Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Франш Конте

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франш Конте
Franche-Comté
Знаме на Франш Конте
Знаме
Грб на Франш Конте
Грб
Земја Франција
ПрефектураБезансон
Департмани
Управа
  ПретседателМари-Маргерит Дифе(СП)
Површина
  Вкупна16.202 км2 (6,256 ми2)
Население(2016)
  Вкупно1,180,397
  Густина0/км2 (0,00.019/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
  Лето(ЛСВ)CEST (UTC+2)
ISO 3166FR-I
БДП (2012)[1]XX во земјата
Вкупно&1000000000000028600000028,6млј 
По жител&1000000000000002448199924,482 
NUTSFR43
Мреж. местоfranche-comte.fr

Франш Конте (француски:Franche-Comté;франкоконтски:Fraintche-Comtè;франкопровансалски:Franche-Comtât) — област иисториска покраина во источнаФранција. Од 1956 до 2015 г. билуправен регион, пред да биде ставен во состав на поголемиот нов регионБургундија-Франш Конте. Во 2016 г. областа имала 1.180.397 жители.

Позначајни градови сеБезансон,Белфор, иМонбелјар. Други значајни градови сеДол (престолнина пред областа да биде освоен од страна наЛуј XIV во доцниот 17 век),Везул (главен град на Горна Сона),Арбоа ("винската престолнина" на Јура), иЛон-ле-Соние (главен град на Јура).

Историја

[уреди |уреди извор]

Областа бележи човечко присуство уште во времето наПалеолитот и бил населен од страна наГалите. Во 5 век бил дел од териториите наАлеманите а потоа и дел одКралството Бургундија од 457 до 534. Билхристијанизиран под влијание наСвети Колумбан, кој тука основал неколкуманастири. Во 534, станал дел одфранското кралство. Во 561 бил дел од меровиншкото кралство Бургундија, под власта наГунтрам, третиот син наХлодовик I. Во 613,Хлотар II го обединил франското кралство под своја власт а областа останал дел наКралството Бургундија за време на Меровинзите и Каролинзите. областа потпаднала под власт наСветото Римско Царство во 1034 и тој дефинитивно се отцепил од војводството Бургундија сè дури повторно не станал дел од Франција во 1477. Таа година воБитката кај Нансси во текот наБургундските војни, бил убиен во битка последниот војводаКарло Ќелавиот. Областа преминала под власт наАвстрија во 1481 и Шпанија во 1556. Франција го повратила оваа област во 1668 но го вратила содоговорот од Екс-ла-Шапел. Тој по вторпат бил освоен во 1674, и конечно бил отстапен на Франција во 1678. Енклави какоМонбелијар останале надвор од француска контрола.Од 1851 до 1946 населението се намалило за една петтина поради миграцијата село-град (најмногу во Горна Сона и Јура).

Управа и политика

[уреди |уреди извор]
Администрација на Франш Конте

Управниот регион Франш Конте бил поделен на четири департмани, од кои највеќе жители ималДу, а додека најгусто населен бил департманотТериторија Белфор.

ДепартманБр.НаселениеГустина
(ж/км2)
Главен град
Ду25522 685100Безансон
Јура39260 74052Лон-ле-Соние
Горна Сона70238 54845Везул
Територија Белфор90141 958233Белфор

Франш Конте се состои од1.786општини.По францускиоте локални избори во 2007, двајца советници се припадници насоцијалистите а единаесет наУМП. 55% од жителите на Франш Конте на претседателските избори својот глас го дале заНикола Саркози во вториот круг напретседателските избори во 2007.

Географија

[уреди |уреди извор]
Крет Пела
ЕзеротоВуглан воЈура

Местоположба

[уреди |уреди извор]

Франш Конте се наоѓа во западно-централниот дел наЕвропа. Сместен во источниот дел на Франција се граничи соШвајцарија во близина наГерманија иИталија.

