Цицачи (латински:Mammalia) —животни кои ги хранат своите млади сомлеко. Повеќето цицачи се прекриени совлакна иликрзно и повеќето имаат специјализиранизаби кои им помагаат при сечењето или џвакањето на храната. Во споредба со другите‘рбетници, цицачите имаат високоразвиеннервен систем и покажуваатинтелигенција. Во цицачи спаѓаат некои од најпознатите членови на животинското царство, какомачки,кучиња,слонови икитови, а исто така илуѓето, кои се најинтелигентните животни на планетатаЗемја.
Со исклучок на три многу необични цицачи нареченимонотреми, сите останати цицачи раѓаат живо младенче (вивипарни цицачи). Некои млади цицачи се целосно беспомошни по раѓањето, додека другите се релативно добро развиени. И покрај разликите, сите млади цицачи зависат од нивните мајки за храна и остануваат со нив додека не се оспособат за самоодбрана. Оваа блиска врска меѓу мајката ипотомството дава силни семејни врски и им овозможува на младите цицачи да учат имитирајќи го однесувањето на нивните родители.
Цицачите еволуирале од група навлекачи нареченитерапсиди (Therapsida). Најраните вистински цицачи кои се појавиле пред 200 милиони години биле само 5см во должина и најверојатно го поминувале поголемиот дел од својот живот на дрвјата. Овие ситни цицачи имале четири речиси еднакви нозе и остривилици. Од тоа време, цицачите еволуирале во извонредно многу телесни облици и големини. Од околу 4.600 видови на живи цицачи, повеќето живеат на копно и голем број од нив сѐ уште се движат на сите четири нозе. Но, во модерните цицачи се вбројуваат и животни кои скокаат на две нозе, други кои живеат секогаш вовода, и трети кои можат да летаат. Овие пливачки и летачки видови ги вклучуваат најголемиот светски цицач -Синиот кит, како и најмалиот -Китиевиот лилјак. Овој ситенлилјак, откриен во1973 во шумите наТајланд, има големина набумбар и тежи околу 2гр.
Животниот век на цицачите варира исто како и нивната големина. Повеќето мали цицачи живеат помалку од година, исцрпувајќи се во текот на животот со постојана активност. За споредба,коњите можат да живеат околу 20 години,шимпанзата преку 50, а слоновите можат да доживеат и 60 години. Луѓето имаат најдолг животен век од сите цицачи, со малку единки кои живеат и преку 110 години.
Цицачите се адаптирале на некои од најекстремните живеалишта на Земјата. Тие се топлокрвни или ендотермни, што значи дека ја одржуваат својата телеснатемпература во тесен опсег, без разлика на промените во животната средина.Белите мечки преживуваат наарктичкиот мраз, додекаполарните лисици можат да спијат наснег при температури ниски до –68°C.Камилите икенгурските стаорци живеат вопустините и можат да поднесуваат топли температури на кои многу животни од постудените живеалишта не би преживеали.
Цицачите можат да го толерираат и реткиотвоздух од највисокитепланини, како и разорните притисоци наокеанските длабочини. Јаките, на пример, собираат храна на планинските падини принадморска височина од 6.100м, додека китовите-кашалоти можат да нуркаат до длабочини од најмалку 2100 м, задржувајќи го здивот и преку еден час. Во цицачи спаѓаат исто така и некои од светските најголеми животински мигранти. За време на годишната миграција од арктичките води до брегот наМексико и назад,сивиот кит може да пропатува 20.000км.
Телото на цицачите е покриено со цврста, еластична и дебела кожа. Во неа се наоѓаат три вида жлезди и тоа: потни, лојни и млечни жлезди.Телото на цицачите е покриено со влакна - рожни творби. Влакнестата покривка претставува совршен топлински изолатор - против губење на топлината. Тоа се хомеотермни (топлокрвни животни). Покрај влакната, рожни творби сè и ноктите, канџите и копитата. Копитата ги има на врвовите на прстите кај коњот, магарето, зебрата и други животни.
Вобиолошката класификација, цицачите ја образуваат една од шесте главни класи на ‘рбетни животни. Цицачите, пак, се поделени на три различни групи, или поткласи, основани на различните одлики.
Јајценесните цицачи (Monotremata) ја сочинуваат најмалата поткласа на цицачи со само три видови најдени воАвстралија,Тасманија иНова Гвинеја. Еден од овие еклунарот, а останатите два секлунестите ежови (ехидните). Репродуктивниот и екскреторниот систем на монотремите делат ист телесен отвор (урогенитален отвор), но посвојствена одлика (која ги одделува од другите цицачи) за овие животни е тоа што несат јајца. Женката клунар обично несе две или три јајца и ги инкубира во дупка која се наоѓа близу до вода. Клунестите ежови обично несат едно јајце кое мајката го инкубира во торбичка која ја формираат два слоја накожа на нејзиниот абдомен. Кога младото излегува од јајцето, тоа се храни со млеко, цицајќи го од специјалнамлечна дамка на долната страна на мајката.
