Се разликуваат септирани хифи (многуклеточни) и несептирани хифи (претставени со една џиновска многујадрена клетка). Кога имаме септирани хифи, тогаш во клеточните прегради (септи) може да постојат отвори низ кои цитоплазмата и органелите (вклучително и јадрата) слободно преминуваат од клетка во клетка.
Некои хифи растат по пат на апикален раст, при што во текот на растот тие можат силно да се разгранат. Хифите се способни да се обединат во надолжни групации, со што образуваат поголеми (неколку метри долги и неколку милиметри широки) конци наречениризоморфи (ст.грч. ῥίζα — корен, μορφή — форма). Погуста мрежа илиплексус од хифи формираатсклероциите (ст.грч. σκληρός — цврст), од кои можат да се добијатплодните тела. Сите хифи кај една габа го образуваатмицелиумот.
Густо испреплетените групи на хифи во плодните тела на габите го образуваатплектенхимот. Тоа е лажно ткиво кое потсетува напаренхим, но не се создава од тридимензионалната делба на клетките, туку со густо зближување на нишките од хифи.
Основната функција на хифите е апсорпција на вода и хранливи материи. Некои хифи се претворени вохаустории (органи за „искачување“ на водата ихранливите материи), ловечки стапици (кај грабливите габи) итн.