Шабат (хебрејски:שַׁבָּת, „одмор, прекин“) илиШабос, Шабес (јидиш:שאבּעס) — седми ден воеврејската недела посветен на одмор, со кој се паметисоздавањето на светот за шест дена испасението на Евреите од ропство воЕгипет, како и исчекување на времето на Месијата. Според прописите, на Шабат верниците мораат строго да се воздржуваат од секакви работни активности и да се дадат на одмор и раазонода за да се уважи денот. Според преданијата, Шабат води потекло од самиот еврејски народ како неговата прва најсвета општествена установа, но други стручњаци предлагаат поинакво потекло. Различните гранки на јудаизмот имаат разни прилагодувања на Шабат, а истиот на различен начин се почитува и кај останатитеаврамски и другирелигии.
Од Шабат потекнува името на денотсабота вомакедонскиот јазик, иакоправославните и највеќето други христијани ја сметаат неделата како ден за одмор. Поради истоветното потекло на поимот, за Шабат често се користи придавката „саботен“[1] (на пр. саботнни свеќи, саботна песна итн.) Ова е единствениот ден во неделата со име од несловенско потекло.
Според законите (халаха), Шабат се празнува од неколку минути пред зајдисонце вопеток, па сè до појавувањето на три ѕвезди во сабота навечер.[2] Празникот се пречекува палење на свеќи и кажување на благослов. Се јадат три празнични оброци: навечер, наутро и доцна попладне. Вечерата почнува сокидуш (посветување) и други благослови што се кажуваат над две векни леб (хала). Завршува следната вечер со благослов „авдала“. Ова е весел празник, каде луѓето се ослободени од секодјевниот труд и задачи. Како таков, тој дава можност за размислување за духовното во животот и проведување време со семејството.
Зборот „Шабат“ е изведен од хебрејскиот поимшават (שָׁבַת) кој честопати се преведува како „одмор(ање)“, но уште поточно би се превел како „престанок [со работа]“.
На самиот почеток наТората (Петтокнижие) во Битие 2:1–3 на Шабат му се дава посебно значење, како денот по создавањето на светот, на кој Господ се одмора. На луѓето за првпат им се заповеда да го почитуваат за време наспасението на Евреите од египетското ропство во Излез 16:26 (во контекст на престанокот наманата) и Излез 20:8–11 (како четврта одДесетте божји заповеди). Во Тората иТанахот (Стариот завет) Шабат се повторува многупати во заповедите и се вели дека на тој ден треба да се принесат двојно повеќежртвени животни.[3] Шабат го опишуваат и пророцитеИсаија,Еремија,Езекил,ОсијаАмос иНеемија.
како сеќавање наспсанието на израелскиот народ од ропството воЕгипет;
за да се „вкуси“ Олам аба (времето на Месијата).
Шабат во јудаизмот важи за весел свет ден и, по многу што, најсвет ден во годината:
ова е првиот ден споменат во Библијата, и Господ е првиот кој го празнувал со престанок на создавањето на светот (Битие 2:1–3).
во богослужбата Шабат се смета за „невеста“ или „кралица, принцеза“ (вид.шехина).
на шабатната утринска богослужба се чита свитокот на Тората, и тоа подолго отколку во обичните денови од седмицата. Тората се чита во текот на годишен циклус од 54 параши (парашот) — по еден на секој Шабат (понекогаш се удвојуваат). На Шабат читањето е поделено на седум дела — повеќе од секој друг празник, вклучувајќи гоЈом кипур. Потоа се читаат списите на пророците (афтара).
според преданијата, еврејскиот Месија ќе дојде ако секој Евреин испразнува по два шабата по сите прописи.[4]
во древноста, сквернавењето на Шабат се казнувало сокаменување — најстрогата казна во еврејското право.[5]
Според еврејското право, Шабат почнува неколку минути по зајдисонце. Тогаш се палат свеќите, често 18 минути пред залезот (тосефет Шабат, иако некои тоа го прават 36 минути пред залез) и највеќето печатени еврејски календари се придржуваат до овој обичај
Во петок навечер домот се разубавува (на пр. со цвеќе) и се кажува воведната молитваКабалат Шабат, која се состои од седумпсалми и песната „Леха доди“ (Дојди пријателе).[1] Кабалистите од Сафед во XVII век почнале да го нарекуваат шабат „невеста“ или „кралица, принцеза“ и вовеле обичај за дочек на оваа женска персонификација на празникот. Пред петочната вечера други пеат по две песни — една за дочек, а друга како пофалба за вредната домаќинка и нејзините напори во изминатите шест дена.[6] Откако ќе се благослови виното и халата, се послужува празничниот оброк и се пеат други шабатни песни.[7]
Според рабинската литература, Господ во Тората им заповеда на Евреите да госе придржуваат кон (да се воздржуваат од забранети активности) и да гопаметат (со зборови, мисли и дела) Шабат. Овие две начела се отелотворени во двете свеќи кои се палат за празникот. Свеќите ги пали домаќинката (или домаќинот, ако живее сам). Некои семејства палат повеќе свеќи, според бројот на децата што ги имаат.[8]
Шабат е предвиден како ден за разонода и молитва. По обичај се јадат три празнични оброци: вечера на шабаното предвечерје (петок навечер), ручек на самиот Шабат (сабота) и трет оброк (сеуда шлишит) во подоцнежниот дел од саботното попладне.
Многу Евреи одат во синагога на Шабат дури и ако не одат во работните денови. Богослужбата се одржува во шабатното предвечерје (петок навечер), шабатното утро (сабота наутро) и во доцна во шабатното попладне (саботна попладне).
