Палатата Хофбург епалата сместена воВиена,Австрија, која била дом на најмоќните луѓе воисторијата на Австрија, вклучувајќи ја иХабсбуршката династија, владетели на големотоАвстроунгарско царство. Моментално служи како официјална резиденција на австрискиот претседател. Хофбург била палатата во која Хабсбурговците престојувале во текот назимата, додекаШенбрун е палатата која ја претпочитале за престој волетото.
Областа на палатата Хофбург е документирана како седиште на владата од 1279 година, за време на владеењето на неколку царства и републики.[1]
Дворецот Хофбург бил прошируван нив векови со цел денеска да е составен од: неколку резиденции, капела, музеи, империјалнабиблиотека, националентеатар, школо за јавањекоњи, коњска штала, како и конгрес центарот на Хофбург.
Неколкуархитекти работеле на проширавањето на палата, едни од најпознатите сеиталијанскиот архитект-инженер Филиберто Лучезе, Лодовико Бурначини и Мартино и Доменико Карлоне. Исто така на него работеле ибарокните архитекти Лукас вон Хилденбрадт и Јосеф Емануел Фишер вон Ерлакх, Јохан Фишер вон Ерлакх и други.
Во зданието е сместен и огранок на познатиотУметничкоисториски музеј.