Топографија

[уреди |уреди извор]

Франш Конте е планинска област и содржи значаен дел од планинскиот масивЈура, на границата соШвајцарија.На север од областа се наоѓа планинскиот масивВогези (еден дел одАлзашки Балон се наоѓа во Франш Конте). Трите највисоки планински врвови сеКрет Пела на височина од 1495 метри (во Јура),Златниот рид на височина од 1463 m во департманот Ду иАлзашки Балон на височина од 1247 метри во територијата Белфор. Повисоките врвови на масивотЈура се наоѓаат воШвајцарија или во департманотЕн.

Хидрографија

[уреди |уреди извор]

Областа поседува речна мрежа во должина од 5350 км од кои на 4549 км можен е риболов а 320 км од реките се пловни.. Главни реки во областа сеСона,Ена,Кујзанс,Ду,Лу,Оњон,Бјен,Валуза,Сирана,Сеј,Ерисон,Савуреза,Отриш,Ален или Алан (во Франција),Лизон.Се бројат и 80 природни или вештачки езера какоРус (езеро) Рус,Шален,Верноа, езеротоЛамура (езеро),Везул-Вевр,Сен-Поан,Реморе,Нарле и познатото езероВуглан која е трета француска акумулација со своите 605 милиони кубни литри вода.

Население

[уреди |уреди извор]

Населението броело1.151.000 жители во2007. Порастот на населението изнесувал околу 0,20 % годишно меѓу1990 и1999[2].Од демографски аспект, Франш Конте е релативно густо населен иако на високите висорамнини и басени населението се раселило во градовите напуштајќи ги селата и малите градови. Од друга страна има два големи демографски басени и двата ситуирани во департманотДу. ВоБезансон и околината, живеат повеќе од220.000 жители и тој е најзначајниот град во областа. Само во градот Безансон има134.000 жители, потоа следатМонбелјар,117.000 жители иБелфор,92.400 жители.5,9 % од населението на Франш Конте се имигранти во однос на 7,4 % на национално ниво, и тоа од земји какоМароко (15,7 %),Алжир (14,1 %),Португалија (13,9 %),Италија (12 %) иТурција (10,6 %).

Поважни градови

[уреди |уреди извор]
Безансон
Белфор

Сите податоци се преземени од INSEE за 2008.

VilleДепартманНаселениеГрадска површина
БезансонДу117 599236 968
БелфорТериторија Белфор50 346107 876
МонбелјарДу26 207180 622
ДолЈура25 38441 535
ПонтарлиеДу18 63931 258
Лон-ле-СониеЈура18 12257 007
ВезулГорна Сона16 27146 511
ОденкурДу14 534Монбелјар
Сен-КлодЈура11 52313 227
ВалентињеДу11 509Монбелјар
ЕрикурГорна Сона10 547Монбелјар
ЛирГорна Сона8 26412 840
ШампањолЈура8 098
Ликсеј-ле-БенГорна Сона7 48215 594
МортоДу6 499
ГреГорна Сона6 08818 313
БетонкурДу6 057Монбелјар
ДелТериторија Белфор6 000
СелонкурДу5 913Монбелјар
МорезЈура5 508
Бом-ле-ДамДу5 317
ВалдоаТериторија Белфор5 044Белфор
БокурТериторија Белфор5 008Монбелјар
Монбелјар
Дол

Стопанство

[уреди |уреди извор]
Музеј на Пежо воСошо

Земјоделското производство се потпира на одгледување говеда (Монбелјар) и производство на сирење. Значајно е и одгледувањето на житните култури (144 380 ha) и маслодајните култури (38 450 ha)[3]. Областа поседува и винови насади во областа Јура и и се произведува вино од пет различни сорти. Значајно е и шумартството со самиот факт дека шумите опфаќаат 42% од вкупната територија на областа.Франш Конте, пропорционално со неговата популација е првиот индустриска област во Франција, 6 од 10 вработувања се во стопанските гранки а нивото на невработеност изнесува околу 8,5 %. Бруто-домашниот производ,БДП по жител во2002 изнесувал 21897 €. Тој воедно е и област со најразвиен извоз во Франција. Во2003, БДП се искачил на 25,6 милијарди евра[4] или 1,6% од националниот БДП.Монбелјар-Белфор е економско средиште на областа, особено посветен на автомобилската индустрија и наTGV. ИндустрискиотПежо – Цитроен Сошо е прв во Франција со13.841 вработени во септември2006 а воедно и најголемиот работодавач во областа.Пежо и неговите филијали заземаат 10 % од производството наФранција.