Со исклучок наЈом кипур, кој во Тората е наречен „Шабат на Шабатите“, сите пости што паѓаат на Шабат се одложуваат за друг ден. Сите што жалатшива (недела по смртта на брачен другар или најблизок роднина), на Шабат мораат да се однесуваат нормално и имаат забрана за покажување на секакви знаци на тага.
Иако највеќето закони за Шабат се ограничувачки, четвртата одДесетте Божји заповеди во ИзлезТалмудот иМајмонид ја сметаат за „потврдна“ заповед. Во неа спаѓат:
уважување на Шабат (кавод Шабат): на самиот Шабат се носи празнична облека и не се зборуваат непријатни теми. По обичај не се зборува за пари и деловни работ.[9]
се кажувакидуш (посветување) со чаша вино на почетокот на шабатните оброци или по утринските молитви.
Два домашни плетени леба (хали) покриени со традиционалната покривка Јадење на три презнични оброци. Оброците почнуваат со благословување на две векни леб (лехем мишне, „двоен леб“) нареченихала (кај Ашкеназите се плетени, а кај балканскитеСефарди се кружни лепчиња —питикас)[1] кои го симболизираат двојното следување одмана кое им паднало од небо на Евреите на денот пред Шабат во текот на четириесетгодишниот престој поспасението од Египет. Се служи месо или риба, а може и обете. Доцна во попладнето се служи полесен оброк нареченсеуда шлишит, кој може да биде неутрален (парве) или од млечени производи.
шабатно уживање (онег Шабат): вршење на пријатни и разонодни активности како јадење, пеење, дружење и брачни односи.
На крајот од Шабат, верниците се збогуваат со него со обредотаавдала (хебр.הַבְדָּלָה, „разделба“) и со тоа ја дочекуваат новата седмица. Откако ќе падне мрак и ќе се појават трите ѕвезди на небото, се кажува благословот „авдала“ со чаша вино, мирудии и исукана свеќа. Некои ова го прават подоцна навечер за да го продолжат Шабат.
Еврејското право (халаха) забранува вршење на секаква работа (מְלָאכָה,мелаха; мн.мелахот) на Шабат освен во итни случаи опасни по живот. Иакомелаха обично се преведува како „работа“, поприкладен превод би бил „намерно дејство“ или „умешност и занаетчиство“. Постојат 39 вида на забранети активности (мелахот) наведени во трактатотШабат 7:2 одМишната.
Поимотшомер Шабат се користи за лице (или организација) што доследно се држи до законите за Шабат.
Постојат разни несогласувања помеѓу ортодоксните и останатите Евреи за практичното запазување на Шабат. Строгото држење до шабатните прописи се смета за белег на еден ортодоксен Евреин и дури има правно значење за ортодоксните верски судови.
39-те видови на работа (мелаха) се следниве:
орање
сеење
жнеење
врзување снопови
вршење
веење
двоење
толчење
просејување низ сито
месење
печење
стрижење волна
белење волна
чешлање волна
боење волна
предење
ткаење
правење две јамки
ткаење две нишки
двоење две нишки
врзување
одврзување
пришивање
кинење
фаќање животни во стапица
колење
дерење
штавење
тенчење кожа
бележење коња
кроење кожа
пишување две или повеќе букви
бришење две или повеќе букви
изградба
рушење
гаснење оган
палење оган
довршување на изработката на некој предмет
пренесување на предмет (помеѓу личен и јавен простор, или повеќе од 4кубити во рамките на јавниот простор)
Видовите на работа сеегзегетски изведени (зановано на сопоставување на соодветни библиски пасуси) од видовите на работни активности потребни за изградбата наСкинијата. Тие не се изречно наведени во Тората. Многу од рабинските богослови укажуваат дека заедничкото за сите овие работни активности е тоа што се „творечки“ или пак вршат влијание врз или ја видоизменуваатоколина.
Различните гранки на јудаизмот ги поимуваат шабатните забрани различно. Посветенитеортодоксни иконзервативни Евреи се воздржуваат од сите 39 видови работа. Секоја работна активност (мелаха) има различни изведени забрани, па така впрочем постојат многу поголем број на забранети активности.
Бидејќи забраните се однесуваат на видови активности, сите имаат свое толкување што важи за поголем број на работни активности. На пример, под „веење“ се подразбира издвојувањето наплевата оджитото (слично и „двоење“), но во талмудска смисла се подразбира секакво одделување на јадливото од нејадливото. Така, во овој вид активност спаѓа и филтрирањето на непитка вода за да стане питка, како и вадењето на коски од риба.
Во случај на состојби на опасност поживот (пикуах нефеш), секој верник не само што може, туку задолжително мора да ги прекрши законите за Шабат за да спаси нечиј живот (осен ако притоа не врши смртни гревови). Поимувањето на „опасност по живот“ има пошироко толкување: често опфаќа потешко болни, жени пред пораѓање, па дури и помалку итни случаи.
Следбениците нареформскиот иреконструктивистичкиoт јудаизам веруваат дека секој пединец има право да одреди кои шабатни забрани да ги следи. На пример, некои луѓе готват и пишуваати заразонода, и затоа тие активности ги сметаат за пријатни. Многумина реформски јудаисти сметаат дека секој човек има различно поимување на работата, па затоа можат да бидат забранети само активностите што самиот поединец ги смета за работни.[10]
Потрадиционалните реконструктивисти сметаат дека наведените видови работа начелно важат за исправни, но дека секој треба сам да одреди дали и како да се придржува до нив. Постои мал дел од прогресивците кои имаат исти ставови како ортофоксните верници.
123Данон, Цадик (2008).Основни поими на јудаизмот. прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија.ISBN9989-102-14-7.