Островот првично бил населен со жители Ли.Династијата Хан се обидела да го освои островот околу 110 п.н.е., но, соочена со отпор од Ли, одлучила да се задоволи со искористување на неговите ресурси. Кинезите од копното се населиле на островот за да живеат од бисерна култура. Окупацијата на островот од Ханите била ограничена седумстотини години на северниот брег (свртена кон копното Кина). Бројот на кинески доселеници се зголемил за време на династијата Сонг (960-1279) и потоа, но Ли продолжиле да се спротивставуваат со жесток отпор што наметнувало присуство на гарнизони и го ограничил периметарот окупиран од Хан. Пиратството и корупцијата на службениците предизвикувале постепен економски пад на Хајнан. Во 20 век, Хајнан бил вовлечен во граѓанска војна помеѓу Куомитанг и комунистичките сили. Во 1937 година бил окупиран од Јапонците. Тие ги експлоатирале рудните богатства. СоФормоза, островот 6 месеци е едно од последните упоришта на војниците на Куомитанг, по нивниот пораз на копното. Во март 1950 година Кинеската народна армија го зазела островот.
Во економијата на островот долго време доминирало земјоделството (ориз, каучук и други тропски производи), како и риболов и аквакултура. Секундарниот и терциерниот сектор се развиле неодамна благодарение на стимулациите, особено преку создавање на специјална економска зона, што овозможува островот да има корист од даночни олеснувања што овозможуваат привлекување странски инвестиции. Хајнан, кој има пријатна клима, е популарна туристичка дестинација, често е нарекуван „КинескиХаваи“.
Хајнан, сместен недалеку одВиетнам, е важна воено место кое се одликува со присуство на бази за балистички ракети и главно пристаниште за кинеските подморници. На островот се наоѓа главната кинеска јадрена подморничка база, како и лансирната база Венчанг, инаугурирана во 2014 година и која се очекува да игра централна улога во кинеската вселенска програма.
На 1 јуни 2020 година, кинеската влада објавила голем план за трансформирање на целата островска провинција во пристаниште за слободна трговија, со цел да се направи најголемата специјална економска зона во Кина[5][6] На островот се ноаѓа и прва кинеска блокверижна тест зона, која официјално била лансирана во 2019 година[7].
Се очекува Хајнан да биде затворен за луѓето од копното во 2025 година. Ова значи дека жителите на копното ќе мора да влегуваат во Хајнан со лична карта. Островот Хајнан ќе спроведе поинаков правен систем од континентална Кина, а владата на Хајнан ќе има независна законодавна власт. Провинцијата Хаинан е овластена да учествува во меѓународна трговска арбитража и медијација во согласност со одредбите на Уставот и важечките национални закони и политики.
Треба да се напомене дека откако стоката ќе влезе во Хајнан без данок, може да се продаде на копно во Кина без данок на додадена вредност 30%. Во исто време, Хајнан им додели безвизен пристап на граѓаните на многу земји, како што се САД, Европската Унија, Канада, итн.