Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Хаити

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Хаити
République d'Haïti
Repiblik Ayiti
Знаме Грб
Гесло: ,,L'Union Fait La Force"  (француски)

,,Сила преку единство"
Химна: ,,La Dessalinienne
Местоположба на Хаити
Главен градПорт о Пренс
18°32′N72°20′W /18.533°N 72.333°W /18.533; -72.333
Најголем градглавниот град
Службен јазикхаитски креолски,француски
Народности 95.0% црнци, 5%мулати и бели[1]
ДемонимХаиќани

(Хаиќанец/Хаиќанка)

УредувањеПарламентарна републикаПод Анархија
  Претседателнема
  Премиернема
Создавање
  какоСан Демоник1697 
  Независност од Франција
1 јануари 1804 
  Анархија од7 Јули 2021 
Површина
  Вкупна 27,751 км2 (140-та)
  Вода (%)0.7
Население
  проценка за 2024 г. 12,876,000 
  Густина361.5 жит/км2 
БДП (ПКМ)проценка за 2024 г.
  Вкупен $21.4 милијарди 
  По жител $1,667 
БДП (номинален)проценка за 2024 г.
  Вкупно $12.2 Милијарди 
  По жител $923 
Џиниев коеф. (2012)41.1[2]
среден
ИЧР (2024) 0.496[3]
низок
Валутагурди (HTG)
Часовен појас(UTC-5)
Се вози надесно
НДД.ht
Повик. бр.509

Хаити илиАити (француски:Haïti,хаитски креолски:Ayiti), официјалноРепублика Хаити (République d'Haïti,Repiblik Ayiti) — независна држава наКарпските Острови. Заедно соДоминиканската Република, Хаити го зазема островотХиспаниола, односно Хаити го зазема западниот, додека Доминиканската Република источниот. Имети „Аити“ илиземја на високи планини била земја на староседелскиот народТаинци и тоа име потекнува од нив, термин кој го користеле за западниот дел на островот. Највисока точка на островот еПик ла Сел со 2680 метри надморска височина. Вкупната површина на Хаити е 27.750 км2 со главен градПорт о Пренс.

Историјата, географската положба и етнолингвистичката местоположба на Хаити е уникатна за неколку работи. Хаити е првата независна држава воЛатинска Америка, прва независна пост-колонијална држава во мнозинско црно население во светот и единствена држава која својата независност ја стекнала преку успешна буна наробови. Иако има многу добри односи со останатите шпанско-говорни држави, Хаити е единствената независна држава воКарипското Море каде се зборувафранцускиот и една од двете држави воАмерика каде францускиот е службен јазик, покрајКанада.

Географија и клима

[уреди |уреди извор]
Карта на Аити.
Главна статија:Географија на Хаити

Аити се наоѓа воСредна Америка, на источниот дел од островотХиспаниола. Хаити е трета најголема држаба воКарипското Море, веднаш задКуба иДоминиканска Република. Исто така, Хаити го има вториот најдолг брег во Карибите, веднаш зад Куба. Западно од Хаити се наоѓа Куба, додека на исток граничи со Доминиканска Република.

Вкупната површина на Хаити е 27,751 км2, нешто малку поголема одМакедонија. Вкупното население на Хаити изнесува 9.035.536 жители и главен град еПорт о Пренс.

Политички систем

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Политики на Хаити

Хаити еполупретседателска република со повеќепартиски систем. На чело на државата се наоѓапретседателот кој е избран на претседателски избори.Премиерот на Хаити е шеф на владата и е назначен од претседателот. Извршната власт е во рацете на претседателот и премиерот т.е. владата. Законодавната власт во Хаити е во рацете на владата и дводомниотпарламент на Аити.

Стопанство

[уреди |уреди извор]
Хаитска населба.
Главна статија:Економија на Хаити

Според сите економски мерења, Хаити е најсиромашната држава воАмерика. Номиналниот БНП во2007 бил 7.018 милијарди долари со БНП по глава на жител од 790 долари.

Хаити е и една од најсиромашните држави и најслабо развиени во светот. Според сите статистики, Хаити е зад останати слабо развиени држави уште од 1980-те години. СпоредИндексот на човековиот развој, Хаити е 149 држава од вкупно 182. Околу 80% од населението живее во сиромаштија. Повеќето од Хаиќаните живеат со 2 долари на ден.

Административна поделба

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Административна поделба на Хаити

Хаити е поделен на департмани. Во државата има 10 департмани. Подолу следува список на департманите со главните градови.

Департмани на Хаити.
  1. Артибонит (Гонаив)
  2. Централен (Инше)
  3. Гранданс (Жереми)
  4. Нип (Мирагоан)
  5. Северен (Кап Аитјен)
  6. Североисточен (Форт Либерте)
  7. Северозапдаден (Порт де Пе)
  8. Западен (Порт о Пренс)
  9. Југоисточен (Жакмел)
  10. Јужен (Ле Кај)

Департманите понатаму се поделени на 41округ и 133општини кои се второстепена и третостепена административна поделба.