Втората поткласа на цицачи ги вклучуваторбарите (Marsupialia). Овие цицачи раѓаат живо младенче, но тоа се раѓа додека е сѐ уште во многу неразвиен стадиум. Тие го довршуваат својот развој во специјална торбичка на мајкиниот абдомен, хранејќи се со млеко кое го добиваат од нејзинитебрадавици. Кај некои торбари, торбичката е мала, а малечкото подоцна излегува од неа. Кај други таа е голема торба и малечкото е целосно собрано во неа.
Коала (Phascolarctos cinereus)
Постојат околу 250 видови на торбари кои можат да се најдат на различни живеалишта. Околу две третини од нив живеат во Австралија, Тасманија или Нова Гвинеја, каде еволуирале во најразлични форми, вклучувајќи растенојади какокенгурите,коалите ивомбатите, како и животни од типот набандикотите икуолите, кои имаат остри заби и се хранат соинсекти и други без‘рбетници. Остатокот од торбарите живее воАмерика. Претставени се со околу 70 различни видови наопосуми.
Третата поткласа на цицачи, наречениплацентали, вклучува околу 4.300 видови, правејќи ја најголема од сите три мамалиски групи. За разлика од младите торбари, младите плацентални цицачи поминуваат долг период на развој во телото на мајката пред породувањето. Затоплени и заштитени во мајкинатаматка, неродените млади се исхрануваат од страна на еден сунѓересторган нареченплацента, кој впива хранливи материи одкрвта на мајката и ги пренесува до животното во развој. Подоцна младиот плацентален цицач се раѓа и обично е целосно оформен, иако може да нема крзно или функционални очи или пак заби.
Лилјак (Corynorhinus townsendii)
Биолозите ги класифицираат плаценталните цицачи во околу 19 групи наречени редови. Најголемата група, со околу 1.500 видови, ги содржиглодачите какостаорците,глувците,вервериците иморските прасиња. Друга главна група на цицачи, со околу 1000 видови, ги содржи лилјаците. Инсектојадните лилјаци начелно се мали животни, но некои овошјејадни видови имаат распон на крилјата од преку 1,5 м.
Волк (Canis lupus)
Повеќе големи грабливи копнени цицачи припаѓаат на групата наѕверови (Carnivora), која содржи околу 240 видови. Некои од овие животни, каколавовите иволците, ретко јадат нешто друго освен месо, но други, особеномечките, имаат поразновидна исхрана. Разновидната исхрана е честа и во друга група на цицачи -приматите. Во примати спаѓаат животни каколемури,мајмуни илуѓето, а повеќето од 230 видови живеат на дрвја.
Светските големи растенојадни цицачи се поделени на две главни групи. Една група, наречена група напарнокопитни, се состои од животни какосвиња,елен,говедата иантилопа кои имааткопита со ист број на прсти. Другата, многу помала група сенепарнокопитните, каде спаѓаат коњите,тапирите иносорозите, кои имаат непарен број на прсти.
Некои цицачи се адаптирале на живот во вода.Фоките, во кои спаѓаатморските лавови иморжовите, можат да спијат и да се хранат на отворениот океан, но мораат да се вратат на копно за да се размножуваат.Манатиите идугонгите се големи, растенојадни цицачи кои целиот свој живот го поминуваат во водата. Китовите, вклучувајќи ги големиот син кит иделфините, се добро приспособени како брзи океански грабливци. Сепак, како и другите цицачи, водните ќе се удават ако не ја достигнат површината за да дишат воздух одатмосферата.
Во усната празнина се наоѓаат забите кои се сместени на вилиците, во посебни отвори - алвеоли. Формата и бројот на забите кај цицачите зависи од начинот на исхраната. Главно разликуваме три вида заби: секачи (предни) кои служат за сечење на храната - најразвиени секачи имаат гризачите: зајакот, верверичката, дабарот и други. Кучешките заби служат за раскинување на пленот, а најразвиени заби имаат ѕверовите: мачката, лавот, тигарот, рисот и др. Преткатници и катници - служат за ситнење на храната.Во устата цицачите имаат три пара плунковидни жлезди кои излачуваат плунка со која се натопува храната. Други органи за варење се: грло, хранопроводник, желудник, дванаестопалачно црево, тенко и дебело црево и анален отвор. Жлезди што го помагаат варењето на храната се црниот дроб и панкреасот.
Желудникот на преживарите (овцата, козата, говедото,антилопата) е поделен на четири дела: со нежваканата храна прво се полни најголемиот дел од желудникот - бураг, а при преживувањето преку капурата, дел по дел од храната се враќа во устата каде се жвака. Потоа храната се враќа во третиот дел од желудникот - листенецот и на крајот оди во четвртиот дел - сириштето. Во сириштето храната се натопува со желудечниот сок во кој има ензими, со чија помош се врши хемиско разложување на органските материи од храната. Од желудникот храната преминува во цревата. Понатамошното варење на храната во цревата се врши исто како и кај другите цицачи.