Зимски центарМетабиеф

Во тек на зимската сезона, туризмот е сконцентриран на планинските масиви (главно во туристичките центриРус иМетабиеф). Центрите не се адаптирани заалпско скијање но сепак, рекреативното се практикува на повеќе места. Во летниот период Франш Конте им нуди на туристите активности каковелосипедизам околу Алзашкиот Балон, риболов на брегот на реките и езерата, како иречен туризам во долината на Сона.

  • Езерото Вуглан.
    Езерото Вуглан.
  • Водопадите на Ерисон
    Водопадите на Ерисон
  • Бом-ле-Месје
    Бом-ле-Месје
  • Пештерата Пудре, најширока во Франција.
    Пештерата Пудре, најширока во Франција.

Жителите на Франш Конте освен на службен француски јазик зборуваат и на други два јазика:

  • Франко-конски јазик, на север
  • Франкопровансалски, на југ

Франко-контски јазик

[уреди |уреди извор]

Франко-контскиот јазик[5] е дијалект кој припаѓа на јазиците оил и се зборува во Франш Конте. Се користи воЈура воШвајцарија. Франко-контскиот јазик е дел од групата јазици во кои спаѓаат ипикардскиот,валонскиот како илоренскиот. Овие јазици имаат заеднички одлики а воедно и германско влијание. Јазикот се зборува воГорна Сона,Територија Белфор,Ду, во дел на источнаЈура, како и во кантонот Јура во Швајцарија и во еден мал дел на департманотГорна Рајна во Алзас.

Франкопровансалски јазик

[уреди |уреди извор]

Јужниот дел на Франш Конте (јужно во департманите Јура и Ду) зборува на « франкопровансалски јазик »[6].Франкопровансалскиот е еден од трите големи романски јазици, заедно соокситанскиот (јазик ок) и групатаоил. Овој јазик поседува бројни локални варијанти и се дели на бројни дијалекти. Постои дијалектална варијанта која се зборува на југот на Франш Конте нареченајурски јазик.

Културно наследство

[уреди |уреди извор]

Областа благодарение на бурното минато бележи големо културно наследство а воедно се одликува со зачувани питорескни села. Едни од позначајните споменици на културата се:

  • Тврдина во Безансон - цитаделата е најпосетуваното место во областа
    Тврдина во Безансон - цитаделата е најпосетуваното место во областа
  • Селото Лод, кое се смета за едно од поубавите во Франција
    СелотоЛод, кое се смета за едно од поубавите во Франција
  • лавот од Белфор
    лавот од Белфор
  • Кралските солани во Арк и Сенан
    Кралските солани во Арк и Сенан
  • Замокот Орикур од 12 век, најдобро зачуван замок во областа.
    Замокот Орикур од 12 век, најдобро зачуван замок во областа.
  • Виадукти во Морез

Познати личности

[уреди |уреди извор]
Луј Пастер е роден во 1822 воДол (Слика наАлберт Еделфелт)

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. INSEE.„Produits intérieurs bruts régionaux et valeurs ajoutées régionales de 1990 à 2012“. Посетено на4 March 2014.
  2. Variation de population en Franche-comté Insee; 2003
  3. DRAAF Besançon, Service régional de l'information statistique et économique,Mémento de la statistique agricole édtion 2010, p. 14
  4. Le PIB Franc-comtois en 2003 Insee, 2006
  5. Le franc-comtois[мртва врска]
  6. Le francoprovençal[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Франш_Конте&oldid=5493700
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2026 Movatter.jp