Население, јазик и религија

[уреди |уреди извор]
Хаитски пејач.
Катедралата во Порт о Пренс.
Главна статија:Демографија на Хаити

Население

[уреди |уреди извор]

Иако просечната густина на население на Хаити е околу 360 луѓе на километар квадратен, населението е претежно сконцентрирано во урбаните населби, крајбрежните градови и во долините. СпоредООН во2008 година, Хаити имало 9,8 милиони луѓе[4] каде половина од населението се под 20 години.[5] Првиот формален попис во државата се одржал во1950 година кога населението броело 3,1 милиони жители.[6] Хаити има наголем природен пораст возападната полутопка.[7]

90–95% одХаиќаните сè доафриканско потекло, додека останатите 5 - 10 % се мешани. Мал процент на бели луѓе се со, претежно, арапско[8] германско, француско, полско, шпанско и еврејско потекло.[9][10]

Еден од двата службени јазици ефранцускиот, кој воедно е и прв јазик кој се зборува, пишува и се користи во администрацијата. Овој јазик се зборува од сите образовани Хаиќани и се користи во бизнис секторот. Вториот службен јазик ехаитскиот креолски јазик кој е скоро стандардизиран[11]. Овој јазик се зборува од сите луѓе во Хаити и е креолски јазик заснован на францускиот со африканско влијание. Овој креолски јазик е сличен солуизијанскиот крелски јазик. Исто така се зборува ишпанскиот јазик, иако не е службен.

Хаити е христијанска земја, каде католицизмот е застапен со околу 80%.Протестантите сочинуваат околу 16% од населението.Хаитски вуду е уникатна религија за земјата која се практикува од голем дел од населението, но не се познати точни бројки.

  • Христијани - 8,681,310
  • Без Религија - 1,058,940
  • Народна Религија - 219,780
  • Други - 29,970
Верници во Хаити
Христијани
 
86,90 %
Без Религија
 
10,60 %
Народна Религија
 
2,20 %
Други
 
0,30 %

Култура

[уреди |уреди извор]
Хаитски тап тап автобус.
Главна статија:Култура во Хаити

Хаити има долга историја и како резултат на тоа има богата култура. Хаитската култура е мешавина на елементи од француската, африканската,таинската и делови од шпанската култура. Во општествениот живот на Хаити најдоминанти се европската и африканската култура. Во светот хаитската култура е позната по уметноста и специфичниот сил на сликање и скулптура.

Музиката во Хаити е под силно влијание на европската, но и од африканската традиционална музика. За време на колонизацијата, француските музички елементи биле доминантни, но се забележува и влијание од шпанската поради близината на околните шпански говорни држави.

Хаити како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди |уреди извор]
  • „Хаити“ (Haiti) — песна на групатаArcade Fire од 2004 година.[12]
  • „Хаити“ (Haiti) — песна на британската музичка групаКабаре Волтер (Cabaret Voltaire) од 1983 година.[13]

Поврзано

[уреди |уреди извор]

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Повеќе заХаити на збратимените проекти на Википедија
Дефиниции и преводи на Викиречник ?
Податотеки на Ризницата ?
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ?
Новинарски известувања на Викивести ?
Мисли на Викицитат ?
Изворни текстови на Викиизвор ?
Прирачници на Викикниги ?
 ?Информации за патување во Википатување ? ?
Земјотресот во Хаити
Влада
Историја
Кино
Општо
Новинарство

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „CIA – The World Factbook – Haiti“. US Central Intelligence Agency. Архивирано одизворникот на 2016-01-31. Посетено на2010-01-13.
  2. „Gini Index“. The World Bank. Посетено на21 November 2015.
  3. „2014 Human Development Report Summary“(PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. "Country profile: Haiti". BBC News. 10 ноември 2008.
  5. "New Haiti Census Shows Drastic Lack of Jobs, Education, Maternal Health ServicesАрхивирано на 14 мај 2013 г.".United Nations Population Fund (UNFPA).
  6. "Haiti - Population".Library of Congress Country Studies.
  7. "Reaching Out to a Devastated Haiti". The New York Times. 14 јануари 2010.
  8. "The Upper Class".Library of Congress Country Studies.
  9. Joshua Project.„Aimaq, Firozkohi of Afghanistan Ethnic People Profile“. Joshua Project. Посетено на2010-01-14.
  10. „The Virtual Jewish History Tour: Haiti“. Jewishvirtuallibrary.org. Посетено на2010-01-14.
  11. „creolenationallanguageofhaiti“. Indiana.edu. Архивирано одизворникот на 2015-07-13. Посетено на2010-01-14.
  12. YouTube, The Arcade Fire - Haiti (Lyrics On Screen) (пристапено на 21.12.2016)
  13. Discogs, Cabaret Voltaire – The Crackdown (пристапено на 17.4.2022)
Држави и територии воАмерика
Независни држави
Америка
Зависни и
други територии
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Хаити&oldid=5407011
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp