Кардиоторакален хирург врши замена на митралниот залисток.
Хирургија (одгрчки:χειρουργική —cheirourgikē, прекулатински:chirurgiae, со значење „рачна работа“) — медицинска специјалност што употребува рачни и инструментални техники напациент за истражување и/или лечење на патолошка состојба какоболест илиповреда, да помогне да се подобри некоја телесна функција или изглед, а понекогаш и за други причини. Актот на вршење на хирургија се нарекувахируршка процедура,операција или едноставнохирургија. Во овој контекст, глаголотоперира означува изведување на хирургија. Придавкатахируршки означува припадност на хирургијата, како на пр.хируршки инструменти. Пациентот или субјектот на кој се врши операцијата може да биде лице или животно.Хирург е лице кое извршува операции на пациенти. Луѓето опишани како хирурзи се обични лекари, но терминот исто така се употребува и назабари иветеринари. Хирургијата може да трае од минути до часови, но обично не е периодична или дологотрајна форма на лекување.
„Познат“ — кус расказ на австрискиот писателТомас Берхнард од 1978 година.[1]
„Несреќи на пластичната хирургија“ (англиски:Plastic Surgery Disasters) — музички албум на американскатапанк-рок групаДед Кенедис (Dead Kennedys) од 1982 година.[2]