Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Хиндуизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од статиите
Хиндуизам
Историја ·Божества
Секти ·Митологија
Верувања
Реинкарнација ·Мокша
Карма ·Самсара ·Маја
Нирвана ·Дарма
Јога ·Ајурведа
Југа ·Вегетаријанство
Бакти ·Арта
Текстови
Упанишади ·Веди
Багават гита
Рамајана ·Махабхарата
Пурана ·Аранјака
Сродни статии
Хиндуизам по земји
Водачи ·Мандир ·
Касти ·Мантра
Речник ·Празници
Мурти
Хиндуистичкиот храм Чамундесвари воИндија

Хиндуизам (санскрит:सनातन धर्म,санатанадарма - „вечен закон“) — индискарелигија, една од трите најголеми религии во светот, со 1,2 милијарди следбеници, или 15% од светското население, познати какоХиндуси.[1] Содржи повеќе школи на идеи и традициии, па може да се нарече и начин на живеење. Понекогаш хиндуизмот е ословуван какокултура наместо религија, но содржи и културни и спиритуални страни. Мнозинството од современи хиндуисти ја следатведанта филозофијата која емонотеистичка филозофија.

Хиндуизмот верува во еденБог кој повеќепати низ историјата се јавува во светот во лицата наКришна,Буда, и други. Ова учење верува вореинкарнација, односнопреселба на душата по смртта во друга личност.

Душата се сели безброј пати сѐ додека не постигне состојба на целосен мир.Списите на хиндуизмот се викаатВеди, кои ги има многу. Најпознат е расказот заХаре Кришна.Ведите се појавуваат 15 векови предХристос. Тие главно учат тежок аскетски, пустински живот. Овој расказ стана популарен некаде на почетокот на 20 век со појавата на еден учител со 6 иминњаШри Шримат Свами Бактиведанта Шрила Прабупад, ја основа заедницата Харе КришнаРасказот за Богот Харе Кришна се викаБагават Гита.

ВоИндија постојат преку 330 милиони полубогови, сите се инкарнација на едниотБраман.Во вид наБрама го создава светот, какоВишну го одржува, какоШива го разурнуваБраман има жена,Сарасвати, кралица на уметноста.Некои од боговите се слонови, крави, реки, а и денес воИндија се прифаќаат нови богови.ТакаБуда,Исус,Мухамед, се прогласени за инкарнација на ЕдниотБог.

Заедница на Кришна воСкопје постои од 1990 година.

Хиндуистички богови

[уреди |уреди извор]

Најзначајни хиндуистички богови се:

  • Брама, ја претставува божествената, апсолутната стварност.
  • Вишну, го претставува оној кој дава живот
  • Шива, го претставува доброто и злото
  • Сарасвати, божица на вистината
  • Индра, бог на молњата, громот и војниците
  • Лакшми, божица на убавината
  • Кали, божица на смртта
  • Кришна, јунак и љубовник

Потекло

[уреди |уреди извор]

Хиндуизмот е трета најголемарелигија во светот со отприлика 1,2 милијарда следбеници, од кои најголем дел живеат воИндија. За разлика од другите религии, хиндуизмот нема основач. Неговите најдревни богови ги донеле ариските народи, кои продреле воИндија. Хиндуизмот се создал некаде околу 1750 година п.н.е. во Индија. Денес е распространет ширум југоисточнаАзија.

Поголемиот дел од хиндуистите веруваат во мноштво богови, но во една темелна вистина - „по смртта душата повторно се раѓа во некое друго тело“. Нивниот симбол е светиот глас Ом.

Најраните хиндуистички верувања се запишани во Ведите околу 1400 година п.н.е. а тие се состојат од химни и пеења.Ригведа е најважната книга на Ведите.

Денеска постојат повеќе видови на Хиндуисти: Ваишнавити (70%), Вишну (25%), останати (5%).

Хиндуистички празници

[уреди |уреди извор]
  • Дивали, новогодишна прослава на светлината
  • Холи, пролетна прослава
  • Ѓанмаштами, роденденот наКришна
  • Шива Ратри, главна прослава наШива

Светилишта

[уреди |уреди извор]
Хиндуистички храмови во Азија

Варанаси илиБеранес воИндија, еден од најстарите градови на светот е и главна цел на хиндуистичкото поклонение. Секоја година доаѓаат милиони луѓе за да се искапат во неговата света рекаГанг. Веруваат дека водата го мие секој сторен грев. Често во реката ја посипуваат пепелта на запалениот покојник.

Хиндуистите ги почитуваат сите животни, а посебно кравите кои се прогласени како свети животни. Поголемиот дел од хиндуистите се вегетаријанци. Кравата е симбол на жената и хранењето на кравата се смета како израз на почитување.

Поврзано

[уреди |уреди извор]
  • Атма - поединечната душа
  • Аватар - појава на Вишна сила на земјата
  • Гуру - верски учител
  • Карма - закон за причина и последица
  • Мантра - свето пеење
  • Мокша - ослободување од животниот цикулс
  • Нирвана - потполно спокојство

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „Hindu Countries 2021“.World Population Review. 2021. Посетено на2 June 2021.
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Хиндуизам&oldid=5404056
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp