јуни 2002 продавницата за накит и часовници е отворена наавенијата Медисон. Во текот на мсеците над 100 бутици за обувки и ташни се отворени веднаш до подавницата за накит и часовници.
Исто така во 2002 се рашири гласина дека Шанел претставува спој од луксузни производи од париската модна компанијаHermés, каде истите преовладуваат. Оваа озборување е измислно од соперникотЛуј Витон, една од најпознатите модни компании во светот. Шанел продолжи да се проширува во САД и во 2002 година. Отвори уште 25 бутици. Шанел ска да отвори повеќе бутици во повеќе градови во САД, како што сеАталанта иСиетл. Во чест на помладите, Шанел во 2003 година го воведе иCoco Mademoiselle и "In-Between -Wear". Истата година забележа огромна популарност со отворање на вториот бутик на улица Камбон. Посакувајки пристап и на азискиот пазар, куката Шанел отвора и нов бутик од 220 m2 воХонгконг и плати приближно 50 милиони американски долари за изградба на друг воГинза,Токио.
Коко Шанел ја развила високата дизајнерска мода од заменување на традиционалниот корсет со комфорниот едниставен долг комплет и убаво скроените фустани. Шанел често ги соединувала идеите за машката мода во нејзините дизајни. Шанеловите едноставни линии во зенската мода водена од популарнатачистливо-рамнински изглед од 1920 година. Нејзиното облекување беше релаксирачки, неструктурирн и променлив начин на облекубање на жената за разни пригоди. Коко ги напушти корсетите, ослободувајки ја жената и дозволувајки и повеќе комфорт.Contemporary Fashion изјавува дека Шанел ја облекува модерната жена во облека која го претставува начинот на живеење. Коко е формиран за правење на волна (мек и растеглив вез користен за долна облека), популарна модна ткаенина. Нејзините волнени фустани најчесто во темносини и сиви со повеќе кроеви за издигнување на женската фигура, отколку што ја нагласува и искривува природната телесна фигура.
Шанел е исто така позната по нејзината двострана ткаенина и кожа која исто така има "тајна" во покривачкиот слој кој е шиен под ткаенината за да го држи материјалот поцврсто. Инспирирано од кратките палта носени од џокеите. Овој материјал се користи и во облекувањето на модните додатоци.
Таа имала и многубројни успеси кои ја изменија модната индустрија,вклучувајќи го и отсекогаш познатиот Шанел Костум составен од сукња до колена и кратко палто, претежно направено од ткеана волна со црна шиена врвца и златни копчиња, кои се дотерани со широк бисерен ѓердан. По феноменалниот успех на парфемотChanel No. 5, модата на Коко Шанел стана светски позната и производите беа купувани дури и од високите модни критичари од Лондон и Париз. Финансиската добивка од парфемот придонесе во текот на тешките периоди во нјзината компанија.
Потписот Шанел е и логото на фирмата, составено од двете превртени -C едно наспрема друго. Оригиналното лого со кое Коко Шанел се прослави. Нејзиното лого беше дадено од Chateau de Cermat во Ница. Логото беше промовирано со отворањето на првата Шанел продавница.
Моментално Шанел тргува со нелегалното користење на заштитниот знак на двојното -C на скапи производи, особенофалсификувани чанти. Компанијата заклучи дека тое е прв приоритет за стопирање на фалсификуваните производи. Најголеми земји на фалсификувани производи сеВиетнам иКина. Автентична Шанел чанта чини околу 2.850 американски долари, додека фалсификуваната вообичаено е околу 100 американски долари, кое создава барање за потпис на логото за повисоки цени. Во почетокот на 1990 -тите години сите автентични Шанел чанти биле во серии.
Временската линија за марење на присуството на Шанел во САД и преку знак регистриран со (USPTO). Во вторник 18 ноември 1924 година во Њујорк, Шанел користеа два знака. Едниот беше со Chanel, а вториот знак е различен CC знакот и плус кој ја ознацува овој бренд.
Во тоа врема двата знака се користеа само за нивните парфеми, тоалетни води и козметички производи од прва класа од обични метали и нивни легури. Шанел го дизајнира надворешниот опис напудра за лице,парфем,тоалетна вода,кармин ируменило од USPTO.
Двата знака Chanel и СС беа наградени на исти датум, 24 февруари 1925 година, со сериски број 711205468 и 711205469. Ниниот статус е регистриран и поседуван од Шанел во Њујорк.
Првата апликација за воведниот парфем Chanel No.5 беше во четврток на 1 април 1926 година. Апликацијата била користена од Шанел и опишана од USPTO како парфем и тоалетна вода. Првата и трговска употреба е регистрирана на 1 јануари 1921 година. Регистрирањето беше на 20 јули 1926 со сериски број 71229497. Статусот на No.5 е регистриран и обновен од Шанел во Њујорк.
Шанел работи со над 200 Шанел бутици ширум светот. Локациите се наоѓаат во трговските шопинг центри и во поголемите аеродроми. Огроманата и луксузна продавница на Шанел во Гинза на аголот 3-5-3 Гинза Чу-ку, Токио – 104- 0061, и другите три околни аголи се дом на Луј Витон,Булгари иКартиер водечки продавници низ светот.
Парфемите на Шанел беа произведени во 1924 година одПјер Вертејмер, кој произведуваше и продаваше парфеми и производи за убавина. Парфемите Шанел донесоа значаен процент во профитот на компанијата, повеќе отколку од продажбите на дуги комбинирани поизводи заедно. Усте од почеток Шанел парфемите имале трипарфимерии:
Ернест Бо период на врботеност 1920-1961Анри Роберт период на вработеност 1958-1987Жак Полг период на вработеност од 1978 до денес
Првиот Шанел часовник, наречен "Premier", е произведен во 1987 година. Првиот модел од Chanel J12 линија која беше воведена во 2000 година.
Во 2005 година, дизајнерите на Шанел ја воведуваат линијата часовници Ј12 во сферата на накитот со што направија часовникот да биде дел од накитот. Шанел се консултираше со Swiss, искусни во таа работа, за развој на ексклузивниот 'CHANEL 0.5-T.1'.
Во 2006 година линијата беше придружена од Chanel J12 Haut Joaillerie сет од 597 нежно брусени дијаманти, проследени од творбата Chanel J12 Tourbillon Haut Joaillerie. Во 2007 година Шанел го лансира и првиот Ј12 GMT модел.
Во 2008 година Шанел инсистира на пртнерство со Одмар Пиже кој го развил 'J12 calibre 3125', опремен со иновативното автоматко движење CHANEL AP-3125, спојувањето на AP 3120 и керамчкиот Chanel J/12.
Шанел промовира нов рекламен филм со улога наНикол Кидман како ново заштитно лице на Chanel No.5. Тој е продуциран одБаз Ларман, режисерот наМулен Руж иРомео и Јулија, истиот бил снимен воСиднеј. Кидман ја зема улогат на најпознатата жен во светот, одка брзилкиот модел и глумецРодриго Санторо ја има улогата на напнатиот писател вљубен во Кидман. Рекламниот филм трае три минути и неговото прикажување зема голем замав. Тоа чинело околу 26 милиони евра (46 милиони долари), првејќи го филмот Chanel No.5 еден од најкапите реклами продуцирани во историјата.
Одри Тоту, француска глумица и ѕвезда од филмотКодот на Да Винчи, 2006 година, ја замени и ја зеде улогата на Кидман кко заштитно лице на парфемот во 2008 година. Официјално стана заштитно лице на Шанел кога таа се појави во вториот краток филм за парфемот во 2009 година. Краткиот филм бил промовиран на 5 мај (05.05 во чест на No.5) на мрежната страница на Шанел, осумдесет и осум години од денот кога парфемот првпат бил лансиран. Краткиот филм бил режиран од францускиот режисерЖан Пјер Жон во спој со филмот на Тоту,Coco avant Chanel (Коко пред Шанел) во кој Тоту ја игра улогата на Коко Шанел.
Британската глумица,Кјара Најтли, моментално заштитно лице на парфемот Coco Mademoiselle, ја глумеше младата Коко Шанел во краткиот рекламен филм за парфемот, режиран од англискиот филмски режисерЏо Врајт.
Во август 2010 година Шанел го реализира првиот краток филм за машкиот парфем Bleau de Chanel. Францускиот глумец,Гаспар Улиј стана новото лице на новиот парфем и филм режиран одAcademy Award - чиј победник еМартин Скорcезе.